Endeavour Fund Awards е свеченост во чест на ветерани и воени лица кои постигнале огромен напредок во заздравувањето од повреда и зеле учество во спортски или авантуристички активности. Спојлер Меган и Хари прв пат присуствувале во 2018 И сега во 2020 Ова им е една од последните официјални должности пред да заминат за Канада на 31 март и да започнат финансиски независен живот од британската монархија.
Точно е дека не смеат во јавност да покажуваат емоции, имаше документарец каде браќата кажуваат дека дури на погребот на својата мајка не смееле да плачат
Знаев дека ќе дојде до ова. Убаво пишав дека Елизабета не ја сака Меган. Се гледа дека го команда Хари.
Не смееле да покажат никаква емоција, никаква реакција и Вилјам се придржуваше до крај кон тоа, ама Хари и остави писменце на кое пишуваше Mummy. Хари е посободен и не е толку строго воспитуван за разлика од Вилјам во текот на неговото детство и поради тоа е и понезависен во оставрување на своите желби да се тргне од монархијава кога ќе си создаде своја фамилија, а и делумно да ги следи желбите на мајка му. И Дијана јавно објави дека ќе пристапува кон помалку експонирање во медиуми и кон живот со поголема приватност, така и тој со сличен говор истапи дека се повлекува. Инаку дека Меган го команда не би се согласила. Не е ни прва заради која некој монарх напуштил функција ( вујко и на Елизабета абдицираше заради американката Волис за потсетување) и нема да е ни последна. Строгите правила и начела на монархијата и така се оддамна overrated. Во минатото во време на редовни војни и прекројување граници на територии можеби и имало потреба од монархиски владетели, ама денес во ова време нив им е неопходна возобнова и отпуштање на уздите врз наследниците. Така да Хари е пример за одговорен и зрел член на монархијата и општеството, а не дел од старата гарда научена да зема пари од даноците, а да не прави ништо конкретно да ја заслужи довербата и финансирањето на народот. Хари одговорно размислува и на тема светска пренаселеност и затоа имаат со Меган план за својата семејна репродукција кој би опфаќал максимум две деца. Редовно донира за развој на образованието и здравството во земјите во Африка, ги продолжува добротворните активности што ги има започнато мајка му. И следен чекор во новиот живот кој го започнува заедно со Меган надвор од останатите им е да вложуваат во подобрување на животната околина и менталното здравје на светската популација од финансиските фондови кои ги има наследено, но и од заработката кои би ја остварувале во иднина двајцата заедно. Пред да судиме за членовиве треба увид во нивните активности и по можност информирање од авторите на нивните биографии. Од рекла казала муабети нема корист кој кого го команда и кој на кого што му мисли. Ама па и тоа е човечки и тие муабети, така да, нека се пишува нешто
Малку и историски ако се вратиме наназад, кралските семејства денес не ја имаат таа моќ врз државата како што ја имале во минатото, британското кралско семејство за време на првата светска војна доколку не ја предадеше власта, ќе му се случеше истото што му се случи на првиот братучед рускиот цар Николај- својот народ го егзитира. Британското кралското семејство секогаш било мета на медиуми, со многу скандали, интриги, па и убиства. Хари секогаш имал поопуштен животен стил, журки, маскембали, одмори, па и дрога, алкохол, можеби затоа што никогаш/многу мала е веројатноста да го наследи тронот, за разлика од неговиот брат, затоа и помал е притисокот. Имаше шпекулации дека наводно Хари со Меган ради преголемата медиумска експонираност, исто и ради независноста која сакаа да ја имаат затоа и се преселија во Канада, како земја која се смета со најмала стапка на криминал, но сметам дека никогаш нема да побегнат од тие папраци и од очите на медиумите, дури сега се уште поголема мета од било кога. Според мене, вртење на грб на кралско семејство води кон пропаст, тоа се има покажано и во минатото, затоа што тие не избрале да имаат должност и кралска функција, туку животот нив ги избрал.
И поарно што заврши времето на кралства и монархии каде што 1 одлучува за сите. Додуша и денес не е многу поразлично ама бар има некоја демократија. А за она делот вртење грб на фамилијата сметам дека секој треба да има право на избор дали сака да остане дел од истата и да се води по тие вековни правила ило да избере да биде обичен нормален човек. Сепак сме 21 век и правото на избор е едно од основните начела а не уште пред да се родиш да ти скројат што да бидеш цел живот.
Точно, секој има право да бира, не посебно дека сме 21век, и предходно се одделувале од кралските семејства, обична раја не има милијарди, а членови на кралска фамилија и лоза долги години не баш секој ја има таа привилегија
Ко ќе прочитам Меган го командала Хари, кралицата го командала Хари ко први другари да сте им не се секирајте, они се едуцирани, на достап им најдобри психотерапевти во светот, не прават ништо без да го промислат 1000 пати. Потегот да се одделат е баш паметен и за почит. Ко прво зрело е да се одделиш финансиски, нема што да трошиш туѓи пари на толку години, а ко второ имаат синче кое го заштитуваат, јавниот живот доаѓа со цена, еднаш Хари зборуваше во едно интервју дека сака да се оддели бидејќи не сака негово семејство да ја доживее истата случка што ја доживеа Дијана (кога погина како резултат на папараците кои ја бркаа) ама добро, се знае дека таквото размислување е резултат на нашето овдешно затуцано воспитување тоа кога снаата и свекрвата велат едната го команда мажот, другава вели другата го команда, а мажов е ретардиран не знае што му се дешава, па нормално е дека вакви коментари ќе има на ситуацијава
https://www.facebook.com/sdmmnajbolje/photos/a.112147400157534/169408314431442/?type=3&theater e na ova si puknav od smeenje
'' глумица, итрица, fine ass chocolate mulatto pudding, '' Поттикнување на расизам ич не е смешно Значи еве го тој гнасен момент-нападот на медиумите што како матрица го следат низа амебовидни створови. Во 21 век уште шетаат челнови на Кју Клукс Клан под маски
Немаат гајле они. Дадилки колку сакаш. Се шушкаше дека и Дајана била бремена кога загина во несреќата.
Искрено, мислам дека заминаа за скандалот на Принцот Ендру со малолетничките да биде скриен со помош на бурата портали кои претпочитаат да пишуваат за Меган и за Хари наместо за реалните проблеми.
https://kurir.mk/scena/poznati/kral...Oz_PbbXLxC9oYPKQaJjztRDareINdT_srFgX4Yn1w7eLQ Тажна вест... Вилијам има редок вид на канцер во поодмината фаза...
^ На ниеден странски портал не ја прочитав оваа вест Само пишува дека имал Ковид во Април и било скриено од јавноста. 3 години ниеден доктор го нема прегледано да открие.... Не ми е веродостојна информацијава.
Се согласувам. Инаку често особено нашиве портали пишуваат работи кои потоа се испоставуваат дека се лажни, особено за кралсково семејство.
Да беше некоја стварно толку доверлива инфомрација како што тврдат нашиве,ќе се кренеше некоја поголема драма веројатно. Јас деновиве постојано висам по порталиве и ништо вакво не сретнав,општо и за балканскиве поратли зборам.Така да и ја не верувам у ова.
Мене не ми e стварно јасно како е можно да имаат толку голем животен век и кралицата Елизабета и сопругот кој има 99 години