Друго време било и за тоа време ваљда придонела со нешто. Ко многу актери што порано беа икони и сметани за одлични актери, денес многу од нив се мета на потсмев за своите актерски способности. Така и нејзиниот начин веќе е застарен. Сега не можеш да се извлечеш со едно What и пауза "длабока" и сите потресени да сме. Сега соговорникот ќе го соголат од прашања и потпрашања, директни и искрени без разлика дали се непријатни. Она уште мисли дека со поглед ефект ќе долови.
Мене пак Меган ми е симпатична, што знам?! Многу, многу повеќе од Камила. Ако останеше во палатата Кејт ќе се разболеше оти Меган беше во центар на внимание, имаше подобар стил и ќе успееше да ја засени во секое поле. Нема ништо лошо во желба на девојка да се омажи за принц. Но, со добивање на титула не значи дека си тоталитарен господар, туку напротив имаш многу поголема одговорност, посебно према оние кои ти го плаќаат луксузниот живот. Е сега и во палатата има расисти што не ја сакаат Меган, па и прават скандали. Мене таа не ме загрижува, туку овој Ендру што е обвинет за с**с злоупотреба на малолетнички во скандалот со Епстајн.
Ама ај реални да сме сега дека додека на почеток беа ептен во центар на внимание пред свадбата најчесто само за фини нешта ја имаше по таблоиди. Што се случи после тоа не знам, ама нагло почнаа за се нешто да ја осудуваат. Кејт си го галела трудничкото стомаче, леле колку слатко, а Меган глумела и уште триста други извртени непотребни муабети. Па и било која од нас да се најде во таа ситуација ќе е огорчена. Тоа кој кого расплакал за фустаните свадбени нас ни е смешно да, тоа се меѓучовечки, фамилијарни односи, секаде ги има, па и кај нив. Ама весниците од тоа прават сензација, ја прават нејзе лошата, ставаат некои наслови на газ да паднеш, како не знам каква трагедија да се случило и колку и да е глупава причината ако не било тоа вистина требало пр-от од кралството тоа да го негира. Не мора да кажува дека Меган плачела, ама нека негира барем дека Кејт плачела. Значи премногу и се нафрлија медиумите без причина и верувам дека можеле да направат нешто да ја заштитат. И ако е така е кога си јавна личност, за Кејт не беше воопшто така. А што правеше посебно Меган за да остави таков впечаток, ништо, во палатата си беше и одеше на настани. А што титула треба да има Арчи како дете на принц, ова правам муабет додека не одлучија тие да се повлечат? Зошто наводно зборувале за титулата додека уште беа тие дел од монархијата. Ако имала психички проблеми и не и дозволиле да посети доктор, тоа е навистина безобразно. Иначе нормално дека сега работата е за пари, тие и јавно си кажаа дека склучиле договор со Нетфликс за да имаат пари за осигурување и ваљда за пак да си дозволат луксуз, секако дека не како тој што го имале, тешко тоа. Мене тоа што ми беше мн фејк во интервјуто, беше муабетот дека таа не го изгуглала претходно, па не знаела што ја чека. Мислам, никој не е толку наивен, не и требаше тоа. И нормално кога ќе имаш претходно така исполнет и слободен живот, кога си финансиски добро поткован од своја работа, а не од туѓи фондови, тешко ќе ти падне после да следиш туѓи протоколи и да имаш толку големи ограничувања во приватниот живот. Штета, мислам дека наместо да дојде до ова можеше таа да биде освежување во кралството и да биде почеток на малку полиберален живот, помалку крути правила, барем за тие коишто не се директни престолонаследници. Ама наместо тоа испадна драма, во којашто двете страни изгубија. Барем јас сметам дека авторитетот и нивен, ама и на кралството е нарушен со ова. Ваљда што не е првпат и претходно имало скандали па пак опстојувале. За муабетот за расизмот, немам коментар. Битно Арчи е бел како снег.
Неколку моменти што не ми се јасни: -Како вели дека се откажала од својата кариера, за бракот, а потоа е навредена дека и кажале печали од глумењето и плаќај си обезбедување -Како се прокламира како независна, феминистка и самостална кариеристка кога при прво сечење на финансии излегува на интервју да кука по истите. Ова ми личи на типичното, сакам независност и сум јака жена ама од кога ќе се омажам добро. -Што значи изјавата на Хари за велосипедот и Арчи, дека не го имал тоа како мал, а излегоа десетици слики од него како мал како вози велосипед со татко му. -Зошто има толку лош однос со нејзината фамилија? Сега и со новата? -Како Бијонсе и Серена ја поддржале, кога и станаа инстант пријателки од моментот кога почна со Хари, за брзо по запознавање да се на свадба И секако поголема патетика и иронија во пандемија, од нивното нема. Двајцата делуваат на размазени лигуши. Веќе се шпекулира дека ќерката ќе си ја крсти Дијана
Касни 6 години. Шарлот Елизабет Диана се роди 2015та Ќе се шлепа цел живот на грб на мајка му и на баба му. Принцот, нема што
Затоа што син и е дел од кралско семејство од раѓање, и одговорност на кралството треба да биде да го заштити него со обезбедување кое чини многу и нема врска со нејзината независност?
Да, доколку ги извршува должностите на истото. Доколку се откаже од работата според некоја логика сам треба да си подмирува. Народот на Англија би бил гневен, затоа што ги плаќаат за тоа што го работат, тоа би било напад и врз другите. Исто така има и правила, како и за слични случаеви со други членови според кои не го следува.
Уште 30тина други се членови на семејството, ама само тој излегува и јаде трици на телевизија за фамилијата. Погоре на линкот можеш да видиш кои само имаат обезбедување 24/7. Беатрис и Јуџин работат одамна, шетаат низ централен без обезбедување, фаќаат такси како најнормални особи. Ама не, Меган мора обезбедување да има Што не се мажи за тој од Дубаи, неговите мадами шетаат со 5 телохранители. И имаат многу поголњм буџет од самата кралица И кралицата има 3 имиња. Чарлс има 4. Ана има 4. Ендрју има 4. Едвард има 4 Вилијам има 4. Хари има 4. Џорџ, Шарлот и Луис имаат по 3. Кејт има 2 Јбг, традиција им е повеќе имиња да имаат.
Пошо кога даваш отказ од работа не ти плаќаат плата и бенефиции по ниеден основ на пример? И зошто граѓаните се побуниле зошто од нивни пари е тоа.
Британското кралско семејство е уствари најдисфункционално семејство на светот, што функционира од принцип. Скандали, педофилија, содома и гомора. Ама кај смее да се пишува за тоа нели? Мислам.. не е Меган. Меѓу себе се штитат и ок е, ама за Меган може се да оди во етер. На чело нели со дејли меил. Кои срањца за Меган не почнаа од таму уште не знам, ама глорифицирања на овие што си глуматаат ројал па..па..па.. @MarijaMi90 на Арчи не му следува титула. Единствено титула му следува на Џорџ како првороден на првороден. Ама, оти Бетка, додека Кејт била трудна со Џорџ, троа сменила куп закони, сега и другите двајца имаат титули. Значи ако се сака, се можело и другово дете да е заштитено. Ама не се сакало. И тоа е се што треба да се знае за ројалти третман. Тенкју вери мач. Меги и Хери се ордашијанс во светски рамки. Морам да признаам дека и покрај сите патетики, пак ми се посимпатични од Вилијам и Кејт која потсетува на типична балканска жена, пар де, таа ќе седи дома и раѓа, дур тој ја вара, па што? Пак кај неа ќе се врати. Плус круна. Трпи и смешкај се бабо за лепота. Патем, читав експерти за гестикулации, кои образложија дека според движењата на Меги, палатата со право била загрижена. И ја не би се сложила баш... ама што знам ја, не сум експерт. Друго што прочитав... Аха да, наводно новиве договори ќе им донесат многу повеќе пари од тоа што палатата воопшто би ги финансирала. Епа нек је са среќом.
Секако дека после ова ќе имаат договори и ќе држат конференции за ментално здравје, бременост, расизам. Секоја драма е подобар публицитет отколку нормално да си тераш работа. Оф топик: моментот на глумење жртва е многу актуелен во последно време, колку јутубери се извадија на оваа карта, за после да ги откријат, со плачење пред камери и алудирање на суицидалност. Мислам дека треба да се анализира како посебен феномен.
Ендрју беше пријателче со Епстин, а се знае кој е Епстин. Ама дека е омилен на кралицата, никој не го дира, засега. Иако имаше видео како испраќа многу млада госпоѓица до врата. Има и сведоци, малолетници на журки со богаташиве. И што ќе продаваат? Демек се жртви на расизам и што ли уште не Еве им ги Опра, Тајлер, Бијонси, нека им донираат по 100 милиони ако им се толку добри другари И ги кудат британските медиуми, за што? Оти и излегоа куп муабети од палатата? Што куп луѓе си дадоа отказ дека е неподнослива и претерано дрска? И дека ги третирала како лајна? Па сега таа други обвинува
Фала на објаснувањето @Yowannty А, не те сфатив што сакаше да кажеш за ова со гестикулации, за што била загрижена палатата со право? Кејт за жал, колку и да е женствена, еманципирана, симпатична и јас сметам дека животот и е сведен на седење дома, додека Вилијам ја вара. Се е тоа глума, ама тоа е ако сака да е кралица, ќе мора да трпи. И мене Меган ми беше посимпатична, само ми присмета муабетот дека не знаела во што се впушта, не истражила претходно. Мн фејк ми дојде тоа и се што кажа после тоа веќе не може толку сериозно да се сфати. Барем некако поинаку да го формулираше. Жена што нема да изгугла за идниот маж, па и принц, мало сутра хахаххаха
Ама не е во врска со неа, значи Хери и син му имаат кралска крв, тие не избрале да им треба обезбедување. Опасноста што доаѓа со тоа НЕ завршува кога тие дале отказ, затоа сметам дека треба да имаат право на тоа обезбедување. И пак ќе кажам, тие дале отказ од senior royals, да бидат regular royals кои СЕ финансирани.