Де ма па ти, те она го зеде идниот крал. И Меган нека чофне малку од ројал колачот, шо. Да не заборавам, абе Челзи и Кресида бившите на џинџеров, нормални ли се? Па и заедно одат накај црквата и муабетат. И Камила била на венчавката на Чарлс, пааа...
И овој фустан не ми се допаѓа мене. Рамињата фетиш некој да не и се на Меган, се некои такви фустани со голо рамо. Лошо стои во тој дел, ја шири некако чудно а она не е воопшто широка во рамениците. Поубаво и стои од претходниот, ама сепак not my cup of tea.
Што ви значи тоа не се влкопува бе? Како треба да изгледа за да се вклопува, не ми е јасно? Немала ројал вајб. Бре. Супер изгледаше, а децата на Кејт и Вилијам срцки. Патем...
И втората креација на Меган-без зборови.Со оглед на тоа што не е толку формална и е фенси,сепак се задржале правилата за кралскиот протокол.А и Хари е многу згоден Целокупниот изглед на Меган,со новата венчаница и фризура,и подраматична шминка...Прекрасна е Сепак го задржале едноставниот изглед и во двете венчаници Стилот е доловен
Не знам ама фантазија ми е фустанот, таков фустан си имам во глава да носам на мојата свадба хахха Ама Меган ми е преубава и на неа и стојат вакви чисти едноставни линии, па и голи рамења.. Никако не ја замислувам во чипка затоа што би ми била too much. сѐ е до вкусот
Не мора да значи дека треба да има чипка за да изгледа убаво, напротив. Само едноставно не ми се допаѓа, повторно изгледа како замотана во парче материјал што веројатно коштало пола милион долари. Барем овој фустан го следи струкот, па малку повеќе ми се допаѓа од претходниот. Што е битно тоа, сречни да се и да немаат многу швалери и швалерки. Само по еден за онака.
Мене ми се фустаните ни ваму, ни таму, не е нешто спектакуларно, ниту пак грдо, исто и со фризурите и шминката.
Коментар за невестава. Прво, со среќа нека им е. Меган ми е многу поубава од Кејт, некако ми е поприродна, поспонтана, посвоја, понасмеана и има некој шарм. Се си мислам да беше Меган македонска невеста....па ќе имаше така дебели нацртани веѓи, контурирано цело лице, ќе и тежеа трепките од вештачи трепки, па еден тон руж, молив за усни нацртан над линијата за усни, јак кармин. Немаше Британциве да ја препознаат, ќе мислеа некоја друга невеста е. За фустанот, светки, шљокици, се што има во продавница ќе се ставеше. Настрана шала, ама многу едноставна и природна. А, убава е. Нема поубаво од природно и едноставно.
Мене Меган и Кејт како појава и двете ми се допаѓаат - Кејт е нежна и елегантна, има royalist изглед и однесување на модерен начин, а Меган пак ми е природна, изгледа како освежување што му е потребно во цел тој протоколарен вајб на кралското семејство. Секако, значајно е самото по себе она дека мелеска влегува во кралската фамилија, a и говорот на свештеникот беше epic. Спојлер Како и да е, за стајлингот се согласувам дека можеле повеќе да се потрудат. Вториот фустан убаво ѝ стои и ѝ ја истакнува фигурата, ама материјалот е премногу минималистички за ваков повод. Капиве што ги носат гостинкиве ми имаат некој посебен шмек освен ова чудово на главата на Камила Амал Клуни ми е омилена од целата мода што ја видов тука, целиот изглед ѝ е goals. Кејт е прекрасна како и секогаш, а децата преслатки, посебно Шарлот е позитива со однесувањево и позите, slay А за кралицата ова ме пресмеа (не сум сигурна дали овде беше ставено или само на твитер го видов) Спојлер
Пипа бремена е? Се водат "битки" низ коментари дали била бремена или не. Многу личат со Кејт, се збунив кога ја видов во "Arizona ice tea" фустанот, си реков откачила и Кејт.