Kate Middleton на точка пак пишува дека и позајмена од Елизабета, а дали ќе и остане како подарок не се знае.
Kate Middleton Денес не блеска само насмевката на Кејт. Тијарата која ја краси нејзината глава е дијамантска тијара на Cartier, која за свечената прилика ѝ беше позајмена од самата кралица Елизабет. Тијарата е изработена во 1936г. и била подарок за 18-тиот роденден на кралицата. Сè уште не се знае дали тоа ќе биде подарок од кралицата за Кејт. Ова го пишува тука на фемина, прочитав и на други места дека е позајмица, затоа и пишав дека канал 5 дезинформираат јавност Тијарата треба да се заслужи повеќе од 70 години е стара не се дава туку-така
Kate Middleton Мене овој Вилијам не ми е ништо посебно, но за разлика од татко му е лепотан, а Кејт е повеќе од прекрасна, фала Богу дека не е земена од улица, односно и таа има некое познато потекло. Искрено, не би сакала ваква свадба, има право Рејнбоу, премногу нервози носи ваква венчавка, плус би била премногу напната нешто погрешно да не се случи. Воедно ми се допаѓа како е облечена и средена Кејт, прекрасна е.
Kate Middleton Ја видов венчаницата на повеќе слики и сега веќе не се сомневам - прекрасна е кога ќе ја загледаш убаво со многуте детали. Принцезата на сликите не ми изгледа воопшто впечатлива, веројатно да ја гледав церемонијата ќе имав поинаков впечаток, вака ми е безлична. Едно не ми е јасно. Фустанот е убав, но што го прави толку вреден? Во некои од коментарите прочитав сума над 400 000 фунти?
Kate Middleton Не е тоа значењето на 7 години дека навистина чекала да ја побара за жена, тие имаа врска од толку време не дека таа чекала да ја побара 7 години. Ајде ќе земеме за пример некоја х особа, имаат врска со дечко, и одат година две, не знам колку и сакаш да кажеш дека девојката од првиот момент на врската чека дечкото да ја побара за жена, не разбирате се од тоа што го пренесуваат медиумите. А за тоа дека и куче се гледа од која раса е во право си, па и јас и ти бираме со кој ќе бидеме нели? Порано може се живеело од љубов ама денес кој сака нека ми кажува јас не верувам. Така да Кетрин си е сосема на место, имал девојки принцов ама ниедна не успеала како неа, секој и чест. Кој нема да е горд ако ќерка му се омажи за принц, итоа за англискиот.
Kate Middleton Све е рачна изработка,чипката,има амблем на самата монархија која е сошиена во склад со фустанот,бисерни копчиња итн..а цената се шпекулира дека е околу 100 000 фунти За најдобро облечен пар се прогласени Бекамови,Викторија совршена шапка,совршени штикли и Дејвид како аccessory
Kate Middleton Јас додека не седнав на нетов не видов дека и кај нас се кренала фама околу венчавката. Мислам ок е, се венчале, им значи тоа на Британците, ама за мене нема воопшто никаква важност, чисто онака, како fun fact ми е ова, да се знае од култура. Ама друго не би навлегувала во детали, или пак да ја гледам церемонијата толку часа.
Kate Middleton 434 илјади долари прочитав, дело на Сара Буртон која работи за брендот Александар Меквин. Искрено вака на слики венчаницата ми е преубава, она стварно изгледа прекрасно во неа. Ама кога ми искочи од кочијата очекував нешто wow, а го немаше тоа. Али добро па од друга страна ако имаше венчаница во стил на Дијана, одма ќе имаше и такви муабети. Затоа и ми се допаѓа што е поинаква. Срцки се бе. И да Плавуша аман од тие твои коментари пари, интириги бла бла се омажила за пари, далеку била од Дијана. Па добро сите луѓе се различни. Затоа и Дијана имаше љубовник
Kate Middleton Многу ми е слатка и преубава беше на венчавката. Фустанот беше преубав. Не знам што очекуваа тие на кои не им се допаѓа. Елегантен, софистициран, без многу претерување
Kate Middleton ^Добро де, ја така мислам шо сеа, кој не мислеше така ме цитираше па ја само објаснував. Ако ти се свиѓа читај согласи се, ако не аргументирај. А колку што знам ни ја ни ти неаме аргументи дали е тоа така или не е,можеме само мислења да кажуваме затоа е и темава.
Kate Middleton Де бре, отупеле со венчавката!!! Па не се дешава секој ден! За разлика од глупавите работи што ги гледаме на тв, барем ова се разликува и ни дава можност да видиме нешто интересно, поинакво, различна култура, традиција... Оставете тоа на страна, чинот сам по себе е стварно интерсен за гледање, ако ништо друго ете тема за муабет. Кој гледал-кој не, пак сите си кажавме што мислиме. Што се тиче муабетите за пари, моќ ова-она, било која девојка да беше на местото на Кетрин, ќе имаше таков муабет. Така било, така и ќе биде.
Kate Middleton Ајде бе, мора од се да правите шпански серии ебаго Така е тоа лесно сплетки и интриги да им прави Кејт на семејствово, жити се, дај преслушајте се, пред да тресете вакви работи.
Kate Middleton Па сега, не е дека нема сплетки и интриги, кралство семејство се, со години наназад се убивале за престолот, не била важна крвната врска Денеска може се да изгледа поинаку, но се е само изгладено, а за интриги верувам дека има.
Kate Middleton прекрасни беа и двајцата. Венчалниот фустан на kate според мене беше преубав, модерен а едноставен. Ми се допадна тоа што не носеше некое ланче на вратот, а баш мислев дека ќе е "наконтана" многу. И тиарата на главата ми се допадна ептен. Срцки се. Како и да е ни мене не ми беше јасно зошто е толку скап фустанот, иако на преносот прееска спикерките ја посочија уникатната и многу скапа француско-белгиска чипка (така мислам дека беше). Ама за да достигне до 434 000 фунти ? Сепак им посакувам убав брак, со многу дечиња!
Kate Middleton Многу ми се смешни хејтерите,приврзаниците на теории за конспирации некакви и слични!Сонценца! Шо аргументирано да коментирам за фстанот на Кате бе?!Убав и беше!Дека беше ко вистинска Пепелашка приказна,беше!Дека има смрдливи работи таму,има!Дали ме интересира?!Не ме интересира!Дали беше забавно за светот да го види?!Беше?!Дали тргна малце црно секојдневие?!Тргна!Дали ги смени нештата за понатака?!Не ги смени!Дали мене ми значи?!Ми значи!Дали го лапнав Хари?!Го лапнав,тоа е,сакам момци во униформи,а тој ме сака мене! Аман со глупости!Ајде ќе и речам да ти даде дијамант од тијарата и не се замарај,уживај!