Се изнаживеа. Камо сите да поживееме колку таа што живееше. Дека ми е нешто жал, не ми е. Не е тајна дека беше сурова. Да, обележа голем период историја, ама тоа не ја прави по автоматизам добар владетел. It is what it is.
Нека почива во мир . Прашање е дали знаеше дека постои државичка што се вика Македонија .. ? Веројатно ја болело увото за нас , така да не се потресувајте . Дека одбележала голем дел од историјата на ВБ , не е спорно , но реално на нас тука не ни менува ништо . Дали е жива сеуште , или не е , исто ни се фаќа .
Има точен ред кој наследува. Хари би бил крал само кога Вилијам и сите негови деца починат пред Хари. Ако не, следи Џорџ, па Шарлот, па Луј... Тек тогаш доаѓа на ред Хари. @CrazyGirl15 секако знаела дека постои Македонија. Лично ги примаше сите амбасадори на UK во земјава пред да дојдат на служба. Чарлс Гарет е исто така одликуван од неа.
За тоа дали Кралицата и Чарлс дале да ја убијат дијана не ми е баш верно зашто и Доди Ал фајед имаше црно минато со мафии и слично. Па може за него било местено е сега што Дијана се нашла во колата. Како и да е никогаш нема да знаеме ама дека е убиена е. Тој круг на луѓе живеат во посебен свет не е ни блиску како нашиот и никогаш нема можеме да претпоставиме како е да си во таа фамилија или како што вели Хари - Фирмата. А тоа дека не е на Чарлс чисто сумњам, само личи на вујко му Спенсер.
Се омажи за свој братучет (имаат заедничка прабаба со Филип), го покраде и колонизира пола свет, беше симпатизер на нацистите за време 2 Светска (заедно со цела нејзина фамилија), беше монарх на земја која ги палеше нашите сонародници со напалм бомби, земја која ги правеше и прави најголемите срања во светската политика посебно во однос на Балканот.. Затоа ја врзувам шамијата на глава и одам да плачам и тажам пред британска амбасада.
Точно. Доди беше врзан со мафија а животот на Дајана уште додека беше во брак беше исполнет со афери ,не беше само Чарлс ,мислам тоа е реалноста. Оние кои го следат семејството знаат за што зборувам
Дајана не сакаше да се омажи за Чарлс таа сакаше друг човек, дури и на самата свадбена цереморија таа била тажна. Убиена е тоа е факт,па колку сакаат документарци нека направат. Работата беше дека народот во UK и општо во светот ја обожаваа Лејди Ди, немаше весник каде не се спомнуваше нејзиното име, нејзините чекори,дела и тоа е очигледно многу и сметаше на кралицата буквално ја фрлија во сенка. И се спремаа и други работи чиишто ја “заменуваат” кралицата. Тоа што ги надживеа годините,го живееше максимално животот и умре природно е едно, нека почива во мир. Но, тоа што го правеше додека беше жива воопшто не е за оправдување. Тоа е веќе завршено,крај на една ера. Сега почнува нова ера со кралот Чарлс кој мислам дека ќе биде пресврт во светот и Британија нема да биде тоа што беше. Тек допрва ќе биде полошо. Нажалост, тој одамна не се обиде да се докаже и да стекне доверба пред народот. Додуша, семејството си е контраверзно. Меган се обиде да се истакне пред јавноста,па потоа не отиде во Бармолар. Што ви кажува сѐ ова? Антипатична ми е, некако страшно глуми пред камера а ко ќе ја погледнеш во очи… Така да, Хари ептен избрза може и дека беше притиснат од јавноста.
Бреј бреј колку експерти тука. Кој кого убил, кој пуштал бомби, мајке ми, повеќе знаете од било кој. Самата појава на Камила ми е страшна. Дај бе нека се повлечат Чарлс и Камила.
Дајана потекнуваше од познато семејство и имаше "кралска крв" за разлика од ,пример Кејт која потекнува од средно ситуирано семејство и нема кралска крв. Кај нив точно се знае редоследот. Вилијам ке биде следниот крал после Чарлс. Хари нема да биде крал никогаш. Меѓутоа Хари за разлика од Вилијам е исклучително поврзан до баба му , ова го истакнува во речиси сите свои интервјуа
Хари да бил толку близок со бабава немаше да дозволи Меган да ги оцрни сите. Нит ги обожавам едните ниту па Меган ми е омилена.
Факт е дека под водство на Елизабет Велика Британија ослабна и беше уништена автентичната британска култура која беше супериорна во светски рамки.
Не би рекла дека Кејт е од средно ситуирано семејство.И татко и има милиони.Плус учела во најскапите и најдобри училишта,така и го запознала Вилијам.
Не се слагам дека под водство на династијата Виндзор државата беше слаба. Напротив, државата беше најстабилна за сите овие години монархија на Елизабет,што секако се сомневам дека Чарлс има моќ да го одржи. Елизабет им беше столбот што ја држеше и државата и династијата ,сега мислам дека истото ке оди малку потешко ,ама ке видиме.