Не ми се допаѓа ни фустан ни шминка. Очигледно сакале да постигнат природен изглед, ама можеле подочњациве малце да и ги сокријат. Фустанов како завеса обвиткан околу неа, ништо посебно. Барем како каиш да и ставеле од циркончиња помали или бисери што и да е ќе сменело ептен. Премногу е бела.. Многу наивни покрети прави, кузне колку ја пееле пред церемонијава. Очекувам да заврши цела оваа бука и да си се врати по старо со кршење на правила. Бекам и Викторија се одлични! Кејт не ја видов, Шарлот е многу слатка. Клуни како дедо е, многу е запуштен со брадата.
Мене Филипчо закон ми беше, машала, 97 години. Пред месец и пол колк му мењаа, како се растрча денес низ црквата, алал нека му е - побрз од мене е сигурно. Иначе, штета што го нема многу во јавност, т.е. не му даваат објави често, човекот цело време кажува некој гаф, мислам дека малце се подјебава со сите и ужива во тоа. Алал вера. И да, точно е тоа дека кралицата намерно носи дреч бои. И репортерите денес тоа кажаа, а нешто имам читано дека дреч боите се поврзани и со безбедноста. (во случај на не дај Боже, да може да ја лоцираат веднаш) Арна беше бе Меган, мене ме бендиса фустанот. Навистина можеле малку повеќе околу шминката и фризурата да се потрудат - едно црвено карминче да шлапнела, одма ќе направеше разлика. Мислам, а скинати фармерки, а црвен кармин, тука некаде е. Шарлота ми е многу смешна, едно-две, само мафташе. А малово Џорџ е многу срамежливо, цело време се пикаше во тоа другото момче, се криеше. А и јас имав впечаток дека Хари ќе остане вечен беќар, не знаев дека мора сите членови на кралското семејство да се венчаат. Едит - Малиов Џорџ многу ме потсеќа на кралот што тепкаше, на таткото на Елизабет. Такво држење, срамежлив... ќе видиме баш дали ќе биде крал некој ден или пак ќе има кралица.
Mislam deka neposrednosta i vidliviot sarm na Megan ke gi okupira britancive i ke stane nivna omilena princeza,mnogu se slicni so neposrednosta i toplinata so Diana. I mislam deka se navistina vljubeni, za razlika od vozdrzanite Kejt i Viliam. Mene fustanot mi se dopadna, elegantna.
Кејт принцезата ми е многу фригидна некако така ми излгеда, а новата Меган е вистинска принцеза што доликува на 21 век, извира од позитивна енергија на сликите а и без шминка е многу убава.
Многу убава Лејди Кити, потсеќа на Дијана ама многу понежна и поубава. Нешто како Грејс Кели, таков впечаток ми остава.
Мене фустанот многу ми се допаѓа. Едноставен и елегантен За фризурата можеле повеќе да се потрудат, многу подобро ќе беше со пуштена коса. Додека за шминката, мене ми е океј, мислам кралско семејство се, кралска свадба, не доликува да се кинџурат како американци на црвен тепих. @Doozy спомна за црвен крамин, имаат правило во кралското семејство дамите не смеат да носат нападни бои на кармин и шминка. Ако не се лашам принцезата Дијана се има избацено со црвен кармин, ама секако таа била Дијана, за неа немало правила Лејди Кити блеска Дечињата, човек да ги
По ова се гледа дека се навистина многу заљубени https://www.instagram.com/p/Bi9XOY4j6Bq/?hl=en&taken-by=instylemagazine
Знам, знам, затоа и реков - ако може да носи скинати фармерки, можела и сега дреч кармин. Шо, да не ќе ја вратат? Нема више, земена е.
И јас помислив дека е бела...Ама била крем.А и со оглед на тоа дека невестата според правилата треба да биде во беспрекорно бела боја,крем-белата креација на Кејт воопшто не смета.Иако ако беше кај нас,сигурно сите ќе прокоментираа дека изгледа како невеста Во секој случај многу ми допаѓаше Кејт.Навистина светска дама.А и принцезата Шарлот и принцот Џорџ вистински слаткиши. Свадба од бајките,заборавив да додам.
Побело од фустанот на Маркл ако има. Те саде бел материјал умотан околу неа е. Инаку, Кејт го носела овој фустан по трет пат. Еднаш на крштевката на Шарлот и не се сеќавам кога уште еднаш. Скромно, скромно..