Kate Middleton Мене ми се интересни оние мрчаторки,демек пиих,венчавката,а утре татко им да им најмни фанфари,пет попа у соборна,три принцезички у бело покрај нив и ако има врску у арм,да најми гардисти,ќе се подмочкаат од радост,па уште и камбанариите да им ѕмкаат цел ден само за нив...пиииих,брза помош ќе треба. Не дека заслужиле овие нешто посебно...ама убаво е за око,факт и доста се јаде нешто што не се јаде!Бре!
Kate Middleton Кејт денес е преубава, едноставно зрачи со среќа и ведрина. Венчаницата посебно ми се допаѓа, едноставна, нежна, бела... ма преубава. Очите не можам да ги тргнам од телевизорот. Многу ми е интересен моментот кога треба да се бакнат, еве само што се бакнаа по вторпат. Ах... ме фати некоја свадбена еуфорија.
Kate Middleton Не бев во можност да гледам на работа сум али ги видов сликите. Немам зборови, навистина е преубава Кејт а и останатите гости со својата скромност ми оставија впечаток. Значи без шљокици и јаки шминки и тие шапки преубави. Навистина е како од бајките...
Kate Middleton Епа ајде, се бакнаа! Два пати. Тралала, ѕвона ѕвонат! А мене цело време ми иде у позадина гласот на Тошка - маче, шо! Шо не ми дае да ја залапам? Сум се лапал у Манда, два пути Ај да не го расипам моментот, чича мича готова је прича, три моменти погледнав од свадбата, си искоментирав и толку. Од неутрално чуството ми отиде у позитивно, барем за неа, па не е лошо бре да си принцеза, или војводкиња или што и да е. Фино е, бајка на денешницата, макар само овака дводимензионално, иако знаеме дека бајка баш и не е - ама ај позитивно напред, да веруваме, дека е Доста ми беше на темава, да не забегам со коментари, ајде сега нешто попродуктивно
Kate Middleton Која Кате, кој Вилијам која црна свадба.... Жива вода се направив од Бекам, очите не можам да ги тргнам од сликиве Гледајте си ја вие свадбата, јас Бексиот ќе си го гледам. Е преубав е жими тренеркава ми црвена! Е!
Kate Middleton Преубава беше цермонијата преубав пар се едноставно како створени еден за друг се А за фустанот немам зборови Заклучок: Знаете што е среќа ??? Да се родиш како обичен човек и да станиш принцеза на крајот Нека им е со среќа се гледа дека се заљубени во нивните очи.
Kate Middleton Лилит, те видов, ти беше онаа со натписот Marry me Harry, нели Пуста надеж последна умира . Мене ме викнаа комшивкиве на кафе па така ѕирнав од моментот на влегување во кочијата до бакнежот на балконот и можам да кажам дека фустанот ми беше преубав Вилијам ми се виде многу огрден ( не знам дали е вака зборот ), ама се гледаше љубовта меѓу нив, и кога се бакнаа првиот пат кратко, а после му прочитав од усните кога и кажа демек another one и знаев дека пак ќе се бакнат . Викторија Бекам сега ја видов овде на сликиве што ги ставивте и можам да кажам дека никогаш не ме воодушевувала, страшна ми е на чевли од 20 центиметри и ептен е вештачка, се прашувам дали оваа жена некогаш се смее. А Бекам никогаш не ми ни бил нешто посебно убав ( Спаркс, не ме тепај ) Се` на се`, интересно, нешто речиси нереално и толку далечно од 21 век, и најголем впечаток ми остави што тие на свадбата поканиле 650 луѓе вкупно од сите што ги знаат од цел свет, а ние на некои од нашите македонски свадби каниме и по 800 луѓе
Kate Middleton Драго ми е што една просечна девојка станува принцеза, се надевам дека ќе остане приземјена и достојна на Дијана, што се однесува до изгледот мене ми е симпатична и едноставна женска. Веначвката не ја гледав, знаев дека ќе биде грандиозно и убаво, но незнам зашто толку се крева галама околу истата, ајде за Британците е тоа голем ден и настан, за останатите и не е, а сите се возбудени. Кога се венчаваат принцовите и принцезите од другите држави нема толку голема еуфорија, дури и не знаме дали и кога се венчале, впрочем повеќето и незнаат уште колку млади принцови и принцези има, ова како да е се пренапумпано. секако нека име со среќа и многу дечиња!
Kate Middleton Потполно се согласувам со сево ова горенаведено. Инаку, никогаш овие настани мене не ме трогнувале посебно затоа што сметајќи дека од 19тиот век натака, доволно било да имаш парички за да си купиш титула (така шо си можел да бидеш и најголем злосторник, битно пари да имаш), не верувам во аристократија после 18ти век...ама ај, нека им е со среќа. Што се однесува до стилот, не паѓам во несвест затоа што е копија на скоро сите аристократи, истите бои, истите шапки, а и шо ако е добар, не е таа за пофалба затоа што за него (а и за многу други работи) не одлучила таа. Да, да, џабе татко и шо беше окезен у црква ко да добил на лото, отсега неговата ќеркичка е беден извршител... Иначе венчаницата и е сон...
Kate Middleton Има посебни правила за тоа како треба да изгледа фустанот, не смее да има длабоко деколте, градите не смее да и се гледаат, и мора фустанот да има ракави, така да мислам дека Кејт (сега Кетрин) направила вистински избор. Има еден куп правила кои мора да ги почитува, нема ништо како што сака таа, на пример таа нема веднаш да стене принцеза, како што беше случајот на Дајана, оваа нема благородничко потекло, а Дајана имаше. Затоа сега Кетрин најпрво станува војвотка. Не смее да работи ништо , само за добротворни цели и во хуманитарни акции, не смее да се потпишува на ни еден документ без претходно одобрение од советот. Ни автограм не смее, ако не и дозволат, тоа се гласа. Се на се нема да има воопшто лесен живот.
Kate Middleton Реков и пак ќе речам темава не е за тука, ставете ја во Свадби, испаѓа новопеченава принцеза дека е некоја модна икона, а воопшто не е.Не ни знаела што е тоа кралско семејство и кралски престиж сосем обична девојка успеала да ги освои симпатиите на принцот. Јас колку што знам, освен во бајките секако , кралски со кралски семејства се соединуваат, односно принцезава би требало да е некоја со такво потекло или барем роднина на некој со кралско потекло, па не е само Велика Британија со кралство Просечна е не е нешто којзнае колку да речам, можел и поубава да најде, ако се сакаат среќно, ако не многу го заебала, предбрачен договор потпишале (да ти се плукнам во љубовта ако потпишуваат одма предбрачен договор) што значи не треба да паѓаме во несвест и дека ако е кралска љубов да речам не е вечна.
Kate Middleton Девојкава го живее сонот на секоја девојка, станува принцеза која покрај себе има така убав маж како Вилијам! Убаво се облекува, има стил, а мене ми е многу симпатична. Изгледа дека е добра девојка, зрачи со милина... Ја гледав малку венчавката, нормално дека беше прекрасна (а каква да биде кралска свадба). Е венчаницата не ми е по вкус. Убава беше, не велам не, и сигурно нејзе и е најубава на свет, ама јас онаква не би облекла. Мене ми се допаѓаат по раскошни венчаници, така да оваа не ме бендиса баш. Ама такви с еправилата и мора да ги почитува. Вилијам ми беше прекрасен. Тоа оделото или како се вика веќе боженствено му стоеше. А тој татко и нејзин, окезен до тука и назад! Како лотарија да добил... И btw со среќа нека им е! И нека Кејт живее многууууу подолго од Дијана..
Kate Middleton Се дига фама затоа што кралицата Елизабета е владател на една третина од светот,а овие другиве принцови и принцези си владеат само во своите држави,и веќе е најавено дека принцот Вилијам и е наследник Мене ми беше баш убава свадбата,невестата скромна,фустанот баш елегантен,принцот истотака убав,греота што е убав на мама а ќелав на тато Не ми се допадна Бекамица со онолкави штикли а бремена 6-7месец ,коментираа дека за да биде во центар на внимание облекла толку темен фустан а Дејвид
Kate Middleton Дури сега на оваа сликам го гледам фустанот убаво и целосно. До детали. Преубав е Мене за разлика од плавуша баш тоа ми се допаѓа што Кејт не е од кралско семејство. Така би било ептен наместено и вештачко. Вака барем знаеме дека тој си одбрал и дека си ја сака Можел да најде поубава, кукла некоја, ама нели цело време трубиме како убавинате надворешна не е во прв план. Имам читано дека девојкава е стварно паметна и образовна, сигурно има нешто различно во неа што му го привлекла вниманието. Немора да симната од писта со перфектна убавина за да биде достојна А за предбрачниот договор тешко дека принцот имал некаква улога и глас. Нема врска тоа со љубовта. Денес сам себе неможеш да си веруваш, незнаеш што ќе сакаш утре, а не некому друг Јас не паѓам во несвест ради љубовта. Сепак ваква церемонија не е карактеристична за 21ви век и искрено љубопитна сум што и како се дешава. Другите принцови и принцези не ми се толку интересни. Британија ми е земја која ја обожавам, целата нивна култура и начин на живот