После сликава со носијата, очекувам некој првокласен "жута штампа" портал да напише некое откровение околу тоа дека Хари е со Македонски корени и всушност се вика Харалампие Галички. Преј фор дис миракл.
Така се трошат непечалени пари.Па бар ефект некој да се видеше. Инаку, рекоа на преносот дека трошковите за свадбата ќе ги покрие семејството, а обезбедувањето државата. Која цифра е искеширана од народни пари. Апропо погоре сликчето од Хари во носија, ваков на некоја да и го сеевираш, нема да го поплука, не да го ожени.
Јас искрено да ви кажам не ја гледав во живо вака од слики ми се допаѓа венчаницата и целокупниот изглед и не знам зошто толку фама се дигна за тоа како изгледала. Инаку потегот со раката кога и го ставаше прстенот и значеше нешто како во стил "Сега сум сигурна". А на кралицата па нејзе никој не и се допаѓа...
И Хурем Султан никој не ја сакал во Османлиската империја,ама дочека да биде првата жена во историјата која ја венчал некој Султан Во врска со кралсково семејство,не им сум некој фан,не сум ни во тек кој што прави,само знам дека никој не е наивен како што се прави А,да,исто мислам дека луѓето се многу опседнати со нив
Мене ептен ми се свиѓаше какви беа и зетов и невестава, скромна и убава свадба. Невестево или е многу добра глумица или знае ептен да ја контролира тремата. Ама Хари... ептен ја сака типов, се гледа, како ли го маѓепсала? Оти баш и не ми личеше на некој што така лесно ќе се врзе. Фустани, фризура, шминка - Меган ми беше супер, јас преферирам таков изглед наместо раскошни фустани и шминка до непрепознатливост. Е сега, тоа што во ројал фемили е недопустливо да влезе жена каква што е Меган - прво мулаткиња, второ разведена, трето постара од него, четврто Американка... мислам дека се обидуваат да се доближат до народот, а можеби и нема врска. Ама имам впечаток дека народот повеќе (ќе) ја сака Меган од Ката. Година губела само за да се запише во исто школо и иста генерација со Вил, не знам колку сами си се одбрале башка, многу нервозна беше Ката на свадбава, се прашувам зошто... ама дека неодамна се породи, простено и е. Иначе, lady Кити Спенсер ми беше врв од гостите. Алал на стајлингот!
https://hitportal.com.mk/lugeto-koi...le-da-mijat-ratse-sekoi-30-minuti-eve-zoshto/ http://www.femina.mk/новости/занимл...бени-фотографии-на-принцот-хари-и-меган-маркл