Kate Middleton И мене ми се допаѓа. Максимум што може да се извлече од една англичанка (се зезам). Фустанот е добар, ми се допаѓаат чипканите ракави, но надоле не е нешто посебен. А да, и многу повеќе ми се допаѓа оваа принцеза отколку Лејди Ди. Таа искрено не ми изгледаше на принцеза - косата кога ќе ми текне каква и беше. А нели принцезите имаат долги коси. Но Лејди Ди добро се покажа во социо-општествените односи, во тоа беше одлична и затоа народот ја сакаше.
Kate Middleton A oд каде знаете дека не е се испланирано? Мене пак понеприродно ми е да го чекам дечкото 7 години за да ме побара за жена . Хах, па за домашниве миленици гледаме со која раса ќе се парат, а во кралско семејство, верувајте, ништо не е случајно, ниеден избор не е резултат на лична желба, туку на решение донесено од милион носиња пикнати во манџа која не е нивна. Мое мислење е дека Кетрин поубаво ќе си помине ако за разлика од покојната Леди Ди, биде подискретна за медиумите (многумина тврдат дека баш тоа што Леди Ди била The People Princess најмногу ги живцирало Чарлс и Елизабета) иако според тоа како кокетира со камерите нон стоп и си ја покажа цела гардероба уште пред да се верат, ќе си сака публицитет и тоа како . Инаку за тоа што немала титула, допрва ќе и се трие од нос, ама ај... и на Елизабета мажот немал титула, не е којзнае што. Инаку многу ми дојде интересен моментот дека венчавката беше од сабајле затоа што знам дека порано било традиција кога се венча пар во кој само едниот има аристократско потекло, свадбата да се одржи во утринските часови (иако тогаш тоа било баеги порано од 11 ) демек помалку луѓе да ги видат. Ова е факт далеку од тоа затоа што мислам дека нема кој не ја виде денес свадбата сепак мислам дека имаше маала симболика во тоа.
Kate Middleton ^Принцот Филип,сопругот на Елизабета не е без титула,тој е Грчки принц,престолонаследник
Kate Middleton Јас не знам зошто би и биле парите, кога нема да смее да ги потроши како што сака Спојлер Добро освен ако не умира по костум и шапка.
Kate Middleton И мене не ми се веруваше дека е без титула.Како и да е досега сите биле со благороднички семејства поврзувани
Kate Middleton Теси,ти веруваме дека ништо не е случајно.Не бери гајле. И си живееа до крајот на животот!Ди енд!Клуч на темава!(се зезам )
Kate Middleton да Теси е во право, само тоа со 7 години чекање да ја запроси има логика, другарка ми дечкото го чекаше добри 11 години да ја запроси, дури не правеа ни планови за време на врската, беше и скептик дали ќе ја земе, а постојано вели дека го сака.
Kate Middleton Убава е комплетно. Венчаницата-убавини, нежна шминка, ненападна фризура, прекрасна тијара. Целосно ми се допаѓа. Не е натрупана во кичерај и останати џиџи-миџи што повеќето ги сметаат за раскош. Ова е раскош. Убав пар се и се гледа дека се сакаат. Неможе да има некој врска од 7-8 години и да глуми . Многу ми се глупави коментарите од типот можел поубава да си најде. Па негов избор е. Можеби и вашиот дечко можел поубава да си најде па вас ве избрал. Нека им е со среќа!!!
Kate Middleton Порано да ама сега веќе е нормално да си се земаат со кого сакаат,повеќето бракови на модерниве принцови и принцези се со обични луѓе. Данскиот престолонаследник е женет со обична девојка од Австралија Шпанскиот престолонаследник исто е женет со обична девојка,новинарка Како и да е им посакувам среќа..
Kate Middleton Ехее и тоа како е пресметано а иначе успеала морам да признаам иако лошо мислам за нејзе дека има скриени намери кои се МНОГУ очигледно всушност, сепак, обична девојка без ни капка сина крв им се пикна во кралското семејство и тоа не обично, според мене најјакото на светов.Ќе видиме до кај ќе тера, многу интриги ги очекуваат ама Кралицата штом стигнала дотука не дозволува да биде изиграна од таквите интересно ќе биде морам да кажам Па сигурно не ја третирал најобично сигурно била припремана за титулата ако не од почеток барем последниве месеци или години, на кој не би му се свиѓало тоа Хова? Знаеш колку има такви во државичкава наша се мажат за нашиве бизнисменчиња или ако има плата над 30 илјади, а не па за принц и тоа не било кој! Па уште и дете да роди, и готово толку и треба ако не и е и тоа идејата. Реков, може го сака, ама љубовта и ја поттикнуваат мислите дека сега кога малку по малку ќе биде принцеза ќе живее живот за кој сите сонуваат.Тој и пружа се што ќе посака, понатаму и уште повеќе, а од кај знаеш дали нејзините не ја поттикнувале од дома да оди со него, да биде племенита итн? Мислам осмехот на татко и е повеќе од очигледен! Тука има многу повеќе од љубов, тука има ИНТЕРЕС. Додаток: Далеку е од Лејди Ди.[/quote] Морам да реплицирам на вакви коментари,полни со скептицизам. Прво секој родител на свадбата на своето дете е среќен и се смее,освен во некои случаи.ПА и Kралицата се смееше,нема да плачат,сепак е среќен и убав момент. Штом бракот се склучува,не мислам дека има ограничување за потеклото на девојката. Тие биле долго време во врска и нормално дека била свесна за улогата и начинот на живот кој ја чека доколку се омажи за принц.А бракот е со благослов на Кралицата,и верувам дека добро се запознаени со снашкава.И не мислам дека е темава за во свадби,затоа што оваа категорија е МОДа И СТИЛ,а стилот е начин на живеење.
Kate Middleton Се согласувам дека веќе не е толку строго иако правила се запазуваат и се тоа, ама реков и погоре не е обичен принц, сепак во другите земји што имаат кралство да го видиш на улица да не знаеш дека е принц нема ни да го познаеш, додека В.Британија си е многу традиционална по тоа прашање си пазат на се.
Kate Middleton Мене ми е убав фустанот Не очекував нешто накинџурено, а и повеќето фустани на другите луѓе беа обични со тука-таму фатено/скратено. Повеќе акцентот е ставен на шапките. Се нафатила на ова, силна е таа, сигурна сум дека добро ќе се снајде во сите тие обврски. Мило ми е што не е од кралско потекло. Јас гледав до делот со кочиите кога ги возат, вечер ќе ја догледам. Мајка и на Кејт, сестра и , и мислам Камила беше тоа во крем боја облечена ми оставија добар впечаток. Принцот не ми е баш симпатичен ама добар беше.
Kate Middleton Плавуша ми се чини дека веќе и сама незнаеш што сакаш да кажеш...измеша баби и жаби. Он топик: Свадбата според мене беше прекрасна.Вистинска бајка.И Кејт и Вилијам и венчаницата и целата церемонија...се ми е совршено И шпекулациите како на пример дека Кетрин се омажила со Вилијам ради пари ми се скроооз без везе. Како прво,нејзиното семејство има и предоволно богатство за да би се решила да се земе со Вилијам само поради парите. Како второ, кралскиот живот е навидум идилична приказна,и не дека нема привилегии,ама со себе носи и многу тешкотии и проблеми.Чист пример за тоа е Лејди Ди.А и целокупното кралско семејство,и во минатото и денес.Доволно е да се изгледа еден филм на оваа тема и се добива реалниот приказ на таквиот живот.Не е воопшто толку бајковито како што изгледа. А и Викторија и Дејвид Бекам ми беа совршени.Баш ми се свиѓаше стајлингот на Викторија.Една од најубаво облечените на венчавкта.Какви беа само одвратни ќерките на Камила И воопшто,они двајца ми се пример за идеален пар
Kate Middleton аха да заради парите го зеде Се гледа љубовта помеѓу нив им блескаат очите од среќа А фустанот мене ми беше баш совршен па вие само мани најдувате можела и подобар мене ми е баш едноставен и совршен права принцеза а едноставноста се цени повеќе на денешницава.
Kate Middleton Се што кажав го мислев.Се е можно реков, реков и дека е можно да го сака бла бла итн. тие си знаат.Тоа во кое јас верувам, а не сум единствена, е дека интересот преовладува иако може да постои и љубов од неа кон него.Тој, штом се одлучил на ваков чекор дефинитивно ја сака. Инаку канал 5 какви дезинформации сега гледав 10години врска и тијарата била подарок.
Kate Middleton Им се гледало љубов,блескале,а-у.Тие укочени,си повторувале у себе шо следно треба да праат,се запнавте за тоа што им блескало од очи бе. Преубаво за очи беше се,тоа е сигурно.
Kate Middleton Убава венчаница, а девојката е мила Па кога ќе видам коментари не е ништо посебно... А што треба да биде? Ѕвезда да и свети над главата? Пих. Којзнае колку била нервозна, толку луѓе да ти го гледаат секој потег, секој поглед... Јас не би сакала ваква венчавка(нели де, големи се шансите токму ваква и мојата да биде ), би ја снмеало убавината, само нервозата би останала.