Она да троши баснословни суми на партали, та Хари шо дека е принц, може и со искинати чевли Мора се' за неа, оти па ќе му рече расист Иначе, како што читам по нетов деновиве, сега децата освен што ќе бидат принц и принцеза, сакале 'ѕвездиве' и да имаат титула HRH Па како може да бараат такво нешто, кога се знае дека тоа го имаат само оние што работат за фирмата како што викаше Мегзи кај Опра??? Овие стварно немаат грам памет ако се написите вистина и немаат мерка во побарувањата. И после другите не чинеле... Не знам стварно, еве Чарлс дозволи Хари да носи униформа за бдеењето покрај ковчегот синоќа иако тоа не е по протокол, ги поканил и на вечерата со сите светски лидери кои ќе бидат присутни на погребот, но властите не дозволиле, бидејќи строго таму требало да бидат луѓе што извршуваат некакви должности, а тие не се такви. Ама битно човекот од него направил пак да не бидат одделени. И упорно и упорно, само нешто им фали. А тоа што тие ништо не нудат за фамилијата туку само ги плукаат кај стигнат, нема врска. А да, мадам била увреЏена оти Софи во колата кога одеа кај ковчегот, не комуницирала со неа Не знам стварно што очекувала, ама после се' и тоа што е таму и е многу.
Особено што за Софи велат дека била омилена снаа на кралицата заради тоа што почитувала правила и никогаш не го извалкала угледот на Винзор. И сега ќе и прај муабет на оваа? а бе ајде. Хари многу ќе се кае. Ќе види Меганица дека ќе пресушат парите и ќе го шутне.
Страв им е и муабет да и направат. Да зборуваат ќе ги прекаже на цел свет, ако не и зборуваат, пак се лоши
Јас не знам само кај научиле медиумите за овие работи, сигурно Софи во денови на жалење не дала изјави или па Меган кажала дека е навредена Не верувам во се што пишуваат, особено што манипулираат со стари слики, а народот се пали. Исто за држењето за рака сите што ги напаѓаат, а и внуката на кралицата се држи зад нив за рака со мажот и дури се поклонуваат пред ковчег не се пуштаат. Исти двојни стандарди ко со споредбите со Кејт.
Внуката на кралицата нема ни титули, ни квичи по медиуми и кај Опра за титули на децата, никогаш не работела за фирмата, така да, за неа протоколи не важат. Овие беа претставници на кралицата, на официјални настани со луѓе од високи кругови, па оваа му се бесеше и го молкнеше како партал. Плус што трчаше пред него да се ракува.
@Emy867 еве немаат титули сега, па пак смета што се држат за раце. Иако мило ми е што му дозволиле на Хари да ја носи униформата.
Имаат титули, не се скроз без. Само се плаче за плус. Не се работи за титулите туку за неприкладното однесување. Факт е дека Кејт има мин. 20 год. пракса и обука, за Камила пак да не правиме муабет, а Меган мисли дека може сама да се справи, јер због нарцисоидност, па кога не бива работата сите др. се криви само она е жртвено јагне.
Држењето за раце немаше да биде толку на тапет ако уште од старт на почетокот таа толку очигледно не го молкнеше упорно и упорно да бидат фатени за раЧе небитно каде. Овој пусти се тргаше, ама сега легна на брашното, што да прави. Иначе, она е Војвотката од Сасекс, како немаат титули? И HRH сеуште го имаат на документ иако не смеат да го користат, но сепак го имаат.
Ама не се 40 години заедно со Вилијам. Или се познавале уште од high school days и се знаело дека ќе бидат заедно? И дали Кејт има кралско педигре?
Грешно разбрав.Се запознале на факултет,плус минус се знаат 20 год.Не е од кралско семејство ама е од аристократско.
Мислам дека имаше во официјална изјава од Вилијам дека баба му ја советувала и подржувала Кејт 20 год. Така да бројката е таа