И ти мислиш дека овој изглед не може да се постигне на вештачки начин? Точно имаше со што може да се наклукаш за ваков изглед, ама во моментот не ми текнува. Меган породена, изгледа потрудна од било кој месец во бременоста. Гајле ми е мене искрено, пишувам што сум прочитала и видела во некои видеа. Ковче подуено нема. И одеднаш, два дена по породување, бум... Погледни слики од нозете додека е бремена и спореди... Ќе видиш дека нема никаква разлика. Танки глуждови, потколеници, во 8ми месец.
Емке и јас после породувањето имав отечено нозе и лице, а во бременоста не. Тогаш недела- две после пород ми беа баш изразени. Додека да си дојдам на свое.
Еве ти си била бремена, можеше вака во 8ми месец? Кај е стомакот кога клечи? Не сум чула дека труднички стомак може да се вовлекува и извлекува кога менуваш положби.
Не знам. Ваљда. Слаба е. Единствено на крај не клекнував. Не ја пратам навистина. Прв пат слушам и гледам за ова. Само првата слика ја искоментирав. Дали е нејзино или не, нивно си е.
@Emy867 Најсериозно смешно звучи се што пиша и сподели во врска со нејзиниот стомак. Полесно би ми било да затруднам него ли да пијам апчиња (?) кои ќе ми дадат изглед на отечена трудница само за да убедам некого дека сум трудна. Повеќе верувате на медиуми чија работа е да пишуваат свашта во врска со нив, отколку дека кралското семејство се расисти. Тоа ми е многу глупо да видам од вас. Баш злобни испаѓате.
Еве го и папокот - папчето викаме ние. Се зависи од кој агол е сликано, дали е наведната-исправена, јадела- гладна, била у вц- не била. Како беше таа пчелата оди од цвет на цвет, а мувата се знае каде. Тоа и јас ќе го пишав.
За кого бре злобна? За Меган? Оти сте смешни, оти тропате глупости? Едноставно, се крена само фама во јавноста, јас проследив некои работи и само ги коментирам. Ништо повеќе. Ми спотребале и таа, и Бетка, Кејт... Сите до еден. И да, затоа што си се фатила на орото да се редиш со титули и да живееш од народни пари во замоци, ќе се преправаш и секаква ќе се правиш за пред народот, оти од истиот живееш. За да не се најдеш вплеткана во фама, од која глава нема да кренеш после. И ако се клукала, не е со што нашла, сето е убаво испланирано и исконсултирано со луѓе што си ја знааат работата. Ништо не и е, ни ќе и биде. Да, еве го и кај простетичниот.
Да е стварно, баш вакви глупави грешки ќе прави, посебно кога знае дека сите очи и камери се вперени во неа. Еден ден стомакот за 9ти месец ќе го "облече" по грешка, наследната недела за 7ми, па се заборавила, клекнала... Емилијо, ко оние за рамна земја ми звучиш на темава. Не дека не е можно ама детективи со слики кои лесно се фотошопираат и вештачки стомак од алиекспрес...јок. Се бара поубедлив доказ.
Добро де, јас ова не го измислив, нека се глупи милионите кои го коментираа ова кога се случуваше, вие пак бидете паметни. И оти да не може да се заборави да клекне? Камери, народ, викаат фанови по нејзе... За секунда може да те напушти паметот и да ја зезнеш тактиката. Мене не ми е чудно, шо Меган да не е кралица на самоконтролата??? Ако беше, немаше да трча пред мажот и на секое официјално појавување и она да доминира, да се ракува прва, а овој ко посран позади. Како она да е Меган Виндзор, а не Хари џинџерот. Небитно, што си имаат, нека им стои. Мене ми е се ова само забава во слободно време, ништо повеќе.
Кога би носела вештачки стомак (не знам како да го наречам), мислам дека премногу ќе внимаваа во однос на големина, поставеност и др, дури немаше ни да се појавува толку во јавност со цел да не дојде до немил настан и да се открие. Добро вика Бриџет нема по грешка да го облече несоодветниот. Жолтата штампа малку повеќе има претерано во однос на ова. Сликите не се веродостојни бидејќи што и како изгледа зависи од аголот, облеката, поставеноста и што не, сведоци сме на многу слики instagram vs. reality, па така и ова.
Како актерка во Холивуд сигурно се има навикнато на невистини пишување од новинари. Демек откако е со Хари се пишуваат невистини и ја погодиле, а пред тоа нема прочитано нешто неточно за себе. Го добиле тоа што го сакаат, ете сега се надвор од лошото семејство, само пак се незадоволни. За менталното здравје, се направиле, дури и кокошки чуваат, само никаде не спомна дали се обратиле на доктор. Не го добија сожалувањето од јавноста, дури ни на темата расизам, што можеби требаше да биде ударна. Вилијам искоментирал дека такво нешто нема. Најголемиот невкус вриштеше кога ја нападнаа за огромните суми на облека и трошење. Има и основа зошто не може ова интервју да се земе за вистина. Се на се проѕирно и лошо интервју. Вака барем со Нетфликс и Спотифај имаат договори, за следни, освен за волонтирање низ организации не верувам дека ќе се многу пожелни. Инаку темава е актуелна, неизбежно е да не пратиш што се дешава И ако некоја е загрижена па мисли да не опаметува за што некој треба да прати у слободното време, да не си го губи попусто
Имаше еден многу јак коментар на видеото што го сподели @WildMk на темава, иначе баш е интересно. Поточна дефиниција за интервјуво на Хари и Меган со Опра од оваа нема: Two millionaires complaining to a billionaire how difficult their life is
Само што не е смешно оти живеат од грабежи што ги вршеле по светот, низ историјата и пари собрани од народот.
Па и за Опра истото важи. Расел баш тоа го спомна: Богатите, естаблишментот во светот, без разлика дали имаат титула, или не.