Да, после 5к фунти секој што прв пат оди во Англија има данок плаќа за кралицата мислам е. Секој изработен час по фунта и нешто ти зема. Фактички тие се хранат и уживаат се на грб на обичниот народ.
Како риалити шоу се, луѓето сакаат драма и такви свечени манифестации да гледаат, атракција се, затоа уште опстојуваат. Ќар од нив реално никаков.
Мене стварно ми беа тажни, јас секогаш сум коректен и фер си плаќам даноци и во земјава, ама ова таму ко разбрав дека му плаќам нив за да јадат пијаат и да се мрсулат по телевизии и продаваат бубрези, зоврев.
Па и овде е така додуша Си лапаат пратенички плати и нѐ крадат плус, таму бар законски смислиле како да им даваш поише пари. Бар да биде леџит
https://www.telegraph.co.uk/royal-f...isses-king-charles-outside-buckingham-palace/ Кога ќе помислиш дека си се изглупирал за нешто во животот, сети се дека има и вакви личности... По Чарлс лудуваат, леле бе, светов стварно полудел.
Не би се дразнал да споредувам со нас ич оти се напред светлосни години. Кај нас е дно дна, и за крадење е почеток без крај...
Би требало така да биде, но факт е дека сите се поврзани еден со друг. Тони Блер секако веќе го окривувам, ама не е дека и тие се чисти. А, и каква лично полза ние имаме од неа? Украина прва ни укажа помош и прати во 2001. Секогаш не' поддржуваа, ама сега во оваа војна меѓу нив и Русија, македонче ја поддржува Русија нели ипак "братски" народ, важно да не им се замериме, а тоа што вртиме грб на некој кој прв ни подаде рака во 2001 и многу порано не е проблем.
Само отвори фејзбук и ќе прочиташ и повеќе од што треба. Фб експертите одамна ја оправија ситуацијата.
Тогаш зошто се држат за титулите ко слеп за стап? Зошто не живеат повлечен живот како што збореа пред да го напуштат кралското семејство, туку глумат ројалти во Америка. Која ќе беше Меган без статусот од тоа семејство? Д класа актерка за која никој не знаеше (па ни Хари), после 100 год аудиции доби улога во серија која се емитуваше само на локална тв во Канада, во која притоа ангажманот и завршуваше баш кога го најде Хари. И врапчињата знаат оти на секаков начин настојувала да дојде до високите англиски за кругови со цел да се поврзе со некој англиски богаташ. Прво бил некој фудбалер, ама тој баш не се заиграл, но ете Хари се фати на јадицата. Никако не му ги отвори очите. Си ги отвори нејзините, а него го претвори во катанец нејзин само за статусот. Меган е нарцис, а животот со таква личност никој не би го посакал. Ја искористи менталната осакатеност на Хари од прераната смрт на неговата мајка, му се постави заштитнички (мајчински) на почетокот, нешто што на него цел живот му фалело и сега го игра како сака. Таа не комуницира со никој од нејзините, му ги направи истото и на него. Класичен аутсајдер. Популизам. Англија печали бајаги на тоа семејство. Не дека и тие не трошат, ама да, привлекуваат народни маси од секаде во светот.
Ако Меган и Хари "бегаја" од медиуми, немаше Меган секој втор ден да се појавува на интервјуа и да зборува против фамилијата. Фамилија ко фамилија, никаде не е совршено, а не пак кај нив. Фасцинантно ми е како толку години издржале, целата нивна историја, роднини се со сите кралства, Русија, Шпанија, Шведска, Грција.
Не знам до толку чоек. Претпоставувам имаат ќар да се водат ројалти и тие, и кај нив нешто да капне од џебот на народот. Во спротивно, да не работат у фабрика?