Мене ми е многу жал за Хари, како најчовечен ми изгледа меѓу сите. И најоштетен емотивно од мал. А и многу бил поврзан со кралицата. https://vm.tiktok.com/ZMNopTQGM/ Ова ми е претажно
Се' знајте ебаго мајката. Еднаш ојме на свадба, два пара в кола. И женава ми вика: -“Трудна е невестата. Женско носи. Ама не кажуваат на никој“ Ја глеам... -“Ти па од кај знајш? Да не беше на преглед кај гинеколого со нив?“ ... и така...
Оти да не знаеме? Тие се јавни личности, како што се коментира за останатите, така и за нив. Не знам па на вас што ви менува?? Ако ти се дискутира ок, ако не што паметуваш?
Уоу. Цел свет коментира за смртта на најдолговладејачкиот монарх на ВБ, ама ние тука како 'најпаметни' зошто би? Како што тебе ти се коментира во политика, секс и не знам уште каде, мене и на другите ни се коментира овде и тоа е тоа Вајлд. Не можеме сите политичари и сексолози да сме, некои мора и со глупости да се занимаваме
Оф Ејми. Сечено ,лепено монтирано од британските служби и медиуми. Гнасни беа спрема неа,факт,особено она со мајмунот,и уште се. Дегутантни ми се нападите кон Меган. Имаш новинар блогер (како се викаше само?). британски на кој му е работа на твитер да ја оцрнува. Зарем може некој да го заборави погледит на кралицата кон Меган на свадбата,или злобните погледи на Кејт,па од фотографија се гледаше нетрпеливост. А М. не е дека не беше во право за РФ тоа е една изопачена фамилија полна со скандали но ние ќе ги браниме и ке ја напаѓаме Меган нели што извадила прљав веш ко да не знае светот за истиот,па кралот нов,поголем сељак го нема,Камила омажена швалерајка кралица им стана, тоа Меган не им чинела сељанка била Па уште народов бојкотира да се поздрави со неа, боже будала нород. И сето тоа затоа што ни се допаѓа модниот стил на Катица, балканска жена која роди колку што требаше, оди со наведната глава ,нема став,а мажот и не ја есапи баш. За титулите и од Вилиам сите тројца немаа право на титула,само првиот ,па кралицата смени закон и им ги додели. Децата на Беатрис имаат титула поради татко им.На Јуџини и Зара не им следува зошто се по женска линија. И да не се лажеме кралицата на децата на својот омилен внук Хари можеше да им даде титули додека беше жива,но не им даде. Хари , најнормалниот лик од тоа семејство,бунтовник од дете и Меган живеат слободен живот и тоа го почитувам, се изборија за нормален живот. Вилијам и Кејт засекогаш ќе останат во машинеријата, а Кејти уште долго ќе се смее со здрвена уста. @Bridget Затоа во видеото Вилијам фер човек ја испочитува жена му на брат му,за разлика од злобната Кејти која глуми дека е Добрица.
Ако на Меган не и одговарала фамилијата, можела да продолжи да бара друг англиски богаташ. А не, ќе дојдам ќе грабнам богатство, кралски статус, Чарли ќе праќа пари секој месец, а ние ќе живееме слободно. Епа не може така. Некои голтари нема да ти дозволат така да ги играш, а не овие. А и какви да бидат погледите на кралицата кога за тиарата на свадбата правела проблеми, за Шарлот викала оти е дебела на пробата, со послугата се изживувала... Како да ја гледаш нормално??? И да, кралското семејство е фамилија полна со скандали, ама богами и Меган не заостанува. Човек што раскинува брак така што ги праќа прстените по пошта, не знам баш дали е во нормалните. А Тревор и ги отворил очите и патот за некаква актерска кариера. Човек што кани само една личност од својата фамилија на свадба, а притоа кани познати фаци кои ниту еднаш не ги запознала само затоа што се мажи за принц и сега и се може, што прекинува секаков контакт со татко и без збор, татко кој и овозможил образование во еден од најпрестижните универзитети во УСА и ја пораснал додека мајка и била по затвори ли или не знам каде, и таа сепак не оди да го посети кога не се знае дали ќе преживее, да му ги однесе внуците да ги види, да го запознае КОНЕЧНО со зетот... Има уште да се реди, ама доста е за Мегзи и тоа колку РФ не чинат, а таа е нивното 'жртвено јагне'. Ако беа нормални, немаше да одат озвучени на јубилејот од кралицата, јер ипак нели треба да спечалат милиони пак преку нивни грб.
Е многу ми е глупаво кога ја браните М ко таа да незнаела во која фамилија влегува. Па сега ајде да ја жалиме. Правилата се тие, ако ти не сакаш да ги почитуваш не се фаќај на орото.
Ама баш. Кејт не знам каква е ама дека си ја игра улогата алал да и е. Знаела кај влегува и си прифатила. Не знам зашто ама мислам дека ќе има развод набрзо. Виде Хари дека народот не ја сака а со тоа и него. А он не верувам дека би му вило сеедно да не го сака неговиот народ. Леле Чарлс бе https://vm.tiktok.com/ZMNoGkDuw/
Сериозни ли сте со муабетите дека овие две караконџули, а принцовиве за греота? Им се тупнале, ги фатиле, ги зграпчиле и што уште не прочитав! Шовинизам на максимум!!!! А ако треба да одберам страна, ја бирам Кејти, бар го игра орото како што треба
Леле луѓе..сигурно нема да ја остават да смириса во ковчегот . Кралско семејство се,имаат предвид вакви ситуации. имаат некој систем за ладење,фрижидер во ковчегот. 21 ви век сме
Баба му уште незакопана, тој договара кога да излезе фамозната книга за тајните на кралското семејство. После ова, не знам што треба да ги снајде од татко му ако е паметен... Какви празноглавци
Да, но бидејќи Камила не била ‘доволно добра’ за него според неговите родители, тој отишол во морнарицата, а таа се омажила за некој друг. Кога се вратил Чарлс, се оженил со Дајана која очигледно никогаш не ја сакал- со Камила почнале да се гледаат повторно како ‘блиски пријатели’. Годиништа поминаа како се заедно, верувам дека навистина има(ле) вистинска љубов меѓу нив.
да, се запознале пред да замине Чарлс во војска/што и да е .. Не била добра за нив затоа што баба и била љубовница на некој крал...
со оглед дека се сакале пред Дајана, не можам швалерка да ја речам. Едноставно им било забрането да се земат. Некако жално ми е тоа. Дајана излегла жртвено јагне, да. ама и на оваа не и било лесно ..