Ќе им појасниш дека си мислела на индијски ореви... Индија била нивна колонија па ќе се воодушеват веднаш и ќе ти дадат виза. Не џабе рекле србите (а србите кралот Чарлс одувек ги поштуел): „Снаџи се па путуј!„
Hari e pluknat dedo mu filip Prince Harry's uncanny resemblance to late grandfather Prince Philip - see sweet photos | HELLO! https://www.hellomagazine.com/royal...y-resemblance-late-grandfather-prince-philip/
Од кога го слушнав разговорот помеѓу Дијана и Камила, во однос на Чарлс, ми се згади од таа жена! Права уличарка!
Камила изгледа постаро од покојна Елизабета што имаше 96. Грда жена многу. Покрај лепота како Дијана да ја избереш Камила за швалерка, Чарлс бил опериран од вкус.
А што има врска лепота со љубов Ги ставиле во договорен брак со Дијана, а уствари краљевич и Камила имаат љубов цел живот. Нели е ова приказна дека вистинската љубов победува.
Уствари ,пред бракот со Дајана ,Чарлс бил во врска со нејзината сестра ,така и уствари Дајана го запознала. Кога доаѓал во нивната куќа. Подоцна е договорен бракот со Дајана која во тоа време била многу млада. А за целото тоа време Чарлс бил во врска со Камила за која се вели дека е единствена негова љубов ( каква и да е за жал)
Дајана беше класа за Камила во секој поглед, Чарлс не можеше да ја земи Камила затоа што не потекнува од благородничко семејство плус веќе и била во брак. Двата ми се погодениеден за друг се
Хари е глупав и оди како муле по злобниот план на Меган, мхм. Сигурна сум дека нема никаква врска со тоа што ко прво 5ти е по ред за да стигне до крал и нема поента да живее стиснато цел живот кога може да е слободен и второ, сигурно тоа како мајка му била третирана нешто му значи и веројатно сакал да се оттргне.
Абе ние дома си ги решивме проблемите, па сега ќе го мислиме и Британското Кралско Семејство. Искрено, ич не ми е гајле кој-со кој си живеел, кој 'чинел', кој 'не чинел'
Не знам дали го гледаше некој крунисувањето, пред да го крунисаат Чарлс само мене ми се виде по усните дека вели finally?
Никогаш не ми се допагало ова семејство. Сите ми се некако мрачни и како да чекат само да стигнат до престолот. Како сите да ја чекаа бабата да си замине. И бабата покрај нејзината мила насмевка ми имаше нешто страшно во неа. Освен Хари сите ми се како да чекаат тој пред него да го турнат. Диана ми е сосема друга од нив. Бев мала кога почина уште се сеќавам на погребот како беа снимките. Не сум експерт ама некако верувам дека во нејзината смрт се вмешани Чарлс, Камила и бабата. Не ја сакаа. Има толку многу пишувано околу тоа. А Диана сите ја сакаа и уште на големо се зборува за неа. Камила ми е синоним за човек да се преплаши од неа. Си одговараат со Чарлс. Имаат некоја злобна фаца, и на крајот успеале во нивната,, љубов". И за Диана имам читано околу нејзините афери, ама па и на она што и како живеела во палатата, не е ни чудно. Со такви олоши и таков живот што требало да прави, да го чека оној со престилка во раце додека е со Камила? Како и да мене ништо не ми значи, ниту па нешто се потресов околу нив. Само ми е чудно како имаат толку долг живот овие од палатата? Каде се другите деца на бабата? Зошто само Чарлс се спомнува, а останатите 3? Јас скоро и дознав дека има брат и сестри.
Во моментот кога Чарлс и Камила се запознаваат ,Камила не е мажена. Слободни се и двајцата , она имала 24 години. Он заминал во војска и кога се вратил Камила веке ја омажиле за друг. Понатаму другото е знаете, историја. Нема споредба секако Камила со Дајана,во никој поглед,ама мене интересен ми е фактот што 80%од Британците денес ја обожаваат Камила уствари...мене не ми беше сфатливо никогаш ,пред се заради убавината на Дајана и нејзината грациозност ама излегува дека ете на крај една голема љубовна приказна ги надминала препреките @anggell се спомнува само Чарлс бидејки е престолонаследник. Другите се спомнуваат ама секогаш повеке во сенка. Истото е и со Вилијам и Хари. Вилијам и Кејт се секогаш поштедени од папараците баш поради фактот дека ке биде престолонаследник. За разлика од Хари и Меган кои се секогаш мета на жолтата штампа и омразата од папараците
Не можеш по фаца да процениш туку по однесување. Генетика. Чарлс како најстар син е наследник на престолот затоа е најпопуларен.
Папараците ја мразат Меган а не Хари. На тикток ми излезе видео каде Меган ја гледа во очи кралицата (сега веќе покојната),а таа и возвраќа па спушти глава. Истиот потег го направи и на погребот на Дајана и го прекрши кралското правило. Додуша и Хари не беше баш рамнодушен со оглед на тоа дека кралицата секогаш имаше шат мат во рацете. Во коментарите под видеото некој пиша дека Хари знаел дека Меган е следна исто ко мајка му. Отсекогаш тие двајца биле личности од втор ранг. Меган не знаела дека има кралски протоколи ама дека добро знаела во што се впушта и те како знаела.
Па јас и по фаца, а и однесувањето свашта има пишувано за нив, баш не се цвеќенца Чудно.. Како се собрале од двете страни со таква генетика и бабата и сопругот нејзин пред 100 ка.
Pa isti predci imaat be, mislish tuku taka se biraat i za kralevi, i za partneri Inache ne mislam deka ima vrska genetika, kolku shto ima vrska medicinska nega. A koj bi imal top medicinska nega, prvenstveno preventivna, ako ne lider na vodechka drzava. Sigurno ima vrska i disciplinata, disciplinata e polovina zdravje, ako ne i 3/4.