Така де,и не само за кралицата него и за секој член на семејството има цело сценарио за погребот.Така што кралицата знаела до детал како ќе и изгледа погребот.Цели операции се осмислувани години уназад.
Да, впрочем...нив одсекогаш им било важно традиционалното. Да се покаже пред светот дека и во најтешките моменти ,семејството простува и е на прво место , исто беше и со Дајана. Така да јас не се чудам воопшто што Хари и Меган присуствуваа.
Пошо има протокол затоа треба да се ,,потврди присуство,, Секако не е на сила натерана да оди. Јас пред се како мајка како што изјавуваше она дека децата немаат тутули, расизам итн да се појавам без разлика на каков и да е настан кај тие што не ми сакале деца, не ме сакале мене. Да бидеме реални дали некој може со сила да те натера да одиш кај тие кои ги сметаш за непријатели. Она кај татко и у болница не се појави од шо не сакаше.
Ама ќе има камери, таа за нив ќе биде на погребот, не за кралицата. She loves cameras more than anything
Ние не можеме да знаеме што се случува зад вратите на комшиите а не кај кралско семејство . Они не се сами, позади нив има илјадници луѓе кои се грижат за секој детал,за секое интервју,за секој изговорен збор , буквално за се, имаат камермани,фоторепортери,новинари вработени ....Меган во и тервјуто не спомнуваше имиња ,туку цело време зборуваа за "фирмата" . Од каде ние да знаеме кои се луѓе се вклучени тука .?!
@Lotus Girl па на интервјуто кај Опра двајцата кажаа дека немаат проблем со кралицата и дека ја прифатила Меган и се блиски со неа.
Наводно според таблоидите Меган сакала екипа од Нетфликс да биде присутна она кога ќе излезела да се поздравува со народот, и 40 мин се расправале Вилијам и Хари како да излезат. Не било планирано да излезат четворицата туку посебно паровите. Ама Меган сакала да снима се и кога дозначе Вилијам се договаралмсо Хари да излезат сите четворица заедно.
Спремале книга сељациве, нападната ќе била Камила. Се надевам имаат некаква правна основа да ги тужат па да останат не само без титули туку и без пари.
И Дајана одела со женети мажи после разводот, и додека била во брак гласини има дека изневерувала, небитно, важно никој не се потресува. И Камила била изневерувана од бившиот маж па не плачеше пред тв со наивна и изгубена фаца и не фрлаше камења по мажот и неговата фамилија. И Камила не била прифатена од РФ па не излезе во јавност со плачки, ниту книга напиша, ниту реши да не ги почитува РФ и нивните протоколи. Ова не се жени кои нема каде да одат и кој да ги прифати и ислуша па затоа се решиле јавно да настапат. Не, ова се жени на позиции и со пари и влијание и можеле фино лепо да си решат проблем (развод) на фин, културен и достоинствен начин. Нема зошто да ги сожалувате и да правите жртви од нив ко да е Трајанка што останала на улица со три деца и нема каде да оди. Па јас што не сум Ројал, утре да дознаам дека ме изневерува, може на фб ќе објавам? Ќе се снимам во солзи и ќе пратам на сите социјални мрежи што ги имам? Вие да? Ваљда сме подостоинствени. Затоа сум Камила тим и Кејт тим.
И јас. Дијана ми е нереално проста. Што мислела ќе ја засака ако се треска од земја, не јаде и шврља наоколу?
Баш и медиумите пишуваа, кога почна да цвика Маркл дека како Камила никој друг таков линч не поминал од страна на народот, а таа достоинствено без збор поминала преку се, почитувајќи ги протоколите и вршејќи си ја функцијата покрај Чарлс. Епа сега, каква е таква е, ама знаела да си го носи крстот. А ова... Уште не беше стапната со двете нозе што се вика во семејството, одма почна се нешто да не и одговара и да изиграва жртва и угнетувана. Тоа што и таа угнетувала, а истото тоа семејство и го заташка тој скандал со вработените... Е тоа не се важи.
Маркл се огласи дека е угнетувата затоа што никогаш нема да бидне кралица. Камила си молчела затоа што знаела дека ке биде кралица, порано или подоцна. Кејт исто така си молчи. Народот им плаќа, не мора ни да лажат како политичари, да молат да ги гласа. Омажи си се за иден крал и молчи си. Живеат во замок, јадат пијат што обичен народ не може да замисли, алишта од кој бренд сакаат. За варање и протоколи ли се остава таков живот.