Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Британското кралско семејство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ph.orhideja, 28 април 2011.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека е подобро кога ќутиш а не се на мегдан во јавност, тие се кралско семејство и не ми се верува како може да објавува такви детали од едно такво семејство, се разбира дека има строги протоколи, штотуку прочитав една статија пишуваше дека очајно бараат приватност и да ги остават медиумите на мир, а од друга страна тие се оние кои ни ги сервираат деталите за нивниот приватен живот.

    И не се само тука членките тие што пишуваат во негативна конотација и што не веруваат на зборовите на Меган туку и светската популација го дели истото мислење, изјавува такви безмислици, не знаела ништо за кралското семејство, дури не знаела ни за Хари, не знаела дека треба да се поклони на Елизабета, му рекла па тоа ти е баба, а Хари и рекол, сепак таа е кралица ...

    и не, никако не може да се спореди оваа ситуација со онаа на Дијана и нејзината депресија и обиди за самоубиство, Дијана била очајна за трошка внимание од Чарлс кој бил вљубен во Камила и ја изневерувал

    по се изгледа дека историјата се повторува од онаа на Едвард абдицираниот
     
    На Victorian, tinka-mace, smile:) и 2 други им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Го читав тоа на црнобело, демек Меган не го знаела кралското семејство ахм...Не го знаела ни Хари... не знаела дека треба да се поклони пред кралицата...Некаде читав дека и сметало што требала да се поклонува пред Кејт и Вилијам зошто Вилијам е следен за на тронот, таков бил протоколот. Не знам што очекувала сепак се кралско семејство со правила кој ги имало одсекогаш. Нека биде среќна што бабето ја прифати воопшто, затоа што таа е првата која е мелез со црна раса влезена во фамилијата.
     
    На Limpan, Glowy, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.423
    Пол:
    Женски
    Да бе, не го знаела, ако се лажеме, може па и не знаела дека Хари е принц? :wasntme:
    Или ко она у филмовите - И пријдел, се запознале, овој криел дека е принц па она случајно дознала и као мене многу ми е незгодно, дали ќе ме прифатат твоите? бла бла бла.
    Па сега не и оделе плановите и ајде ќе манипулирам.

    Како ќе наебе Хари од оваа, нема да знае кој пат да го фати.
    Безгласен е, слика има тон нема е работава.

    Кејт па ми е толку совршена.:inlove:
     
    На Victorian, Limpan, burthdaykake и 3 други им се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.412
    Допаѓања:
    38.373
    Пол:
    Женски
    Мислам тоа за расизмот и дека не ја прифатиле не беше за нeкој од семејството, туку за Институцијата или фирмата како што ја нарекуваат. Едно е семејството, други се советниците и цела институција што ја води монархијата. Баш како што кажаа за Елизабета иако е кралица, не одлучува за ништо.
    И да е некој од семејството нема да ми е чудно, какви скандали покриваа, со педофилија, злоставување, што не, не се цвеќиња никој.
     
    На *Amethyst*, Idedemja, FridaodaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    IMG_20210309_201920_913.jpg

    :D
     
    На темјанушка, Victorian, Nausicaa и 12 други им се допаѓа ова.
  6. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    3.333
    Пол:
    Женски
    Кај можам да го најдам целото интервју, се убив од барање?
     
  7. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    19.951
    Пол:
    Женски
    Спушти го на замунда
     
    На Macito007 и awkey им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Јас сум разочарана од сама себе што се изненадив од фактот што на форумов се брани кралското семејство ко да ќе ве рекрутираат да сте им spokespeople. :D Не знам колку треба да си наивен и out of touch за тоа. За жал тоа е дистопијава во која живееме, браниме монархија кога го има преебено цел свет и чии последици уште не можат да се искоренат, бидејќи Кејт ни е ~~~отмена~~~, или во превод, естетиката ни се свиѓа. А што се дешава внатре небитно. Исто така си шернуваме винтиџ сликички од Дијана, а истите што ѝ го уништија животот ги браниме по форуми. И нели кога ќе излезе некој да им го открие целиот булшит викаме дека пателе за внимание. Идеализирајте си ги и понатаму кралиците и принцовите, што да ви кажам.
     
    На *Amethyst*, Someonespecial, ane.bella и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.405
    Пол:
    Женски
    Мене госпоџава како старее, се повеќе ми добива фаца на расистички настроена стара женичка, и точно ми се вклопува меѓу фаците на кралското семејство. Не знам како да опишам, ама како заклучок: антипатична ми е. :|
    kate-edited-1.jpg
     
    На fairy88, Amellie13, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  10. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова мислење. И јас не го гледав целото интервју но она што ми се допаѓа во сево ова е како Хари е посветен во улогата на сопруг. As every husband should be. А тоа што сега има милиони негативни коментари против нив не треба да ги засега. Битно се тргнале од негативна атмосфера. Доколку таа атмосфера ја создава неговата сопствена фамилија подобро подалеку од нив да се. Генерално размислувам на ист начин, дека во вакви ситуации е најважен партнерот бидејќи со партнерот ја градиме нашата иднина и не треба да дозволуваме некој (макар и член на фамилијата) да ни го нарушува мирот во бракот/ врската.
     
    На *Amethyst*, Victorian и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    179.358
    О, наивности, не било се за пари|(

    ...when Prince Harry and Meghan, the Duchess of Sussex, abdicated their royal roles and announced they’d live in Canada, they weren’t moving to an entirely foreign country, but one over which Prince Harry’s grandmother—technically, at least—still rules.
    ...The first wrinkle in Canadian-British royal relations was over who should pay for the duke and duchess of Sussex’s security detail. In the past, their frequent visits (Meghan lived in Toronto prior to their marriage) came at a substantial cost to the queen’s Canadian subjects. Now that the Sussexes are staying longer—they have rented a sprawling mansion on Vancouver Island—that bill looked set to rise to more than CA$10 million a year, about $7.5 million, which Canadians just didn’t want to pay. In January, the Canadian Taxpayers Federation launched a petition opposing public subsidies for the couple, quickly gathering 80,000 names. On Feb. 27, the Royal Canadian Mounted Police, which had provided the couple’s security in the past, announced it would stop footing the bill in the coming weeks.

    Инфово од март, 2020. Еве го, година дена подоцна, им текна дека живееле во негативна атмосфера. Пак. Као, ќе му раскинам на дечко ми лани и годинава пак, уште еднаш, џаст лајк дет:rofl:
     
    На MeowMeow, Victorian, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.149
    Допаѓања:
    156.331
    Малце лично ја претера?! Што има да се разочаруваш побогу?
    Кој ги брани?
    И двете страни се лоши, ама во ситуацијава - Меган е полоша зошто е ист таков егоценричен манипулатор.
    Дијана беше шармантна, ама дури и блиските околу неа знаеле дека била супер со медиумите.
    Ко што може две страни се добри, така може и да се лоши. Во случајов се лоши.
    Абе снашкава имала изглеа замисла. Ќе одиме у друга држава на Комонвелтот, па таму ете ние ќе бидеме претставници и единствени, братска делба, ко нива да делат. За да ја задоволи својата желба да е једина битна. Жената си пати од свои лични фрустрации на неприфатеност од своето семејство, па ги проектира на другото и глуми жрва. Прави потези што цел свет го потресуваат.


    Опра на прашањето за татко и не и се коментираше, ама затоа со сласт ја коментира фамилијата на маж и. Сестра и не била во контакт со неа, те само два пати во цел живот, ама затоа искочија слики дека не било баш така.
     
    Последна измена: 10 март 2021
    На christinnn, MeowMeow, Victorian и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    А може на пример да не плачат дека детето нема титула и дека немаат пари и да земат да работат нешто како цел нормален свет? Нели нормални сакаа да бидат. Бу-ху, плачковци. Ај овој е роден во тоа. Меган што се впушташе во авантуарата royals ко од Марс да е падната и да не знае што ја очекува. Или фино беше вниманието дури беше кјут анд кадли?
    Арно пишал Шекспир, многу врева за ништо :D
    И не знам кој побогу брани или не некој тука, мислиш нашата одбрана им треба од форумов, за кој не знаат дека постои. Чаршиски муабети си правиме.
     
    На christinnn, *Amethyst*, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    179.358
    Абе не е лоша идејата ама што значи тоа- абдицирале? Као обврски немаме, ама ако може привилегиите да останат:^)
    Демек кралицата од џеб ги плаќа, па не им дала џепарац:D
    А искрено немав појма дека од државен буџет се платени, па нормално дека народ ќе биде нанервиран, на ваква криза, за глупости пари да се трошат.
     
    На Victorian, Nausicaa, simoncelicius и 5 други им се допаѓа ова.
  15. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    https://www.dailymail.co.uk/news/ar...bers-Royal-Family-dont-police-protection.html

    Детално објаснето кој во фамилијата има обезбедување 24/7 :rofl:
    Па и се изненадил типот зошто и неговото го тргнале (facepalm) :rofl:

    Ајде сега од почеток.
    Хари е роден како син на идниот крал и внук на монархот. Затоа имаше обезбедување и тинтрање до скоро.
    Вилијам е првороден син и со тоа престолонаследник. Кога се роди Џорџ 2013, Хари требаше веќе да си планира дека ќе треба сам да се финансира за многу нешта, ако сака да го има истиот живот. Ама не, мораше некој да се пијанчи, дрогира, да прави скандали |(

    Како што можете да прочитате на линков, само неколку имаат фул тајм секјурити, заради позицијата што ја носат. Другите 3 деца на кралицата немаат обезбедување, а не па нивните деца или внуци. Добиваат пари од кралството заради тоа што работат и се појавуваат на настани низ Британија и светот.

    Хари, за негова жал, е никој и ништо во приказната. Наместо да фати да работи и тој и жена му, тие година ипол кукаат и обвинуваат други за нивната неспособност.
    Ама не, тие очекуваа исти третман како Вилијам и Кејт.
    Го почнаа интервјуто со НЕ ГИ ЗНАЕШ ТИ МЕГАН ПРАШАЊАТА, а после така убаво се надополнуваа, па Опра тука целата изненадена вика What? :^)
    Па минута ќутење ко Кардашијанс Шоу, или Малечката Невеста, па пак What?

    Како прво, мадамава изјави дека Арчи не добил титула оти ќе бил као со потемна кожа. ЛАГА. Арчи доби титула, ама таа што го следува, а тоа не е принц :wasntme:.
    Како да му дадат нешто што не му припаѓа?
    Второ, обвини дека "некој рекол нешто за кожата на детето". Кој е тој/таа? Ако веќе кажува, нека каже до крај.
    Трето, демек била суицидна. Зошто? Оти сакала и очекувала многу, а и кажале дека не им следува. Убаво спомна нешто некој крал Едвард шести ли, седми ли, нешто декларација... значи знае убаво што е муабетот, ама не, нејзиното мора да добие титула принц :wasntme:
    И сега се вадат на суицидност и расизам, ја обвинуваат фамилијата без причина

    И накратко објаснето, сè е за пари и привилегии :rofl:
    Не сакала титула, ама сакала уствари, за да биде детето сигурно.
    Не сакала титула, ама зошто нејзиното да го делеле од другите деца, требало и тоа принц да е. Ама не е за титулата, туку да било сигурно детето |(
     
    Последна измена: 10 март 2021
    На темјанушка, christinnn, MeowMeow и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    А да, кој мастертрол е тој од кабинетот на кралицава што пишал вчера за расата тоа реакција "though some recollections may vary" :rofl::rofl::rofl:
     
    На Angie1432 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.149
    Допаѓања:
    156.331
    Нивниве глупости имале последица на светската берза, па сеа ние да го правиме рачунот ко ќе се качат горивата. Ќе ја бранам Меган дека била увреѓена оти син и не бил принц, па и домаќинкиве што ја бранат ко за свое дете ти иде да им рече, девојче, извини, комплексите ти се гледаат и одма знаеш дека со јатрвта дома си љубоморат. Не можела да се помири дека не се еднакви и тука е драмата. Чак што више до таму оди бедотијата да кажува кој кого расплакал и како Кејт и пратила цвеќе во име на извинување, а не го перцепира ко потег на обострано помирување во име на се. На крајот не ни мораше да го коментира.
    Милиони за небитни, зошто? Заради ете така. Чак што више кралското семејство добива на рејтинг зошто не (толку многу) злоупотребува својата положба. Сакаш привилегии, изволте работи и живеј по правила, не сакаш, чао, фамилија си ни, те сакаме, ама нема привилегии. Со секоја работа и функција е така, што не им е јасно?
    И ова со расизмот, е исто ко албанците кај нас. Било, не било, они вадат карта за дискриминација шо веза нема. Малограѓанка у Америка.

    А и коментарите, Леледијанадабешежива, дијанаќебешемногугорда. Да, да, да...
     
    Последна измена: 10 март 2021
    На *Amethyst*, Victorian, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Леле патетика ова Америве, кај и да отворам слики од Меган од некоја вечер кога отишла на некој настан а претходно размислувала на самоубиство и тоа сеа иконска слика ќе е. Лицето на депресијата. Мислат секаде во светот се манипулира лесно народ преку медиуми и некоја позната фаца за поддршка. Опра со нејзиното -What? |( :D Оди легни си, ти помина времето.
     
    На christinnn, *Amethyst*, Konfetka и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.149
    Допаѓања:
    156.331
    Опра не знам како ја "купувала" публиката порано за да постигне таков успех.
    Од секогаш била социопат и глумица. Се гледа дека баш и е гајле за соговорникот и од секогаш реакциите и биле усилени и неавтентични.
     
    На *Amethyst*, andrejko82, LovelyGirl3 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.595
    Допаѓања:
    39.031
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа ги гледаш жените и имаш супер моќ без знаци да препознаеш расисти.Brainwashed малку?

    Инаку го изгледав интервјуто, пола прескокнував зашто повторуваа исто па исто, и иако сум лесна да паднам на туѓи емоции вака кога размислив па и не сфаќам за што е целото припаѓање и драма.Обвинувања, ама пола недоискажани, како тоа за бојата на детето, па за титулата и обезбедувањето.Некако на крај добив впечаток дека се ептен контрадикторни а Меган добра за играње со осетливи теми.Единствено се согласив со нејзе дека не е фер што нејзиното дете не би добило обезбедување, ама ете и за тоа си имало причина кој колку обезбедување добива.
     
    Последна измена: 10 март 2021
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.