Па не е само Хари, во секој еден нивен поединечен период на владеење си имаа во фамилијата по еден Хари
Прстите ко десетка со кромид. Туку стварно не е за мајтап работата, шо велиш да потпојме до Кравари до кај Славета да побараме некој иљач за чоеко?
@Bratot Лек има, ама доктор имаше кажано дека и покрај тоа, отокот си останува Ама се дур му бива матурантскиот прстенот на прстето, криза нема. Може и нокт да пушти, малку балканска шема
То е свето нешто ама ајде дип е за крало ако треба шо треба и виолетов ќе го напрајме Не е за мајтап ко шо рече Аглито, ама Чарлс овде во бело и виолетово во глата цел белосан абе ептен на покојна Бети ми личи, то нешто не знам, во него се гледам ко неа да ја гледам изгледа е време да си легнам да поспијам
Мислам дека прстенот со кој "се венчаваше за Британија" (како што кажаја на ТВ), не го стави бидејќи не му чинеше, па само го допре Ништо чудно Меган да излезе со приказна дека намерно тој датум го избрале за крунисување, за да го засенат роденденот на син и
Најдобар дел од коронацијата ми беше византиското црковно (православно) пеење, желба на кралот во чест на татко му - принцот Филип кој бил роден во Грција. Ми се допадна како изгледаше целата церемонија, сакам вакви работи поврзани со историјата, поточно кои се самите историја. Уште додека беше жива Елизабета знаев да го пуштам нејзиното крунисување на јутуб и деновиве планирам да го гледам пак, ако не е тргната целосната снимка.