Kate Middleton Леле росонерке прснав од смеење со сликиве Е вториов фустан поубаво и лежи на тело,преубава е
Kate Middleton Да си ми жива и здрава Роси, си се смеам уште на сликите!!! Посебно на двене лоши сестри на Пепелашка! Што се однесува до вториот фустан на Кетрин, не ми се допаѓа. Некако моделов ми е застарен, виден веќе неколку пати, ништо импресивно. Многу поинтересен би бил, да не беше толку долг, туку да речеме некаде под колената. И накит ми фали, штуро ми е некако. А тортаваааааа....
Kate Middleton Вчера ја следев целата церемонија околу венчавката,и беше прекрасно посакав да бидам и јас таму да ја гледам во живо.Околу венчаниците на Кејт морам да кажам дека беше прекрасна преубаво облечена баш како што и доликува на една принцеза,а и Вилијам не беше лош Со еден збор ме воодушеви буквално се,овај настан ќе се памети вечно,се надевам ќе бидат среќни и ќе имаат убав брак
Kate Middleton Нејзиното Кралско Височество Војвотката од Кембриџ (од сега така ќе си се вика довчерашната Кетрин Мидлтон) блескаше во венчаницата. Мене многу ми се допаднаа и првата и втората. Едноставни и елегантни. И на крај краева кралска церемонија беше, има правила и за фустанот, како на пример ракави, без деколте, строго од англиски материјали... А и да не постојат правилата мислам дека ептен и прилегаше. И јас би сакала таква венчаница И Вилијам не беше лош, ама за разлика од порано кога ми беше поубав од брат му, сега е обратно. Башка Хари е ептен откачен и сеуште неоженет. Јас уживав дури гледав, а моментов ми е најинтересен нешто од целиот спектакл. Го обожавам девојченцево. Спојлер
Kate Middleton Мене Кејт ми беше многу убава и елегантна, иако мислев дека ќе носи некоја венчаница како на принцезите од бајките, некоја ептен раскошна, широка, со ова-она, но ме изненади. Многу ми се допадна, не беше нешто претерано, нешто пренатрупано или кич, туку едноставна и елегантна, а и супер и стоеше. И Вилијам беше добар. Инаку Кејт отсекогаш ми била убава и ми имала добар стил и изглед, а и сега на венчавката не потфрли. А за кралскиот живот, баш и не и завидувам многу. Е сега не се случува секој ден да се фатиш со принц, па и да се омажиш за него, таа шанса е една спрема кој знае колку, сигурно чувството да се исполни еден сон и да се стане принцеза е прекрасно, па и да се ужива во раскош, луксуз и такви работи, но пак животот после тоа да ти биде според протокол, не ми се допаѓа. Како и да е, ми се бендиса и младоженците, а и свадбата, интересна, несекојдневна, кралска, да има да се види и нешто поинакво. Нека им е со среќа!
Kate Middleton ima mnogu ubava stava drzenje, dobro obrazovanie i mnogu e prirodna i za anglicanka e uba ,ama za nasi prostori bi vlegla vo pogrdickive, definitivno ovie grdi anglicani treba da se smesat malce so ns slovenite, balkancite, rusite cisto da se razubavat site se grdi. i sekako pofalbi za nevestinskiot fustan mnogu ednostaven i eleganten i mnogu bese unbava i prirodna.
Kate Middleton И викам на сестра ми: "Зошто бе овој мене не ме запозна, па да си станев една принцеза?" И сестра ми вика: "Ееее па ти, има уште принцови низ светов, којзнае тој на Шпанија дали е женет...?" - Ко божем, утре ќе дојде принцот од Шпанија и ќе ме побара за жена, со колкав оптимизам го кажа тоа
Kate Middleton http://www.vest.com.mk/?ItemID=CB5771297B538A479CDF86CC9B03559F Eве ја и фотогалеријата, за тие што не гледаа http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=98C0B2DCE138A045855382F31CF5485C
Kate Middleton Знаете што би било идеално кога сестрата на Кејт, Пипа Мидилтон би се зела со Хари братот на Вијлам е тогаш сите би било едно големо и среќно семејство. А баш е слатка мора да признаете Колку што знам не е мажена
Kate Middleton Пипа има врка од три години, а Хари има девојка. Партерите и на двајцата беа присутни на венчавката на Вилијам и Кејт. ПА најверојатно нема да бидат пар тие двајца. А Кејт е прекрасна, и позитивна ко што изгледа. Како и да е, не ја знаеме па да коментираме. И ме нервира пто толку прашина се крена за една венчавка, кога има многу други светски проблеми на кои треба да се обрне исто волку внимание. Ама ете, со среќа нека им е. Убаво изгледаат заедно. Среќно.
Kate Middleton Прочитав дека Кејт самата се шминкала тој ден Само ке кажам браво за храброста и job well done Kate јас никогаш не би се осмелила сама да се шминкам на денот на венчавката, ако згрешам или претерам со нешто никогаш не би си простила а ако згреши фризерот или шминкерот барем ке имам кого да обвинувам
Kate Middleton Ајде да ја натераме Кате да ни пишува на темата,опсесија-бившата на партнерот! http://brkajrabota.mk/showtime/trach/65 ... ot-william Овие не се бидени во Македонија да видат што е убавина!