Ina Mnogufina пред 14 часа · Хари и Меган ќе бидат комшии со Бекам...шознам Хари колку и да си принц јас не би ти препорачала на жена ти Бекам да и го зденеш за комшија ама ти си знаеш...
Темава не е активна долго време, не знам колку ги пратите последните новости но Меган и Хари се преселуваат во нова палата наводно поради несогласувањата помеѓу јатрвите Меган и Кејт. Исто така прочитав на еден британски портал дека Меган наводно не сакала децата да и растат во такво опкружување со толку строги правила и дека доколку растат заедно со децата на Кејт и Вилијам тие ќе се чувствуваат супериорно над нив. Имаше уште нешто како Хари изјавил дека ги исполнува сите желби на неговата сопруга, тоа започнало уште за време на венчавката кога Хари ја наговорил кралицата да и дозволи на Меган да носи тиара која таја ќе ја избере, што било против правилата, па тиарата што всушност Меган ја носеше на свадбата не била по волја на кралицата но Хари рекол демек "What Meghan wants Meghan gets" Па сега успеа да го наговори да се преселат во поголема палата со многу повеќе соби бидејќи моментално живееле во некој си мал апартман во склоп на Кенсингтон. Мислам се гледа дека Хари и јади од рака. Некако се околу неа ми е премногу вештачко, изгледа како глума. Нивната приказна ми делува како оние тинејџ Дизни филмовите кои ги гледавме како мали кога обична некоја си девојка преку ноќ станува принцеза, па се бламира таму, кој би рекол, малку е комично
А зошто да живеат со свекрва и јатрва? И јас би постапила така, бидејќи нејзините деца не се престолонаследници и ќе бидат секогаш од втор ред. Тоа е маж, а не мамичка како ќе каже...
Иииии.... драмата продолжува Наводно принцовите Хари и Вилијам се искарале ради Меган Иначе мене Хари и Меган некако многу ме потсеќаат на Хенри VIII и Ана Болејн Ај прво што се венчаа на датумот кога Ана била обезглавена малку језиво, па и физички имаат доста сличности. Хари (кој btw се вика Хенри) е како реинкарниран Хенри во изгледот а богами и во поглед на љубовниот живот. Меган исто така има физички сличности со Ана иако Ана не била мулаткиња познато е дека имала темен тен што било невообичаено за тоа време за една дворска дама, била слаба и висока со крупни темни очи.. Меган беше претходно мажена, а Ана исто така била претходно верена Хенри се раскара со пола кралство за да се ожени со Ана, и овој принцов исто.. Интересно ми е како многу работи се совпаѓаат, Хенри и Ана од 21 век со happy ending
Меган и Хари се селат во Америка, а? Баш ме интересира како ќе се одвива ова до крај, ќе има драми изгледа изгледа. Ма да не верувам во случајности.
Таму живееше со првиот маж Меган, а и после разводот. Мислам дека исправна одлука донеле, сакаат да бидат финансиски независни, исклучени од кралските должности и под помал притисок од медиумите. Само ова последново ќе видиме колку ќе им успее.
Знам дека со бившиот живеше во Канада, али во наслов пишаше Америка, па мислев дека таму ќе одат. Ме нема на инстаграм, не сум ни барала за да ја прочитам оригиналната објава. Од тоа што го слушнав на вести, не се откажале скроз од должностите. Сепак, мислам дека има некаква друга причина заради Мегзитов. Ако се само тие од горе, барем некаков повод мора да има, логично е нешто да се случило во позадина. Во прашање е традиција стара векови наназад. Со лесно нека им е, во секој случај. Ќе видиме што ќе излезе на крај и дали ќе успеат да се изборат.
Од должностите можеби само останува онаа да се активни со хуманитарна работа, сепак Хари мислам дека би продолжил со тоа во чест на својата мајка. И таа и по разводот и губењето на титулата си остана со работа и активизам во хуманитарни организации. Јас пак мислам дека ова се очекуваше од страна на Хари и кога тогаш со која и да засноваше семество ќе се повлечеше настрана. Со оглед што од мали нозе е воспитуван да биде попалав и поопуштен од страна на Дијана и со оглед што дадилките не го чувале и воспитувале со толку внимание како брат му тој е послободен во своето однесување и животен стил, што и повеќе пати му се покажа како грешка( моментот кога се маскираше во нацистички војник иако пред се сакал да облече одело на руски војник, ама немало такво, а и сликите од лудите ноќни забави).
Кејт ми личе на машина за раѓање наследници на Елизабета, ниту мала емоција спрема Вилијам во јавност, баба ми и дедо ми на 80 години повеке си покажуваат емоции од овие.
Не смеат да покажуваат емоции во јавност тоа им е дел од правилата на однесување дека се идни крал и кралица. Мораат да бидат воздржани во јавност. Инаку баш Елизабета го натера внук и да се смире со Кејт кога раскинаа т.е. да размисли подобро да ја побара пак кога тој се колебал дали таа е вистинската за негова сопруга.
Напротив има фотографии каде што се "фатени" тие моменти на нежност и љубов, ретки се да, но како што напиша и членката погоре според протоколот не смеат да покажуваат емоции во јавност.
Commonwealth Day-Difference is always challenging but it can be great Бетка си ги проверува и ги стрела со поглед поданиците 1:39-1:43 Според мене многу ладен дочек и поздрав на браќата, а за жените no comment Сепак Хари навистина остана доследен на мајка му, не за џабе го викала мојот мал црвенокос Спенсер Друго за восхит е како се носат со целиот негативен публицитет Меган и Хари на ова последно официјално појавување пред да заминат во нов живот и се надевам многу подобар од овој изложен пред очите на целата јавност и бурните подбуцнувања на медиумите. Но најмногу од се се надевам дека ќе ги поправат братските односи ако им се навистина подоладени како што се гледа на видеово доколку се' не е фарса за јавноста. Крв не е вода и не би требало за ништо на светот да си ги заладуваат односите помеѓу себе. Сепак Хари ја има слободата на избор додека Вил цврсто го држи монархиската машинерија во шака. Можеби најдобро ќе беше да се реализираа желбите и заложбите на Дијана и оваа монархија да мрдне од мртва точка и се реформира во согласност со трендовите на 21век. Според мене би било најдобро да им се намали моќта и финансиската експлоатација на данокот на населението насекаде каде што владее Her Majesty The Queen. И така во денешно време нема потреба од нивно мешање во се формално, подобро е да си постојат само фигуративно.