Ѕирнав сега и јас. Немаше потреба вчера да висам пред тв кога секако ќе видев кој како изгледал. Па, очекувано, би рекла. Читам различни, поделени мислења, јас се согласувам дека Кејт беше поубава како невеста, имаше поубав фустан а и посимпатична е од Меган, има убава насмевка и нежност. Според нејзината појава, на неа повеќе ѝ одговара титулата принцеза. Меган ми личи на лукава лисица.
Jas obratno mislam megju Harry I Megan se gleda vljubenost od kilometar,a Megan mi izgleda ko da neznae uste vo sto se vpustila, Kejt mi ima prefrigana faca, a osven sto go fati idniot kral, sega ovie nacini so glumenje skromnost i kade treba i kade ne treba, e nejzin proekt za pridobivanje na narodot, sega ke gi sporeduvaat i niv samite I modniot stil ,a so nejziniot babinski stil koj ja pravi edno 10 god. postara tesko ke bide omilena.
Се согласувам со Cosmi во врска со Кејт. И јас мислам дека глуми и плус многу лисичеста фаца ми има (кума лиска ). Го фати Вилијам, 3 деца роди - ги обезбеди за цел живот. Добро осмислена тактика во врска со наследувањето на тронот. Инаку Хари се гледа дека е позаљубен отколку Меган. Или можда е поемотивен од неа, па така изгледа. Ама неговото однесување од почеток на врската се до вчерашната церемонија е вуквално husband goals. Секоја чест, вистински принц.
па Дијана беше трудна мислам кога загинаа.А нели она беше званично разведена од принцот кога се случи несреќата?Или во брак беа?
Шапки, шапки, шапки За кој што е опседнат со шапки и шешири, рај за очите И онака темата се претвори во оговарање кој е заљубен,а кој не Да освежам малку Озбилно познавте која се омажила само за да се намести, а која од љубов? https://www.harpersbazaar.com/celeb...rkle-prince-harry-royal-wedding-hats/?slide=1
Полисичесто од тоа да ја имаш книгата за Дијана дома, а на интервјуто после веридбата да изјавиш дека ништо не си знаела за Хари и неговата фамилија, еве на. Којзнае колку се има врткано околу неговите кругови додека да и наместат дејт со него, ама битно ете не знаела ништо за нив пустата. Исто така, кога ја прашаа на интервјуто колку време биле во врска, демек не знае точно, па се врти накај Хари, де колку демек. Самиот момент да раскинеш брак со праќање на прстените по пошта, кажува многу за нејзинот карактер и прорачунатост. Каков и да бил бракот, така не се постапува.
Сосема очекувано е да биде Кејт проект,местена и наместена и подобна,не би дозволило кралското семејство било која да биде идна кралица. А на Кејт и лежи улогата која ја игра,ригидност на ниво,веке сега ги има прифатено сите нивни карактеристики. Инаку мене ми е очекувано Хари да си земе жена со слободен дух како неговиот и харизматична,спонтана незнам што очекуваа фановите да земе жена со 5 факултета,која во сабота ке храни пингвини на антарктик,а во недела ке описменува деца во африка? Си ожени кого он сака,зеде разведена мулаткиња,три години постара ,тоа докажува колку не е подложен на притисоците на семејството.. Наспроти ројалистите расисти,снобовите ,ројал фановите одлучи сам за себе,како што и треба,наместо да му одбраа некоја ко Кејт.Респект за него. А незнам дали ја гледавте емисијата вчера на ртл,една членка на ројалити фамилија,на официјалното запознавање со Меган носела брош со црнкиња роб.Брука се.
Прикaзните зa Пепелaшкa штo се oмaжи зa прицoт уште вкoренети се гледaм, пa сегa еднaтa е oдбрaнa oд фaмилијaтa oти пo сите стaндaрди е aмa лисицa злoбнa и префригaнa, a другaтa кутрa непoдoбнa бaш aмa имa кaрaктер и дoбрa душa и пркoси нa фригиднoстa нa Крaлствoтo. Еднaтa oти тaкa и' рекле oд дoмa, другaтa oд љубoв oмaженa. Пoштедете не' oд вaкви прикaзни.
Не се никакви пепелашка приказни,логика и историја е во прашање. Мислиш би дозволиле Меган да биде идна кралица? Никогаш. Кралицата мора да биде избрана,затоа Чарлс се повлече ,бидејки Камила не одговараше да стане идна кралица.(несакана од народот,прозвана како растурачка на бракот со Дијана) Затоа,Кејт е избрана да биде совршена жена на идниот крал,кралица. Кај нив нема случајности кога се бираат кралови и кралици,сеуште во кралските семејства се договараат тие бракови. Од друга страна факт е дека Хари си ја зеде таа што ја сака,настрана колку Меган го сака или не,тој ја зеде неа,наспроти сите,прва црна крв во семејството.
Меган кутра, жими позадинава моја плесната на кауч. Си го лапна прстенот на Лејди Д, ја боли уво сега. Тој да не случајно го врати по пошта некогаш, како па да не. Али Битно Кејт се наместила и си обезбедила иднина, демек оваа другава ќе им го чисти сребрениот есцајг, па кутричка е, ах сиромашката. Исто такво се, не туку паметувајте.
И двете се лисици, аманте Меган, чим од се' што може да облече (а увек бира и пребира и има посебен печат), избира некои такви, бледи, по ништо впечатливи креации, кои и не баш и доликуваат, а, пред тоа сите збореа како многу веројатно дека не ќе се труди да ја засени Кејт и нејзината свадба...доволно кажува. Мислам, тргнете од целата драма со церемонијата. Па и американските медиуми цела драма имаа со црнци кои известуваа од секој агол. Мислам. Лисица си е, секако. А,бе,се гледаше дека е родена за кралски живот уште во Suits со daddy нејзин и глумењето доброќа и наивка пуфла
Па и не се. Не е поентата во местење за парите,двете ке ги имаат.Туку во титулата. Едната ке биде кралица на Британија,другата нема да има титула принцеза.
Маж и ќе биде крал, таа ќе биде жена на кралот (Queen Consort). Не може да биде кралица. Голема работа, демек титулата и одма оваа се наместила, а таа не. Ама жалење и удривте на Меган, кутрата таа, лошо ќе и биде
Што дека го зела идниот Крал де, од истото купче ќе црпат. На другава ќе и се скрати ако не па. И не знам како на Вилијам му ја одбраа Кејт, кога јас колку што знам тие сами си се одбраа. Башка Хари си беше отсекогаш откачен, си имаше разни пехови тој, те со марихуани, те гол ваму, гол таму, така да, можеби не сакале да му бранат баш заради тоа. Неговиот карактер, бунтовност. И своето треба да си го погледнеш пред да го осудиш туѓото ако си паметен.
Само Меган го фатила Хари ко божем. На Кејт мајка и од мала ја подготвувала за ваква улога. Намерно ја запишала во истото училиште каде учел Вилијам. Мене и двата пара ми се допаѓаат, погодени си се едни за други. Вилијам и Кејт го имаат пософистицираниот, построг изглед што доликува на иден крал и негова сопруга. Додека Хари од секогаш бил по carefree, без гајле што мислат другите за него (нема толкав товар на рамениците дека не е високо на листата на престолонаследници). Така испадна и со неговата сопруга. Гајле му беше што викаа другите дека е црна, два пати разведена, итн., битно вчера и двајцата изгледаа заљубено и среќно. И двата фустани на Меган премногу ми се допаднаа. Од нежната шминка, круната, букетот, до фустанот...прекрасно. И вториот, едноставна елеганција. Преубаво и стоеше. И Кејт изгледаше убаво, исто како и на свадбата на сестра и, ми се допадна што не се обиде да ја засени невестата. Џорџ и Шарлот особено, бонбончиња.