Викторија и Дејвид, Опра и Кејт најубави ми беа, секако после невестата . Посебно Дејвид, колку е секси и убав ауууу како вино е, што старее се подобар и подобар, ми останаа очите . Меган ми се допадна многу, природна, убава, едноставна, шармантна, права принцеза, преубава ми беше. И првиот и вториот фустан ми се допаднаа, не знам зошто толку критики по нет за фустаните, прекрасни се.
Бремена е. Пријанка ми се допаѓа во фустанот за вечерниот прием. На чантата замижувам Серена многу расцветана, а и во црквата беше очајна со тоа испрченото на глава. Ама затоа мажот и е маче
Прекрасни и двете се- Кога и да го видам ми е чуден Камилче го грабнала, мислиш некој ќе и го украде лепотанов
Кејт ми е многу поубава од Меган. Не очекував дека толку обичен фустан ќе носи. Кејт ми беше некако по раскошна, да се знае у каква фамилија влегува. А оваа денес... нз стајлингот ептен либерте беше.
Меган со скромен фустан, воден по изразот лес ис мор. Кејт искрено поубава невеста ми беше, ама тијарата на Меган ми беше прекрасна. Ок ми беше, ама да бидеме реални Хари да беше прв/ втор престолонаследник никогаш немаше да му биде дозволено да се ожени со неа. Пред се' заради расата, после заради разводот, професијата па богами и дури националноста можеби. Се водеа битки против Кејт за тоа дека немала плава крв, немала прапрапра дедо лорд, така да сето ова за Меган немаше шанси да помине во обратен случај. Убава беше церемонијата, ама тој попот црнецот беше како на некоја дрога , апсолутно беше сувишен тој говор на ваков настан. Многу поубава беше облеката на Вилијам на нивната свадба со Кејт, изгледаше тогаш баш како принц од Дизни филмовите - бајковито. Хари изгледа тоа што го носеше беше свечена униформа од авијацијата или пак некоја друга кралска. Најдобро на венчавката, Бекам уф, маче е значи
Нема шо да коментирам пошо не ни гледав. Кој булшит .. не ми се верува дека лугето гледаат венчавање... ама неее кралеви се овие, голем к** . Ваљда и сопственото ќе го анализирате исто вака .. hopefully Negative vibes ? don't think so RUN
Шапките, инаку ги викаат Фасцинстор и се носат со цел да се укаже на угледот. Колку поголем и понакитен фасцинстор, толку подобар углед и впечаток.
И јас тоа ќе речев. А читајќи ги коментарите низ Инстаграм, се запрепастив - сите пишуваат како шапката на Камила била прекрасна, преубава, топ, елегантна, одлична...па ние појма сме немале од мода, очигледно.
Кога ќе се сетам на шпекулациите дека Дијана и помладиот Ал Фаед биле ликвидирани за принцовите да не добијат арапски полубраќа/сестри... Сега тоа губи смисла.
Кејт од скромна - поскромна. Многу ме интересира зошто не носи нешто ново? Не и е прв пат, ама на венчавка? Да се цитирам самата од друга тема, Фустан број 2 за нијанса подобар од првиот, ама повторно не е баш најдобар избор. Сум видела девојки кои носат таков модел на фустан и истиот им стои многу добро, ова е некако разочарувачки.