1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Британското кралско семејство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ph.orhideja, 28 април 2011.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
  2. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    520
    Девојки, дали некоја од вас може да го сподели оригинал интервјуто на Меган и Хари?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Го има за даунлоуд по торент сајтовите, јас од Yify го симнав, еве и линк :)

    Инаку, јас сум искрено забезекната какви сè ревносни хејт коментари прочитав од Македонци по социјалниве мрежи против Меган, посебно од жени и тоа иронично на 8 Март што се погоди да биде ударна тема интервјуво. Мене ми е отсекогаш скроз пријатна, симпатична фигура и сè што една излитена институција како кралското семејство не поднесува, а со интервјуто само ми се потврди тој впечаток. Уживав додека ја слушав, толку смирена и грациозна и покрај такви неправди за кои зборуваше. Со Хари исто така се прекрасен пар и милина ми беа како се држеа за раце цело време :inlove:, се гледа дека Хари сака да ја заштити од судбината на мајка му, ма да сè уште премногу ги бранеше членовите на семејството со тоа дека биле „заглавени“ во тој систем, бла бла. Скроз е нелогично што луѓе кои ја поштуваат Дијана ја рачунаат Меган за gold digger и сè најлошо, очигледно доста површно ја следеле нејзината приказна. А тоа што Хари го направил треба да е изборот на секој млад сопруг од едно пообично токсично, елитистичко и конзервативно семејство, малограѓанските муабети и хехенца што се прават и од овде, од другиот крај на Европа за тоа дека го одвоила од семејството само зборуваат за менталитетот и кринџ ставовите околу тие односи.

    Точно е дека сè на крај се сведува на тоа дека збореа привилегирани двајца милионери со милијардерка, ама тоа што Меган го трпи од британскиве медиуми е класичен булинг и да, скроз агресивен расизам. Замисли колку треба да си нетокму ко „новинар“ за да следиш секој чекор и споредуваш со апсурдно смешни двојни стандарди две бремени жени како си го држат трудничкиот стомак или за здравата исхрана што ја јадат (тоа насловите што ги спомнаа со Опра како сè најдобро се пишувало за Кејт, а најлошо за Меган) (facepalm) И исто ептен поштувам што покрај целиот тој наратив во кој Британија ја велича Кејт како совршеното олицетворение на покорна женска елеганција, Меган сепак не рече ништо лошо за неа, дури напротив нагласи дека не сака hero vs. villain натпревар и дека не треба никој да ја мрази Кејт за да ја сака неа или обратно.

    За ова теорииве дека ја фејкала бременоста не знам ни што да кажам искрено :drunk: :rofl:

    И сериозно срамота е и нереално да браните „углед“ на монархија во 21 век...
     
    Последна измена: 12 март 2021
    На cresa-jagoda, goddess.Of.chaos, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Мене ми е снобистички да искористиш толку сензитивни теми само затоа што ти се скратени финансии и обезбедување.
    Да не се жалеа за тоа или да не го спомнеа или да не трошеа вртоглаво дур можеа, можеби и ќе звучеа обвинувањата реално.

    И за муабетите дека Вилијам ја варал Кејт никаде нема ништо релевантно, исто како за стомачето.
     
    Последна измена: 12 март 2021
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    75.689
    Пол:
    Женски
    https://trib.al/ZDyH7Zo

    Long live the Queen :l:

    Јавен блам :rofl:

    Прво, викаат дека биле пресреќни што можеле да се working royals, ама после 2 минути ги обвинуваат сите од фамилијата :rofl:, де расисти, де такви, де онакви, де пасош и зеле, де не и давале да излегува, со месеци дома била.

    Па кукаат за обезбедување, а мадамата направи нејзиното лично обезбедување да даде отказ. Жив доказ е на пазарот на Фиџи чинам беше. Се измоча на сите протокли, требаше некој за коса да ја фати и да ја извлече од таму на сила.
    Не знае чанта како се носи, не знае дека вратата обезбедувањето ја затвора, не знае како да се движи околу другите, секогаш прва истрчуваше пред сите (facepalm)
    И после Кејт и е крива.

    И ве молам, не спомнувајте жена против жена, оти таа прва тргна против сите. Што жена ќе беше :wasntme:

    А расистички коментари само од Принцезата од Кент очекувам :$
    Друг, тешко :x
    А медиумите почнаа да ја рендаат од ко 3ца блиски особи дадоа отказ заради нејзината неподносливост. Вестите брзо се шират.
     
    На Tajnaotrovna, elimkd, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Епа сама си кажа дека нејзе никој не и покажал што се таа треба да прави по протокол. Не пораснала со лични тутори за да знае се што треба да прави. И оние кои пораснале пак можат да згрешат. Еве Ендру што дека пораснал со се што човек ќе посака, сепак не научил дека се што е тајно е јавно. Кога даваше интервју за приватните забави со Џефри и малолетничките му доаѓаше да скокне од радост и да викне “party, party”, ама се воздржуваше жалниот. :D
    Сега жена му и ќерките глумат среќни (само надвор), а дома сигурно и не разговараат меѓу себе.
    Јасно е дека уште од почеток се води хајка против неа, а најжално ќе биде ако расизмот е основа за тоа.
    И се дивам на храброста и присебноста да излезе во јавност и да зборува за семејството на нејзиниот сопруг. Не било кое, туку кралското семејство.
    За да бидеш до толку испровоциран, кој знае што ли уште се случувало зад затворени врати?!
    А тие рејтинзи и глупости се штелуваат многу лесно. Не им верувам многу многу.
    Времето е најмеродавно и ќе покаже кој е кој? Всушност Катето е поопасна. Меган ќе се повлече и ќе си фаќа сеир од страна.
     
    Последна измена: 12 март 2021
    На cresa-jagoda, goddess.Of.chaos и Idedemja им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.136
    Пол:
    Женски
    @malerozna
    Ти па ептен им веруваш на британските таблоиди.
    Да се запраша човек дали монархија владее или медиумите таму?
    И тоа со отказите,господ знае што е посреди.
    Никој не знае како е додека не почне да живее на дворот.

    Па и ова со обезбедувањето ко да не е до парите и работата за РФ.

    Повеќе е сакате да одите,е нема пари.

    Но кога ќе размислиш,РФ без негова желба и одобрување го изложуваше Хари на сите настани одма,не го заштити од камери ни на погребот од мајка му.

    Од кога е роден е пред камери без негов избор и сега после 30+ таков живот нема за него пари за осигурување,а го изложиле на таков живот?!
    Па од кога паметам Хари го развлекуваат,дека е разуздан,вака треба да се однесува,така,кој му е татко?! РФ не го заштити, па сега и слики со точаци му вадат буквалистите,кога беше јасно дека сака да каже му недостасувала блискост со татко му.

    И за бојата за кожата ,стварно верувате дека РФ не се прашало каква боја на кожа ќе има малиов?
    И дека не можеле да се направат додатоци измени Арчи да има некаква титула?Ако сакале,ма дај.
    Ко за принципесата од Кејт?
    За Ката нормално ќе и смета Меган.
    До нејзиното доаѓање,таа беше главна снаа,па пријателка на Хари, таа беше прва ,нормално конкуренција ќе смета.
    Се следеше облекувањето само на Кејт дојде несреќата Меган со подобар вкус и стил.

    Ката знае да се поклонува,знае да мафта со раката,оваа треторазредна глумица па и америчка кај знае тоа.
    Ката ко бабата Елизабета да ја родила.
    На крај и добро што малку сол на опаш им фрлија.
    Овие двајца се тргнаа,ќе си живеат живот без протоколи.
    И за нив е тоа одлично.
    Вил и Катица ќе бидат крал и кралица скроени по мерак,а што се крие зад превезот е прашање.
    Вил ќе троши РФ пари на Сара швалерката, за тоа има пари фамилијата.


    На крај имаа право да си ја кажат својата вистина,точна или не.
     
    На Tajnaotrovna, Lolipop23, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Ама ако невестава беше од Зелениково ќе беше-"се шета како селска визитарка по комшии и лае за свекрвата и јатрвата, па уште се жали детето не и' го есапеле, со вчерашен грав и' го ранеле, нашла па зашла, порано немаше леб да јаде, со еден пар гаќи им дојде дома, па и оној маж и' не да земе да си ја прибере, а не да дреме како некој ибрик..."
    Ама друго е америчка снаа ;)
     
    На smile:), Angie1432, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Се согласувам од првиот до последен збор, особено болдираното. Баш убаво изјаснето. :)
     
    На Idedemja и Cosmi им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Муабетиве ко комшии да ви се па се знаете :D
    Јас сум Кејт фан затоа што сакам жени кои знаат да се носат со улогата што ја прифатиле за себе. Ако не си за одговорностите што одат како член на Ројал фемили кажи си од старт, живеј си одделно и не плачи по телевизии.
    Не морало ни свадба толкава ни публицитет. Можело едноставно да помине со неколку наслови како Хери се оженил и живее во Америка со некоја актерка што се појавила во неколку небитни серии и филмови и толку. И ич да не не малтретираат со закачи кој што рекол и дали рекол. Па самоубиства па драми |( Мислиш со сила ги држеле таму.
     
    На burthdaykake, Ginger^, Celltica и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.136
    Пол:
    Женски
    Кога беше аферата за Вил со швалерката Сара роуз 2019 РФ ги замолкнаа моментално медиумите,ама за да го прикријат Вил се користеше материјал против Меган,татко и ,сестра и ,вадејки нејзин веш од прошлоста односно аферата се скри со фрлање кал на неа.
     
    На Yowannty, cresa-jagoda и Idedemja им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Чекај де, уште во медени години се, не останува и Хери без швалерка, не се секирај.
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.136
    Пол:
    Женски
    Јас не сум фан на никого.
    Како не морало,па морало венчавка по протокол ,нели.
    Ама аргументов , штом си се мажела за принцов,ке ќутиш , ке трпиш,нема да таласаш и ке трепкаш ко Кејт,не ми држи.
    Го знаела однапред секој детал на нејзиниот живот на дворот?
    Дојде американската разведена глумица,не беше прифатена ни од медиумите ни од семејството и тоа е се,не мораа да трпат,заминаа,и тоа по правила нели,требаше да побегнат после венчавката?
    а и ти знаеш кого да фаворизираш,Кејт,актерот на векот тука,за да стане кралица.:D
    Не е тоа работата,дали ке фати швалерка во иднина.
    Туку што со плукање и искористување на Меган, медиумите ја занимаваа јавноста во да ја скријат аферата на Вил.Рф не ја штитеше Меган,удирајки по неа удираш и по него,а несаканото дете Хари сепак испадна маж на кој му е на прво место жената,а не фејк семејството.
     
    На goddess.Of.chaos, Yowannty, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Абе за каков расизам се зборува не ми е јасно, да имало расизам Меган немаше ни под разно да влезе како снаа во кралско семејство, од старт ќе ја шутнеа, или од ко остана трудна демек им текна дека не е бела, не знам зошто го искористуваат терминот расизмот како сензитивна тема
     
    На smile:), tinka-mace, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.064
    Леле @Cosmi мене ми е стварно страв, дека Хари испадна колатерал на женски што си ја бркаат агендата. Он е само декор. Приказнава за заљубената наивна американка ич не ја купувам. И тоа ниту рф следам, ниту ук штампа ни бутур, џаст а филинг. Времето ќе покаже(waiting)
     
    На Celltica, smile:), Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.324
    Допаѓања:
    101.528
    Пол:
    Женски
    Вилијам имал афера?
     
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Гледајќи го интервјуто сватив дека во еден момент кога Меган одговараше на прашање - Опра направи една фаца како “види види ја малава”. Не е и она толку наивна, море.:nod:
    Секој ќе се одбрани доколку биде :nod:нападнат.
    Не го знаеме нејзиниот мотив за брак, но кој и да е семејството колку и да не ја сака требало да ја почитува како сопруга на Хари, ништо повеќе.
    Цело време пред да одговори се задржуваше неколку секунди водејќи внатрешен дијалог. Подучена е од некои стручни лица.
    Добро осмислена кампања Америка против Англија.
    Бременоста полн погодок.
    Хари со грижа на совест. Не можеше да ја заштити мајка си, но сопругата ќе се потруди. Еден многу важен момент. На почетокот на интервјуто цело време играше со прстенот. Мислам дека длабоко во себе се кае што воопшто дојде до таква ситуација.
    @orevokrsacka Немој сега не ми растурај филм. Само што го извадив кралскиот сет за чај од порцелан со позлата од 24 карати. Од утре во 6 ч. п.м. време за чај и сите по дома да ми се обраќаат со Војвотке и тоа со наклон.:D
     
    Последна измена: 12 март 2021
    На smile:) и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    as you wish :coffee:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Се пишуваше дека ја изневерил Кејт со нејзината друграка. Кралското семејство никогаш не го демантира ова, како и обично.
     
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    as you wish заборави madam:rofl:
    Толку за вечерва. Лека ноќ.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.