Се карате тука за луѓе што без никаков потенцијал и заслуга се во око на јавноста, или се ушлепале на такви за да уживаат луксуз и комфор. Се друго е релативизација, на пример смешно ми е како земале на темава Меган да ја жалат, за грев била отфрлената не знам ти што, уствари она да имала некаков талент, креативност и потенцијал немало на овој да се закачи. Истото важи и за другата. Истото важи за овие двајцава што никакво позначајно достигнување немаат освен што се родени во одредена фамилија. Место да се восхитуваме на луѓе кои со сопствен труд се издигнале во животот и направиле нешто значајно за човештвото и општеството, сме земале да мериме Кејт или Меган дали биле подобри. Сфаќам сеир муабет ама ова ми е тотално несфатлива фазцинацијава со ројалс во Македонија , генерално и настрана од темава и форумот.
Reality show. Никој не зборна за нападот на Фолкландските острови, за плеткањето со нацистите во Втората Светска војна, за Брексит, за тоа што пола планета ја имаат освоено...
Па добро ако не се од жута штампа информацииве дека децава не постојат,од каде е инфово? Што знам мене ми е СФ да дадат титули на деца кои не постојат и ги изнајмиле. Плус има слики и видеа од децата. А сега кога станаа принц и принцеза може ќе се појават на ројалити настани. Можеби затоа не ги носеле досега.
Имаш безброј канали на јт на луѓе кои се разбираат и од фотошоп и други работи кои се бават со ова, ама твое си е да си веруваш во што сакаш. Значи ако живееше Елизабета уште 10тина год, Лилибет дури тогаш ќе ја однесе некаде? Во стилот, еве ја тинејџеркава еднаш што се роди ако ви текнува, сега сака и официјално да ви се претстави . Се зафркаваш дека не ги носеле заради титулите? Како да не.
Па нормално дека ќе му ги укине финансиите кога несака да биде дел од сето тоа,не сакаат да имаат обврски.Кралството живее од даноците на народот,и најчесто се занимава со хуманитарни организации.И сега ем несакаш да си дел од кралството ем сакаш да трошиш.Он не е лишен од наследството,има добиено иста сума на пари како и Вилијам од мајка им.
Битно е зошто цело време до драмата со ројалс и одговарало да биде бела па и кожа избелувала, ама сега за жртва е мешана накај црна. Само затоа, иначе може и шарена да биде, гајле ми е.
Меган сама си го бараше, прво и основно семејство и се, па какви и да биле. А не пред цел свет да кажува кој на кого натерал да плачи, мизерно. Еве и за Кејт има, дека намерно се запишала покасно на универзитет за да го "фати" Вилијам и го скарала со бившата. Обичниов народ колку врски намерно растура ехее ама ова дека Ројал..
Кејт не е воопшто пресвета. Кејт си ја игра улогата која ја има маестрално. Не е склона на скандали, мирна е, совршена кралска снаа и идна кралица. А меѓу четири зида кој знае каква е. https://www.vecer.press/двојничката-на-кралицата-елизабета-с/ https://pagesix.com/2022/09/10/king-charles-told-harry-not-to-bring-meghan-markle-to-balmoral/
Баш затоа и Кејт и Вилијам заслужено би биле на престолот. Какви и да се приватно, пред народот задачата ја вршат одлично. Внесени се ептен во улогата.
Тоа и ми е поентата. Тие имаат работна задача како да се однесуваат, што да прават. Секоја минута им е испланирана. Затоа и ја викаат Фирмата. The Firm. Позади нив работат 100 души.
Оф мори мајко. Колку ни е труло општеството, значи не ми се верува. Македонци фатиле да ја споделуваат кралицата на Англија а немаат никаква допирна точка со Англија не па со кралското семејство... Стварно не разбирам како се толку погодени и тажни луѓево? А бранењево не само на кралицата туку на цело кралско семејство ми е пресмешно. Јавна тајна е што се случило со Дајана, јавна тајна се расизмот, секс скандалите, поврзаноста со педофилија, изневерувањата... Не знам дали Меган е таква ко што сака да се претстави, ама дека намерно и правеа медиумски хајки е факт, оти беше единствена што се спротиставуваше на фамилијава. Не беше голем фактор оваа за да ја убијат, со послаби постапки се служеа. Иначе fun fact, многу луѓе од Индија, Ирска, Австралија и Нигерија ја славеа смртта на пресветава кралица пошто никогаш не направила ништо добро во врска со системската експлоатација на гореспоменатите држави.
Не смее да се дискутира за нешто друго освен за Македонија? Што не е кажано за Мк а да не го знаеме? Еве јас лично, кога читам/гледам за нив ми е рилекс тајм пред спиење обично, а иначе нити ми се пресвети, нити ќе ми дадат од тоа што го имаат, туку баш ми се само за мозок ладење.