Муабетиве тука се однос снаа - свекрва - јатрва, остај сеа, Кејт се праи добра, и се пика на свекрвата баба за да лапне поише, седи сеа. Оваа "помалава" може е брза така, пис на јазик, ама многу вредна, ги тресела вековните теписи у платата, па и замесила погача. А ти таму преку барата, извај парите за обезбеџење , греота сА.
Ана ги одбила титулите. Децата на Ендру имаат титули, а децата на Едвард во овој момент немаат, Едвард и жена му одлучиле децата да немаат тиитули до 18 години, по 18та децата сами ќе одлучат дали ќе ја прифатат титулата или не. Обезбедување никој од наведените нема ни внуците ни децата на Елизабета, обезбедување имаат само кога се на некоја должност што не е 24/7. И пак ќе кажам Арчи е Dukedom, која титула Хари и Меган ја преименувале во Мастер.
Ама јас секако плаќам за обезбедувањето, дали нивно или на некој друг исто ми се фаќа. Ни едната, ни другата имаат свекрва, бабава нема на едната која се покажала да и даде повеќе или помалку, се знае кој е heir, а кој е spare. Истото го напишав дека Ана ги одбила титулите за децата, не им следуваат ама кралицата се понудила да им додели. Децата на Едвард имаат титули, ќерката е Lady Louise Windsor а синот James, Viscount Severn. И пак да кажам само на првиот син на Вилијам му следува титулата принц, кралицата и на другите две им додели титули принцеза, принц значи можеше истото да го направи и за синот на Хари.
Можеби синот на Хари и Меган нема титула оти не е роден од Меган... Има толку сомнителни работи околу неговото раѓање, слики каде се приметуваат промени во големината и формата на нејзиниот стомак од еден момент до друг момент и од еден месец до друг месец... Стомакот во октомври и е поголем од стомакот во јануари. Нејзиното клекнување и станување како ништо на толкави штикли во 8ми месец бременост. Како ништо и оди од рака. Има инфо дека во болницата каде тврдат дека се родил Арчи, во истиот тој ден кога као тој е роден, немало никакво породување... Се е толку заплеткано, којзнае и дали они сами знаат што навистина е вистината. Не ја гледам поентата на кралици, принцови и принцези во 21ви век, а наивната Меган и те како знаела во што се впушта, оти години наназад си барала богат и популарен маж од Англија, многу убави и биле Британците. Дејтот со Хари сетиран од страна на нејзиниот пријател Маркус и на двајцата им бил без некои големи очекувања, па биле доста изненадени кога овој се упецал. Баравте, гледајте. Што повеќе сака она? Сакала титули, убедливо велела дека не ја интересира актерство повеќе. Сега, о леле... Врати се биди келнерка, ако не. Дали мислеше дека ќе биде војвотка и ќе полни насловни страни полугола?
Не на секој Британец му се фаќа исто дали неговите пари ќе ги трошат личности кои воопшто не ги вршат своите должности. Зборував во однос на титула принц/принцеза, не во однос Lady/Viscount, бидејќи титулата принц им е проблемот на Меган и Хари, моменталната не им се допаѓа, па претсуавуваат пред народот дека детето воопшто им нема никаква титула. Да, Елизабета смени за децата на Вилијам, бидејќи се деца на првородениот, но и да не сменеше кога ќе е Чарлс крал, нив тоа повторно им следува, како што ќе му следува и на Арчи. Можеше да смени и за Арчи предвреме да ја има титулата принц, но не го направи тоа, ама тоа во ниту еден случај не значи дека Арчи нема никогаш да ја има титулата принц. И таа промена ќе важи во иднина за децата на Џорџ пример, но не и за децата на Шарлот и Луис.
Меган асоцира на тип на човек што би си земал сурогат, за да не си го уништи телото. Свашта има у жута штампа, секако, ама и ништо не е исклучено.
Значи чекај, не верувате на збор што Хари и Меган кажаа, ама верувате дека Меган ја фејкирала нејзината бременост и не е стварно мајка на Арчи. И како да не ви се смее човек.
Меган можеби Е мајка на Арчи, ама дека има многу докази дека бременоста ја изнела друга жена, има. Не знам што е смешно, не е ни прва, ни последна, само нема поента да се лаже. Имаше скриншотови од првото официјално обавестување од страна на Бакингамската палата за раѓањето на Арчи во кое пишува дека е роден од сурогат мајка и истото е избришано за кратко време. Плус Меган како што се суди со сите весници за прдешки, зошто не се суди за ова со истите тие весници? Зошто на интервјуто не се потегна таа тема? Таа да го родеше Арчи, немаше да сака да се слика пред болницата како Дијана и Кејт? Јас мислам од боксот директ на скали ќе се нацрташе. Приватност... Ај донт билив.
Дека не го родила Арчи и дека е од сурогат мајка имаше доста, своевремено и за Кејт се пишуваше дека Џорџ и Луис се исто од сурогат. Жолатат штампа се може да претрпи. За ова ја праша Опра, демек позната си по тоа што не ја продолжи традицијата да се сликаш со Арчи, дека си сакала приватност, на коешто Меган одговори дека никоагш таа не посакала да не се слика, туку не им било понудено или кажано да се сликаат така, во смисла ако Арчи не е принц, тогаш нема потреба таа традиција да се следи.
Има многу контрадикторности во ставовите на Меган Маркл, од сам почеток. Постојано нешто изјавува и се демантира сама себе. Има изјавено дека пред бракот со Хари разговарала со некоја пријателка на Дајана која и раскажувала за притисоците за влегување во кралското семејство. А сега, во интервјуто зборува дека не знаела што ја чека. Друго, ако сакале мирен живот, зошто имаа потреба од вакво интервју во кое на тапет ги ставаат деталите од нивниот живот? Ама за ваквите дешавки секогаш се оди со муабетите од една во друга крајност. И јас не ја сакам Меган, ама дека 9 месеци успеала да го крие стомакот не. Тоа само на филм го има.
Не, не, грешно си разбрала- не криела стомак, лажирала стомак Можеш каков сакаш да си купиш, од Али на пример https://neconnected.co.uk/why-is-the-fake-pregnant-belly-business-booming-nowadays/ На оваа тема па ич не ме интересира да мислам, нека се здрави и живи, секој со својот филм.
Грешка ве сфатив бе. Мислев криела од Хари, затоа така се изразив. Не ми е логично да криеш стомак 9 месеци од мажот. Како и да е, не мислам и дека лажирала стомак. Муабети само.
[QUOTE="Peperutce1115, post: 5509715, member: 84008"И јас не ја сакам Меган, ама дека 9 месеци успеала да го крие стомакот не. Тоа само на филм го има.[/QUOTE] Таа не го криела стомакот, сите членови на семејството знаат. Значи, имаше официјална објава дека Арчи е роден од сурогат и истата беше тргната за не знам колку кратко време. Ама не може Бетка да вика да, сурогат го роди, а Хари да излегува и да дава изјава колку магично било целото породување и колку и се восхитува на жена му на храброста. Затоа, мораше да се заташка. До ден денес се шпекулира каде живее Арчи и дека Хари и Меган го имаат 'по потреба' , а остатокот живее со сурогатот, оти во УК мајка не е законски таа што ја дала јајце клетката, туку таа што го родила детето.
Не знам. Не сум седнала до сега да размислувам за стомакот на Меган. Како и да е, без разлика дали е сурогат мајка во прашање, дали има титула или не, дали е со црна или бела кожа, нека му е здраво и живо.
Јас да ти кажам, се на тоа мислам од кога е зачнато и родено детето Едноставно е, некои информации ми дошле пред очи по интернетот, сум ги прочитала и толку. Ни мислење, ни мозгање.
Па добро, твој проблем. Не ти реков ништо зошто ти 24/7 се замараш со Меган и Хари, едноставно си дадов свое мислење на темата. Не знам што толку се потресуваш.
Холивудски патетичен филм кој следи вака -Ќе влезам во кралска фамилија и со својата оригиналност за кратко време ќе ги придобијам. Ќе ме има во сите таблоиди како свеж ветер меѓу сите крути лица таму, ќе бидам онаа што не се секира за правила и протоколи па наскоро сите ќе го следат мојот пример, ќе носат искинати фармерки и ќе се сликаат со сендвич во рака дури се на рагби натпревар. Јас ќе бидам промената што никој не ја направил дотогаш. Неколку филмови такви веќе имаат направено, принцеза која е поразлична од сите други. Ама ова реално ќе е, вауу, замисли само колку битна фаца ќе сум. Само се заЈебала малку повеќе во случајов, сфатила колку е мала и небитна и неспособна за ваков подвиг, па сега оди на друга карта -жртва. Веќе видено, насекаде околу нас, само во помалку гламурозна верзија.
Ако ова не е тело на родилка кое друго би било?! Еден пропаднат брак, мулатка, актерка и што ли уште недостојно за совршеното кралско семејство. “Таква” се омажи за принц. Сурогат мајка и го родила бебето и што ли не друго. Толку злобни коментари немам прочитано. Вам би ви било убаво да некој нон-стоп ве следи за да открие нешто со што би полнел жолт печат и би заработил многу пари?!