Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Британското кралско семејство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ph.orhideja, 28 април 2011.

  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.300
    Пол:
    Женски
    Е што од тоа што го кажа на интервјуто е вистина?
    Еве кажи, тоа го кажа и има докази дека е така.
    Освен дека ја покрила Кралицата со ќебенцето да не и е ладно :wasntme: :lol:

    Постојат протокли тука, се е јавно.
    Сепак сме парламентарна демократија.
    На крај на година се вадат сметки, се знае секоја сума кај е потрошена, кој каде бил.
     
    Последна измена: 13 март 2021
    На Tajnaotrovna и BloodElf им се допаѓа ова.
  2. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Е ајде сега, се што се пишува за Меган е измислица, а за Кејт дека била изневерена е факт.
    Извор на приказната: медиум објавил дека се скарале со другарката, па друг Американски дека сигруно за Вилијам (facepalm)
    И сигурно ѝ љубомори на Меган дека е поубава..

    Мене искрено тоа што не се "пегла" ми е знак дека е самоуверена и дека си се сака себеси.
    За брчките, мислам дека од секогаш имала таков изглед. Има дупчиња на образите кога се смее и бидејќи е преслаба отсекогаш ѝ делувале така. Подетално не сум ја зумирала да ѝ ги бројам.
    Затоа што излегоа докази!
    Еве настрана РФ, за сестра ѝ излажа, што повеќе сакаш?
    https://www.insideedition.com/media...r-half-sister-meghans-suicidal-thoughts-65373
    Делот со презимето :x
    Кога за сестра ѝ вака излажа, зошто би ѝ верувал некој за било што.
    А најискрено, кога објавија дека дека го напуштаат РФ имав позитивно мислење за нив, после ова - не.
     
    На tinka-mace, Dream-Girl, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Зошто би Меган излажала за сестра и, на интервју кое знае дека ќе го гледаат сите, зошто би излажала за нешто што може многу лесно да се потврди? Ако веќе мислите дека сето она што го кажала е осмислена лага за да бидат сожалени и да го „оцрнат“ кралското семејство, зошто би направила таков баш банален пропуст?

    Меган рекла дека 20 години не се виделе, сестра и рекла не, не 13 години не сме се виделе, како да е мал период. :drunk:
     
    На Idedemja и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.300
    Пол:
    Женски
    Заборавив да кажам за болницата и фамозната слика до бебето.

    Сите други од РФ родија во St Mary Hospital Lindo Wing во Падингтон, и сите таму се сликани, вклучувајќи ги и Дајана и Кејт.
    Меган роди во Portland Hospital во Marylebone. Зошто би и барале иста снимка кога не е Lindo Wing на скалите 0_Royal-baby.jpg
    Професија и е Принцеза на Обединетото Кралство кхм кхм :lol:
     
    На Biljarkata и BloodElf им се допаѓа ова.
  5. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Тоа неа да ја прашаш.
    Сестра и не рече дека не се виделе 13 години, туку сликата што ја искористи, што лесно може да се потврди од кога е со оглед на тоа дека е дипломирање е од пред 13, не значи ни дека последно тогаш се виделе.
    Тоа за презимето што го изјави ми е страшно.
    Не го изгледав целото интервју, ама се што изгледав од него ми е "банален пропуст".
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    Многу чудно влијаат британскиве медиуми кај вас,
    за Дијана велиш била распуштеница со љубовници,и што уште не,а за машкиов дел имаат љубовници ко да е нормално.
    Точно тоа и го продаваат со години,едно е неморално,друго е ок.

    Што повеке читам,сметам дека вистината е некаде на средина,и дека ништо не излажаа туку дека полoвично беше интервјуто,многу работи останаа во воздух па затоа и секој ги интерпретира на свој начин.
    се вадат работи од контекст,се бараат докази .
    Не мислам дека требало да молчат,и скроз е возможно дека се чувствувале ко жртви.
    Тие можеа многу повеке работи да кажат,не кажаа.
    тоа што таа беше подраматична во интервјуто не значи не ја збори вистината.
    Медиумите британски и нивните платеници знаат дали сакала и не сакала да се убие,јас,ти било кој?Таа си знае и кога го кажува не и верувате,па со кое право?
    Била глумица,па што,на РФ Холивуд не им е рамен ,па уште ги плаќате да ви трепкаат.
    А и кога ке сумираш ,сликата е јасна.
    Да пораснеш и да дојдеш да живееш на двор не е исто.
    Меган Б класа глумицата никој не ја рецкаше 2% ни РФ ни медиуми,ни британци.Факт.
    А ако признаеш дека ти треба помош,дека психички не си добар,а тие кои треба да ги известиш молчат и те одбиваат и тоа е океј?
    А притоа бараат да бидеш присутен секаде и да се навикнеш.
    И на крај РФ службено вели дека не знаела и дека им е жал.
    И треба на РФ да им се поверува? Yeah, right.:hai:

    Хари е огорчен на татко му и брат му со право,не осетил помош од нив кога им побарал.
    Дали сега се гребат?
    Не,веке година и пол живеат без заштита на Рф,а како возрасни луѓе имаат право и причини да си ја кажат својата вистина.
    Можеби на некој не би му требало публицитет ,некој би кажал и имиња.

    Тие заминаа и живеат живот каков што сакаат,и требаше храброст за тоа.
     
    Последна измена: 13 март 2021
    На cresa-jagoda, Lolipop23, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.144
    Абе интервјуто е 3 саати материјал, исфрлени се делови, може затоа нешто ви фали како информација.
    Мене ништо не ми фали, таман ми е и без него:D
     
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Јас не сум баш во тек, не ги следев никогаш порано, не гледав интервјуто. Гледам The Crown ако се рачуна :D

    Од мојата точка на гледиште, да сум родена во кралско семејство како принц/принцеза, тоа сноси свои одговорности. Привилегија да,, да имаш титула вауу , ама и одговорност. Се има своја цена.

    Со децении некој да се труди да ја очува монархијата како институција и сега јас излегла од нив и ќе ја рушам. Но, но!
    Би излегла ако не би можела да поднесам, ама би ќутала, не би никако излегувала во јавност, да ја блатам фамилијата, семејството пред се јавно, настрана монархијата. А зошто? Каков интерес може да се има освен желба за внимание и некоја лична корист. Дно.
     
    На PaLaVa, eliesaab, LovelyGirl3 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.846
    Кој знае што се крие позади оваа фамица. Не е нормално волку да се присутни они у секојдневието наше. Има нешо, ама што...
     
  11. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    19.935
    Пол:
    Женски
    Дијана имала куп љубовници, а глумела жртва. Изгледа жртва не се глуми според вас, само кога навистина си жртва. Ама што е важно тоа каков ти е животот и дали цел живот ќе го поминиш сама во креветот, додека маж ти, кој не глуми жртва е со жената што ја сака уште од вашата венчавка. Важно ќе станиш кралица некој ден.
    Хари си кажа дека наследил од мајка му на интервјуто.
    Кејт си старее убаво, а ботокс не става зошто ако стави веднаш ќе излезат слики пред/потоа, а не од што е скромна. Исто како што Вилијам сака да пресади коса, ама не пресадува зошто требало да е пример за помладите да се прифатат себеси.
    Да се прифатиш себеси, ама константно да глумиш пред јавноста дека се е совршено и да не правиш мн работи кои би те направиле среќен, нели заради правилата во монархијата. Ама битно да се прифатиш себеси. Колку контрадикторно.
    А Меган колку што сфатив прашала дали може да се обрати на психолог, психијатар. Мислам ти пишуваше еднаш дека Елизабета е кралица, ама наводно други и кажувале како да се однесува, што да прави, како и на сите во фамилијата. Ако тоа е точно, ете затоа прашала.
    Не им одговарале правилата, си заминаа. Сите што викате дека ако не им одговарало требало да се повлечат, ама ништо да не кажуваат, да не го клеветат семејството, замислете да се гледате постојано во весници, на нет портали себеси, секогаш во негативна конотација и да читате вадење прљав веж од минатото, а и мн лаги. Сигурно и тогаш ќе ви беше мн сеедно и немаше да реагирате никако вие.
    А со тие правилата на монархијата. Светот се менува, а со него треба и монархијата. Не може само модата да се пресликува во модните комбинации на Кејт и Меган. Од една страна нивното богатство е традицијата, ама мора да се и во чекор со светот за да опстанат.
    А коментарите за Хари и Меган, абе оставете ги, двајцата се со psychological issues, а на Вилијам и Кејт им било потешко, ама си трпеле. Ок е, сфативме, строгите правила за живот на кралството создаваат личности со сериозни психички проблеми.
    Значи некои работи е време да се променат, а кралството можеше да ја искористи Меган за да покаже дека станува полиберално и поотворено за промени, ама очигледно не е, а до кога ќе видиме. Секако Елизабета е симбол на тоа кралство, како ќе опстојува откако некој ќе мора да ја замени, живи били, па видели.
     
    На baguf4e, PaLaVa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Не сум го гледала интервјуто па не се осеќам компетентна да коментирам за дадената ситуација.
    Мене цела Кралска фамилија ми е чудна, не ни знам како функционираат искрено. Секогаш сите ми изгледале на ладни луѓе, само Хери ми беше најопуштен.
    Не би ме чудело ако се стварно расисти. Посебно кралицата, толку ми е одвратна на изглед :puke:. И оној принцот Филип, имаат нешто во фацата, не знам.
    Мене Меган ми е океј лик исто како Кејт. Излишени и смешни ми се приказните како тие ги гонеле пошто биле принцови. Океј, чил, знам дека е всадено тоа во глава дека жените трчаат по богати мажи, ама Елон Маск ми изгледа побогат од нив, не знам ете.
    Дијана имала љубовник, what a shame. Само Чарлс може да си имал швалерка, Дијана пу пу. Дома треба да ги думка децата. И да е точно, голема работа.
    Дали мислам дека интервјуто е потег за да се поткрене кратка фама? Да, мислам. На крај не денот се е едно шоу. Исти ми се ко Кардашијанс за Британци, ништо поразлично. Едино што фамилијата им е од памти век.
    Нешто уствари придонесуваат овие како кралици и бесови во Британија? Или само некоја таму хуманитарна акција и толку?
    Верно ми е дека и Елизабета не му дала на бебето титула, ви кажав, имаат нешто во нив, не знам, чудно, ми создаваат одбивност.
    Од што прочитав Меган била доста конфузна во целото интервју, шансите дека си додавала факти исто ми е верно. Не дека е глумица, тоа нема врска.
    Тоа што не била бремена и што таму ми е комично, стварно.:rofl: Не гледам причина зошто би криеле ако имала сурогат. Не дека е нешто табу тема побогу.
    И стварно ако сакаат да продолжат нормален живот нека продолжат, некако грд е овој потег со интервјуто.
     
    На MarijaMi90 и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.243
    Мене пак Кејт ми е поубава од Меган. Има многу подобра градба на телото за разлика од Меган која е како квадрат. Тоа што има брчки е намерно за да може обичната жена да се исповетува со неа а не дека неможат да ја наполнат со ботокс. Да ја видам Меган како ќе изгледа да не била дел од филмската индустрија. Настрана од убавината, на темата Меган ја доживувам како мало дете на кое што само што му станало јасно дека никогаш нема да биде принцеза. Жал ми е Меган ама си го земала погрешниот принц.
     
    На PaLaVa и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 18 март 2021
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.408
    Пол:
    Женски
  16. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир.
    Само не ја разбирам потребата да се клештат луѓево на ова.
    Океј, сфаќаме, убаво си поживеал, ама да ти е смешна статија за нечија смрт?!
    Само ова го гледам по порталиве, без онаа ":rofl:" не бива.
     
    На Bella •••, BloodElf, bicycle и 6 други им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    6D810CDD-4203-44B2-904B-51D9E0752EA7.jpeg
    :rofl:
     
    На Need for Speed, Srckata28, Lima24 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Меган Маркл нема да дојде на погребот на принцот Филип

    Принцот Хари ќе дојде на погребот на неговиот дедо принцот Филип следната сабора, а неговата сопруга Меган Маркл нема да присуствува, потврди Бекингемската палата.

    „Војводата од Сасекс планира да присуствува. На војводката од Сасекс нејзиниот доктор и советувал да не патува. Значи, војводата ќе присуствува“, изјавил кралскиот портпарол на брифингот во сабота попладне.

    Меган е бремена со второто дете и носи девојче.

    Хари се подготввуа да се врати во Обединетото Кралство во наредните денови и тоа ќе биде прв пат да е во таа земја по повеќе од една година. Тогаш за прв пат ќе се сретне со членовите на кралското семејство после интервјуто со Опра Винфри емитивано минатитот месец.
     
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.614
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.