Kate Middleton Интересна е свадбата, убава церемонија итн. мене ми е што ако девојкава се мажи за титулата, не за него? Многу е симптоматично..
Kate Middleton Хаха, да се одглуми е лесно, тој е убав маж според мене може го сака не викам не, ама СИГУРНО не е рамнодушна на неговото богатство, сигурно има нешто и во тоа ако не и поголем процент.
Kate Middleton Што му се дешава со косата на Бекам? Некако чудно е ''залижан'' ама срце е секако тој Инаку за свадбата немам коментар, сигурна сум дека секоја од нас би посакала вакво нешто хехех И невестата - скромна а прекрасна немам коментар, навистина.
Kate Middleton Дали е вистинска љубов или не сега не е важно. После 7 години врска кралицата нема да дозволи да му намести некоја друга, како тоа што го нпарви со Чарлс и Дијана, и после да има повторувања на историјата. Да, вака е се бајковито, а бе милина ама реалноста е далеку поинаква.
Kate Middleton Па, убава беше свадбата, ама побогу, не сме во Англија, хелоооу, во Македонија сме.. Што тооооку не интересира таа церемонија? И без тоа не владее над Македонија. Ама иначе Кетрин беше убава, скромна со насмевка и секогаш мавташе рака, онака, како добра самовила. Убава беше церемонијата, убаво смислена. Се гледа дека Кејт е скромничка, со оглед на тоа дека станува принцеза. Ок, да не должам многу, допрва ќе видиме каква е.
Kate Middleton Е ама оди улови го Бекам со онаа сучкана до него мислев од слободните* а лично не, ама затоа семееееејноооооо
Kate Middleton Целата венчавка ја прави фамата околу неа и милионите народ што се собрани за да присуствуваат, инаку сама по себе венчавката и не ми е баш нешто спектакуларна.Ако гледаме поединечно ниту фустанот не е нешто впечатлив а и букетчето што го држи дури мизерно можам да кажам. Не се разбирам во тие работи ама нели постојат правила таму во кралските семејства,дека и принцезата треба да биде со сина крв,а не обична девојка од колеџ, ама ако стварно се сакаат нека има е со среќа. И за крај и за неа нешто да кажам, девојката воопшто не ми е убава, остајте насмевка, коса незнам што сето тоа се прави, се гледа дека нема природна убавина и остри црти ми има некако, штознам мислам дека можел и поубава да си најде... хахах
Kate Middleton Ама привилегиите кои доаѓаат во пакет со бракот малку ли се??? Добра зделка направи мајка и што а испрати во Ст. Ендрујс каде што учеше и Вилијам.
Kate Middleton Па да ти кажам од такво тинтрање и третман на вистинска принцеза да има се што ќе посака на дланка, па дури и ќе го засака ако не го засакала досега ххахааха
Kate Middleton Море море колку сме активни на темава хахахха додека сме под еуфорија уште иначе се согласувам со плавуша темава треба да ја преместите во Свадби
Kate Middleton Еј да на последниве слики што ги постиравте фустанот многу поубаво изгледа отколку на првиот мој впечаток. А зошто да се префрли темава, па и свадбите спаѓаат во мода и стил.
Kate Middleton Некаде околу 8 години се во врска, да глуми 8 години мислам дека ни еден нормален не го прави тоа... им се гледа во очите како што кажаа повејќето феминки, дека се сакаат. Искрено и посакувам на Кетрин да ги издржи сите притисоци, многу се слатки двајцата.
Kate Middleton Привлегиите им се огромни,кралицата Елизабета е владател на 54земји во светот,над 2 билиони луѓе и плаќаат апанажа,а принцот ќе ја наследи а со самото тоа Кејт/Кетрин некој ден ќе биде кралица,што и не е мала работа,и да мајка и на Кејт одлична инвестиција направила кога ја пратила во Ст Ендрујс
Kate Middleton Ехее и тоа како е пресметано а иначе успеала морам да признаам иако лошо мислам за нејзе дека има скриени намери кои се МНОГУ очигледно всушност, сепак, обична девојка без ни капка сина крв им се пикна во кралското семејство и тоа не обично, според мене најјакото на светов.Ќе видиме до кај ќе тера, многу интриги ги очекуваат ама Кралицата штом стигнала дотука не дозволува да биде изиграна од таквите интересно ќе биде морам да кажам Па сигурно не ја третирал најобично сигурно била припремана за титулата ако не од почеток барем последниве месеци или години, на кој не би му се свиѓало тоа Хова? Знаеш колку има такви во државичкава наша се мажат за нашиве бизнисменчиња или ако има плата над 30 илјади, а не па за принц и тоа не било кој! Па уште и дете да роди, и готово толку и треба ако не и е и тоа идејата. Реков, може го сака, ама љубовта и ја поттикнуваат мислите дека сега кога малку по малку ќе биде принцеза ќе живее живот за кој сите сонуваат.Тој и пружа се што ќе посака, понатаму и уште повеќе, а од кај знаеш дали нејзините не ја поттикнувале од дома да оди со него, да биде племенита итн? Мислам осмехот на татко и е повеќе од очигледен! Тука има многу повеќе од љубов, тука има ИНТЕРЕС. Додаток: Далеку е од Лејди Ди.
Kate Middleton леле луѓе кој крш и лом е интернетот, не ми се верува, едно мислење неможев да испратам, ова сите засукале ракави, па и јас со нив . Ептен е гужва ! Инаку погоре видов слика од Бекам и Бекамица и неможам а да не искоментирам, Бекамица навистина е промашај, како да оди на погреб Боже ми прости! Бекам е убав, ама за свадбата и двајцата можеле поубаво да се средат, не ми се свиѓа Бекам со залижана коса.