Значи ништо релевантно,јутуберски трач муабети. Децава немаа титули додека не умре Бетка. Зошто да ги покажуваат на гладните британски медиуми за оцрнување кога се никој и ништо. Впрочем времето се ќе покаже. Ја мислам е врв на измислени будалаштини дека децава се изнајмени.
Па можеби затоа што живееја и зедоа еден тон пари од таксите на тој британски народ. Меган првата година потроши пари за гардероба кои никој досега не ги потрошил за толку време на партали, баш од тој народ. Затоа имаат и обврски спрема тој народ, а една од нив е и таа. И не се никој и ништо децата, не знам како да ти кажам. Татко им е принц на ВБ, како ништо?! Плус, им била понудена титула принц на Dumbledore за Арчи, ама ја одбиле оти почнувала со dumb, па ќе му се пресмевале Се другите се криви на крајот оти Мегзи ништо не ја задоволува.
Виде ова? Сама се поби кога кажа дека нејзините деца немало да имаат титули.. и сврти на расизам, а всушност било правило.. https://www.vecer.press/меган-ја-лажела-јавноста-сега-се-откри/
Многу ми се интересни овие што се напнуваат дека ја коментираме фамилијата. А што да коментирам бе извинете вака? Ковачевски? Заев? Проблемот со Бугарија? Или фактот што пола Македонија е неписмена ? Кралицата била виновна за бомбардирањето и незнам што ,што се правело врз Македонија...бре бре, многу сте загрижени за Македонија . И белокапците од таде Вардар ни ги изпозаклаа вујковците у 2001 ама на нив ке им кутиме, сеа крива ни е кралицата ... Ај остајте ги луѓето да си коментираат што си сакаат ,јер слободна земја слободни теми на муабет. Бај д веј...убави и двете вечерва , и Кејт и Меган
На тик ток има видео кај што и викаат на Меган да си оди од кај луѓето, она упорно стои. Народов не ја сака ама ич.
Опаа, ја имаме новата принцеза Освен за шареноликата Евровизија, не смее друго ништо да се коментира за случувања надвор од Македонија
Клучен период за опстанок им беше првата св. војна, воедно тоа беше војна меѓу братучеди, ги замрзив зошто имаа можност и им ветуваа дека ќе ги примат крај себе Николај Романов и целото негово семејство и на крај им свртија грб, а сите знаеме што им се случи на крај на руското царско семејство, паметно одиграа тој период, ја предадоа власта на народот и така спасија глава. роднини се со сите кралства зошто англиската кралица Викторија никогаш не сакала деца а сепак родила 9 и сите ги омажила/оженила во кралски семејства, тоа и било и целта- да се прошири семејството низ цела Европа и да доминираат-крајниот резултат поразителен, очи си извадија меѓусебе, старт на прва св.војна и сите катастрофи кои следуваа во следните години.
Кралицата во поинакво издание https://vm.tiktok.com/ZMNEgphxU/ уф се наежив како им кажала на децата дека починала прабаба им... https://vm.tiktok.com/ZMNEpJwUe/
Можда и не можеја да ги спасат, зошто мајка му на Николај, ја спасија, но нив не..сепак многу жално за Романови. Тоа за очи ваѓање било од секогаш, во секое кралство. И кај нас исто Цар Самоил со браќата се исколија за кој да е на власт.
Вчера некој шо викаше трошеле многу, а замислете не се најбогато ројал фемили. На листа од 14 кралски фамилии, они се на 13то место. Имаат и нивни financial statements објавено. Јас searchav која фамилија највеќе троши, ама буквално кога и да гуглнам и го содржи royal family, искачаат они Од тоа шо читав вчера, најголем прилив на средства во касата има од данокот шо се плаќа за фамилијата. Тоа стига и до 67 БИЛИОНИ https://brandfinance.com/wp-content/uploads/1/brand_finance_monarchy_press_release.pdf на Хари и Меган, нет ворт им е 90 милиони $ шо не е многу. https://bareillycollege.org/queen-elizabeth-iis-net-worth/ Башка тоа круни, домови, тоа е на монархијата мислам, не задржуваат ништо. Само не сфаќам зашто имаат титули као ,,војвотка” или ,,војвода”.Глупо ми е пример Принц Вилијам од Велс и војвотката Кејт од Велс
Принц му е од раѓање, војвода од Кембриџ и војвотка од Корнвол се титули додека татко им не стане крал, сега ќе видат Принц од Велс Вилијам и Принцеза од Велс Кетртин
Ааа Ама пример зашо не се сите принцези и принцови само.Многу комплицираат. Знам тоа локациите зашо се, вчера читав. Ама најлесно би било, крал и кралица, сѐ друго принцези и принцови.Мислев дека војвотка и војвода и многу понизок чин од принц и принцеза. Децата додуша се сите
Не се сите деца. Децата само на Вилијам принцови и принцези, другите не се, се додека не се внуци на кралот/кралицата. Е бидејки беа правнуци Арчи и Лилибет немаа титули, бидејки не се прва линија наследници на круната, ама сега бидејки се внуци им се доделуваат титулите прунц Арчи и принцеза Лилибет Дијана
нишо не сфатив..fucked up e Затоа викам полесно ќе беше сите да се принцови и принцези.Бар по моја логика, шо има везе дали се внуци или правнуци на кралот и кралицата, коа се со кралска крв? машала колкава фамилија се 12 правнуци имала Бети. Да ти е мука на роденден да идеш