И јас тоа дојдов да прашам. 2ч било долго слушнав. Ама спремна сум да фрлам 2ч на интервјуто, само пратете линк...
На ITV го има во моментов. Ако имате КОДИ на тв би требало да ја имате. Како лизга уз пеглање да знаете. Глупости се изнаслушав. Не знам кој им ја купува приказнава. Она си мислела сигурно дека ќе биде братска делба да биде единствено ројалити во Канада, па да се постигне компромис да биде битна. Ментална болест да ја сведеш со реченица - не сакам да живеам повеќе, а си бремена, каде до тој стадиум доаѓаат луѓе со сериозни нарушувања како биполарност и депресија со години, ми е практично исмејување на проблемите на тие луѓе во однос на неа. Она отишла да припаѓа не можејќи да припаѓа на своето семејство, а не го коментира фактот за татко и кој даваше секакви информации. Малце се заиграла во манипулацијата. Уствари сега сфаќам каде ароганцијата може да те однесе...
Бре бре, и една поранешна принцеза проба да го вади прљавиот веш на педофилскава кралска фамилија па знаеме како заврши. Меган сестро слатка ич да не ти е криво за моќта, статусот и парите живеј си лабав живот.
Лошо исценирано од холивуд, мислам дека можеше и повеќе да ја умота причава, најверојатно нема повеќе асален PR позади нив.. Многу невкусно за луѓето со реални ментални проблеми, скроз.
Шо е најтрагично сето ова го афектира цел свет со оглед на влијанието на Велика Британија во светската економија. Да, да, реален импакт. Фактот дека Бајден и Клинтон дале изјави, доволно кажува. Додека они плачат по тв светот тоне во пандемија, умираат луѓе, они плачат зошто не биле бранети (?!?), зошто нема да имаат обезбедување, јатрвите се скарале за јебени фустан, немало да имаат пари од колачот. Плиз... луѓето навистина патат. Работа е. Не си квалификуван, се доквалификуваш, не те бива, си одиш, толку е. Семејството те прифаќа, во "фирмата" не се вклопуваш, немаш културолошки фит и тоа е. Егото и било погодено, и тоа е. Веројатно мислела дека ќе се појави и ќе ги освои сите, ќе ја засени Кејт или што и да и била идејата. Не е Диана, овие се братот на прадедото на Хари кој абдицирал и се иселил во Франција за да се ожени со наци жена. Не знаела за семејството, а една од принцезите и биле другарки. У све ова, фалеше уште ЛГБТ да вметне и врв ќе беше, све ќе опфатеше. Не ме сакаат зошто сум педер.
На RTL хрватската го даваа во 19:30 целосно, а гледам ќе има реприза во сабота во 15:10, јас го гледав на стрим онлајн http://www.jagledam.com/RTL-uzivo-stream тука, бирате стрим 1, 2, 3 каде ќе успее, мене и ми закочи па не го догледав, ама моментите што успеав да ги видам беа доволни за да добијам слика. А пократки клипчиња имаше тука https://www.cbsnews.com/live-updates/oprah-winfrey-interviews-meghan-markle-prince-harry/ (ќе побарате повеќе се на различни статии).
Јас го најдов, целосно е интервјуто. Да изгледам до крај па ќе пишам скроз мислење. Само оваа драма ми е интересна пошо голем фан сум на британското кралско семејство.
Сега имав време да го изгледам цело. Кокошките во дворот и биле автентични за скромниот/хармоничниот живот, а имаше правење baby shower со вртоглави суми и познати ѕвезди. Споредба со малата сирена ?! Овој пред цела јавност си ја нарекува фамилијата агресори, живеел во систем, дур ги трошеше нивните пари. Не е свесен човекот, надвор од реалноста е.. Сите се лоши ама да им плаќале трошкови. Случајно се почнало после турата во Австралија исто како и турата на Дијана. Имало некој спор со Канада, како што спомна Лилит, сакала Меган поголем дел од колачот, ако не, ќе ви правам драма. и не можеш да се правиш удрена дека немаше појма какво било и дека протоколи имало.
Јас не знам што толку ја мразите жената. Па Кејт била подобрата и посталожената. Кејт нема А кажано во јавност и буквално за ништо не се знае нејзиното мислење. Ама секако подобар си кога ќутиш. Исмевање од членки за нејзината ментална состојба, ко реченицата нејќам да живеам да е нешто што не вреди да се кажува, вие сте тие што проценивте како некој се осеќа и кој вреди да се кажува дека е стварно депресивен, а кој не. Мене тоа ми е за срамота да го кажувам за некој друг, што ако истиот никогаш нема ни да го прочита. Преиспитајте се реално што зборите по други теми, а вака какви бисери роните.
Го немам слушано интервјуто, ама ми се допаѓа тоа што Меган има целосна поддршка од својот маж. Штом заедно биле да дадат интервју, верувам дека биле искрени. Штом тој реши од принц да стане ,,жаба", тогаш навистина има силна причина за такво нешто, штом решил да остави сè зад себе и да си заминат со Меган и да и биде поддршка. Сигурно рози не му цветале, не верувам да е слепо заљубен и не знае што прави. Ама ми е пример за вистински маж на кого сопругата му е на прво место. А тоа што е глумица и што е од друга раса не ја прави помалку вредна или да не е во право.
Имало време и него да го истренира во актерските води. Или пак го манипулирала, дијагнозата е тоа, дека е манипулатор тежок. Мене искрено ептен би ме напиздило да нејќат на моето дете да му дадат титула која му е родено право. Овде на форумов мајките се бунат ако свекрвата дала друга кашичка на нивното дете, али ова може на никоја не би и сметало, детето да ти го множат со нула.
Во право се за цел напад кон неа од медиумите и за расизмот. Какви грди наслови имам читано уште пред да се земат, за мешање на кралската крв, па сликите со мајмунче , па споредбите со Кејт- за исти работи неа ја поддржуваа, а Меган беше нападната. Не знам и јас зошто толку негативни коментари кон неа, очигледно е дека никој не ги заштитил во тој период, па уште и скратиле обезбедување на внукот.
Многу сте злобни како ја нападнавте Меган, мислам дека сте спремни да служите како витези за Кралицата. Интервјуто беше со цел да ја изјаснат нивната страна за напуштање на нивната позиција, тоа беа првите детали кои ги споделија откако се случи тоа. После многуте неофицијални изјаснувања, критики од медиумите мислам дека заслужија да ја кажат нивната страна. Како семејство што во минатото се обидувало да одржува чиста крвна линија преку инцест (дури и Елизабета и Филип се далечни братучеди), не треба ич да се мислите дали се расисти или не се. И не треба ич да мислите колку длабоко им оди злобата, толку многу работи матат не можеме ни да си претпоставиме со нашата лимитирана фантазија. Искрено, не сум сигурна дали сето ова што го кажаа Меган и Хери е дел од добро осмислен план, или да беа малку подобри (нерасисти) спрема Меган, немаше ништо да биде и се ќе си останеше супер. Потајно се надевам дека е првото и го направија ова во име на Дијана. Како можете да бидете без осет за тоа што го кажа Меган за нејзиното ментално здравје, кога низ истото минувала и Дијана и е очигледно последица од начинот на кој функционира кралството. Јас нешто што не знаев пред да го гледам интервјуто, е дека всушност тие само отстапиле од позиција на "senior royals" на "regular royals", кои имаат право на протекција, на пристап до кралските домови и финансии. Замислете колку е нефер што ги финансиски и безбедносно исклучиле. И како што кажа Хери, без разлика дали тие ја прифаќаат титулата или не, за светот тие се кралско семејство и не го избрале тоа и заслужуваат да бидат заштитени. Им посакувам среќа и правда, а Чарлс нека цркне.
Абе ништо од ова не е случајно. Уште од старт беше јасно дека Меганче е јајце од кукавица напикана во моќново семејство. Моќно семејство со уште помоќни непријатели. Знаела и била добро подготвена за се она што следи, а богами знаеле и кралицата и цела кралска свита, не им е првпат да имаат американска снаа. Можеби не памтите, ама еден од синовите на баба Бетка беше во брак со една американска брливка, која ја фатија папараци како шваљерот и ги масира и ѝ ги лиже табаните. Циркузи, нормално одма следеше развод брака. Ама бељата се памти. Затоа и секогаш биле многу пребирливи во изборот на оној/онаа што им влага во куќи, првенствено за добробит на својата репутација, која и тоа како е битна за „сината “ крв, а и за угледот на земјата која ја претставуваат. Ама ете ти беља, не знам како воопшто успеа да им се упика манипулаторчево. И што сега се чуди расизам, ово оно? Па треба првин да бара од маж и Хари да и објасни што мислел кога го сликаа нареден со нацистички свастики на една забава, тоа Опра забрај да го праша а? Па и прабаба му и други блиски роднини на Хари биле наци-симпатизери, со тапија. А за јавноста се знаеше дека ќе биде поделена во однос на бојата на нејзината кожа, и тоа некој добро го промислил. А „сирота“ Меган, изненадена и увредена од сите, ѓоа од манастирски интернат ја донеле директно пред олтар. Абе глумица со тапија, и солидно искеширана од одредени структури, без сомнеж. А овој шутраков Хари ќе се разбуди може еден ден, и ќе се осети така малку поише заебан, ама нема да има многу избор. Една врата засекогаш ќе му остане затворена.
Линкот што сум го постнала го избришале. Кој успеа да изгледа, успеа. Ја ич не им поверував. На моменти се мислеа што да кажат, па како Меган се вмешуваше кај Хари да докаже уште нешто додека збори за да изгледа поверодостојно. Плус тоа "нема да кажеме кој кажа" и така цело време као за доброто на фамилијата да ја заштитат, а уствари сакаат цела палата да ја оцрнат, луѓето да нагаѓаат. Се сомневам колку е точно тоа. И сами кажаа на почеток сите ги прифатиле. Се имаат испокарано за некоја титула и пари најверојатно. Мислев на Балкан само има толкави драми у фамилии со роднини, ова у кралствово бетер биле. Зар поверува некој у тоа дека ништо не читала и не истражила на интернет? Ја за обичен дечко што не е ни принц правам истражување до 7мо колено, она за принц и палата не истражила. Сама се демантираше после кога кажа како пред спиење истражувала протоколи и како да се однесува (иако сто пати кажа ништо не читам јас и немам појма за многу работи) али се вадеше како тоа во брак го правела и не пред тоа, туку као пред настани 5 до 12. И многу јак момент ми беше тоа што демек не ги знае гласините скроз за неа али ќе и кажат што се пишувало за неа и скроз и како аа да ова сум го слушнала. И најподмолното со тоа не ја расплакав ја Кејт, она мене ме расплаче, но сепак и имам простено, па не вреди за тоа да зборам у детали. Буквално пуштаа само водичка некоја за да се тригернат луѓето, но ништо не објаснија конкретно. Тука некоја секунда не знаеше шо да каже и одеднаш почна да ја врти приказната. И додека беше глумица луѓе се жалеа од неа што работеа со неа колку била неподнослива и надмена. И сега луѓе од палатата исто. Има нешто, не може туку така сите вработени секаде од неа да се жалат. За мислите за самоубиството и расизмот нема да зборам. Не сум убедена во приказниве. И да имало нешто точно, сигурно е испреувеличено. Сепак мое мислење.
По загрижувачки ми е менталното здравје на Хари, откако ќе нема материјал што да вади на површина, нема да и е толку интересен и ќе го шутка само. Дијана беше тинејџерка кога влезе во ова, оваа била 35+ со веќе добро познавање од како стојат работите. Колку и да ја копирале приказната, не може да е нејзина втора верзија. Американците се сензитивни на теми расизам, дека коментирале какво ќе е бебето, небаре и така не се коментира кога ќе има мешовит брак, дали ќе е со виткана коса, косооко или жолто. Не го сфаќам расизмот овде, не трпи никаква навреда поради тоа, ниту нешто е скратено затоа што биле љубопитни какво ќе е. Демек за каква боја очи ќе има дозволено е да коментираме ама за кожа неее.. одма расисти сме. И реакцијата од Опра "Wоw, првпат вакво нешто слушам" Плус големиот дел од масата гледа слепо шоуа како Карадашијанс, секако дека ќе голтаат се што се сервира. Британците тешко. Не верувам дека ќе простат такви муабети од типот, "Кејт ме расплака, не би сакала да зборувам за тоа, иако сега ви кажувам". Почнаа и докази да излегуваат што се малку не исти со кажаново https://www.dailymail.co.uk/femail/...lf-sister-Samantha-slams-Oprah-interview.html
https://www.crnobelo.com/novosti/sv...kl-vlegla-nepodgotvena-vo-kralskoto-semejstvo И тука објавија некои докази што и ги демантираат изјавите
За да имаме комплетена престава нормално двете страни треба да се ислушаат. Во моментов ја имама оваа и претпоставките од монархијата. Можеби лош ми е впечатокот, но некако ова за внимание е, премногу контрадикторност во едно интервју, манипулации, сакам да кажам, ама не се, за да не навредам, да заштитам, а сепак фрлаат сенка, ако толку сакале да биде се позитивно во интервјуто, зошто го правеле. Ќе започнам со тоа дека Меган не гуглала за кралското семејство, не знаела протоколи, не знаела дека треба да се поклони, не го очекувала тој живот. Па добро пиша Дрим за еден дечко правиме истражување, не за кралство кое опстојува со години со милион информации, па чисто од љубопитност да се запознаам со работите, протоколите, семејството ќе го направам тоа, да знам што ме чека во иднина. Потоа кога зборуваше дека не читала ништо од медиа, а за се беше информирана и впрочем една од причините заради кои го напуштија семејството е лошиот третман од британските новинари, што беше многу контрадикторно. Потоа Меган беше глумица, јавна личност, не и е прво справување со медиуми, зарем таа како глумица секоја лажна вест ја демантирала, па сега бара кралството да се занимава со се и сешто што се пишува и да застане да демантира се. Да, лошо ја третираа Британците, тие се многу остри и немилосрдни, но тие со сите се такви. Кога пишуваа за неверствата на Вилијам и слично. Некако со тоа што кажа дека Кејт ја расплакала неа, сакаше да ја оцрни и неа, демек и Кејт не е совршена, а вие сите ја сакате. Кога веќе зборуваш дека и имаш простено и не сакаш да зборуваш лошо, таа тема нема да ја отвориш. Моментот кога кажа дека пасошот и возачката и биле одземени, дека не се гледала со пријателките, ми беше контрадикторен. Зошто? Бидејќи направи и baby shower во Америка, беше да ја гледа Серена во Америка. Значи сепак не и било се скратено како што сака да прикаже. Никој неа не седнал да ја научи ништо за протоколите, морала се сама, а кажува дека е пријателка со Eugenie. На никој некој не ни рекол ова не го знаеш, дојди да те научам, или сами учиме или бараме помош некој да не научи. За детето и титулата, како што гледав на интернет тој сега нема титула, но во моментот кога Чарлс ќе стане крал тој ќе биде принц, таков е законот од 1917, значи тие не му ја зеле титулата, само не му ја дале предвреме. Расизмот воопшто не беше потребен да се спомене, бидејќи ако беа толку големи расисти немаше воопшто да им дозволат да се земат. Намерно како да се допре оваа тема бидејќи е болна. А кажаа дека сите ја прифатиле уште од почетокот. Менталното здравје не сакам да го чепкам, тоа е вистина болна тема и тука требало да и пружат помош и поддршка. Единствено ми засмета што Хари рече срам ми беше да признаам за проблемите пред семејството. Тука ништо не е срамно. И за крај незаштитеноста и парите. Од папараци мислам позштитени се од Кејт и Вилијам, тие ни на еден одмор не можеа да отидат. Тие кажуваат како веќе не добивале пари и обезбедување, а кога го напуштија семејството кажаа дека сакаат да се финансиски независни. Сакаат да се тргнат од должности, ама пари повторно да примаат. Тоа никогаш нема да им помине кај Британците. Испадна доста долго, се разпишав премногу.