Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Британското кралско семејство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ph.orhideja, 28 април 2011.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.388
    Пол:
    Женски
    Божиќни декорации сред март месец :D
    Ако убаво го гледаш видеото ќе ги видиш.
    Плус изгледа многу брза и подвижна ко за некоја шо имала тешка операција.:D
     
    На iloveyou29, Konfetka и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Screenshot_20240318-232120_Samsung Internet.jpg
    Internet users are convinced that a mysterious announcement from the royal family is set for Tuesday, March 19.

    Ајде, ќе видиме :D Со оглед на тоа како и двајцата погледнаа во тој што ги снимаше, теленовелата може ќе има twist :D
     
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Од авион се гледа дека не се они.
    Одењето е различно.
    А тоа е баш карактеристично за секој човек.
    Повторно аматеризам со дублериве.
     
    На Konfetka и mssuniquee им се допаѓа ова.
  4. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    Не е Кејт:rofl: ептен провидни се, не личи на неа, а за машкото не знам капа носи не се гледа добро(facepalm)
     
  5. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    Мене најчудно ми е што некни во колата свртена намонтирана демек не сака да ја сликаат, а сега на фармата оклештена, свежа, не се врти со главата од камерата. Вака изгледа многу фит, што се глупираат само со фотошоп слики, ако е ваква свежа, може 1 мин да сними за народот, да каже 2 реченици (не мора ништо поврзано со болеста) и да заврши циркусот.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Meне оваа не ми личи на Кејт, ама ич.
     
  8. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    не знам само зашо вака се глупираат, уште по сумливи се .

    Слаба е како Кејт, друго ништо . Барем Кејт секогаш била центар внимание и ја знаеме како оди, како се смее, заби, детали ..
     
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Некни не излезе да се слика, додуша и сега не излезе, си пошле до маркет што им е во градината.
    Тоа што сите кренаа паника е резултат на гладни за пари, ајде ќе се правиме интересни на тикток, ќе правиме видеа за тоа дека Кејт исчезнала и ќе млатиме пари од прегледи.
    Screenshot_20240319_112917_Samsung Internet.jpg
    Некои си кркаат по 100 000 $ на месец па и повеќе со тоа што ќе прават конспирации за Кејт, сега им се погодило момент жената да е на боледување и користат максимално.
    Британските медиуми први не објавуваат фотографии затоа што Х пати беа осудени заради тоа. Само ТМЗ се трачарска страна што плаќа за слика.
    Кога беше тепачката во лифт со Бијонсе, маж и и сестра и, типацот си искешира четврт милионче за видеото.
    Да не зборам за првата слика на Камила и Чарлс пред Ритз хотелот ја платија милиони.
    Највероватно и ова е продадено за извесна сума пари, му се посреќило на некој со ајфонче 13ка.
    Да било најавено дека ќе се појави таму, сигурно ќе ја чекале со камери вперени во неа и ќе имаше многу почиста слика.
    Не знам како го замислувате тоа појавување во јавност.
    Изгледа сте навикнати на Кардашијан стил на папарацо фотки и затоа уште вртите конспирации
     
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    Ни следам Кардашијан, ни слични на нив, ни ме занимаат.
    Овие единствено ги следам, сега додуша многу помалку, ама ако е се така наивно како што кажуваш ти, досега ќе излезеа со некаков стејтмнт како што им беше пракса.
    Не смееја да си дозволат фотошоп фотки на таа репутација која што ја имаат, па макар се било во најдобар ред.
     
    На Konfetka, Bozica1980 и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.388
    Пол:
    Женски
    @malerozna што ќе кажеш за фотошопираните слики?
    Децата исто така ги нема никој видено, не посетуват школо, како за некоја шо имала тешка операција, не треба ништо да крева.
    Очигледно е дека не е таа.
    3 месеци ја нема никаде, ај таа ами децата?
    Не се правете на сила слепи, се гледа дека нешто смрди.
     
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Па си изјавија уште во Јануари дека ќе ја нема три месеци, ќе се појави после Велигден. Не ми е јасна таа паника.
    Зошто да изјават дека ќе е на боледување а после као ај ќе излезам во јавност оти некои таму вртат конспирации.
    И кралицата имаше периоди кога не се појавиваше во јавност.
    Уствари се појавува, ама никој не ја слика.
    Фотошоп постои со децении, не се ни први ни последни што користат Фотошоп.

    Кој рече дека децата ги нема?
    И кога била објавена фотографија од децата во школо?
    Или во парк?
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.388
    Пол:
    Женски
    @malerozna секој ден имаше слики од нив, може Кејт да објави мало видео дека се е во ред,ништо не ја чини, мало кратко видео. Никој не бара од неа да жонглира или шо знам.
    Фотошопи нема потреба ама добро, ако сакате да верувате дека се е ок, нека биде така.
     
  14. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Ама зошто да се појавува?
    На боледување е.
    Беше кажано април дека ќе се појави, после Велигден.
    Ако ја нема тогаш, ќе може да се крене паника.
    А и немора.
    Си има ред кој ќе го наследи тронот.
    Кејт не е во тој ред.
    Сопруга е на Вилијам.
    Било која може да е.
     
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    Па да, така изјавија, ама јас како што прочитав, Владата објавила дека ќе биде на Трупинг д калрс, ама по наредба на палатата, го повлекле соопштението.
    А тоа не е Велигден, 1.5м после празникот е.


    Нека постои фотошоп, може за мене, за тебе, за сите, за нив кои живеат од и за народот, не знам колку е нормално да се зафркаваат така.
    Плус, што досега биле така транспарентни, од боксот пред вратата на болницата три пати во штикли позираше, па сега не може да се појави на некое видео каде може само со глава да ја има, не мора повеќе.
    На боледување е од должностите, не е на боледување ако седне пред камера за два збора.

    Кога кралицата не се појавуваше, беше убаво ставено до знаење дека е заради проблемот со одење и држење на телото, што беше многу очигледно кога ќе се појавеше.
    Не е ама баш ич исто.
     
    На wannaBeMomma, Polyincognito и bicycle им се допаѓа ова.
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Се појавуваше после пораѓање затоа што ги роди наследниците на круната.
    Сликањето беше заради Џорџ, Шарлот и Луи, не заради неа.
    Тоа што работат за народот, не значи дека не заслужуваат приватност и боледување.
    Како што знам, здравствената состојба е лична работа, ако сака ќе објави, ама никој не може да ја натера на тоа.
    А кажале дека ќе изнесе во јавност.
    Ни Чарлс не мораше да каже дека има проблеми со простата. Ама изјави и одма скокна бројот на прегледи кај повозрасната машка популација.

    Два збора на камера?
    А кој ќе ја натера?
    Тикток и јутјуб инфлуенсери? :D
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.388
    Пол:
    Женски
    Татко ми се оперисаше од срце, 62 години иначе.
    Штом го пуштија од болница следната недела тој веќе се шеташе и се дружеше со колегите.
    Никој не го тераше веднаш да работи, нити никој не ја тера Кејт веднаш да се врати на должностите.

    Пред некој ден излезе интервју со вујко и, се гледаше дека е доста загрижен, кога го прашаа каде е Кејт, даде сомнителен одговор: Кога ќе изјави кралството одредени вести тогаш ќе кажам и јас мислење, одби да каже дали е добра или не.
     
    Последна измена: 19 март 2024
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    А кој ја натера да објавува две слики кои немаат везе с везом?
    Кога веќе нешто објавуваш, нека е нормално.
     
    На Konfetka, Bozica1980 и bicycle им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Паула и Паулина, другата во мене :D
    FB_IMG_1710854703281.jpg
     
    На Angie1432 и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Тој одбрал да се шета, Кејт исто. Тоа што никој не ја фотографирал е друга работа. Едноставно таму кај што се движи таа им е нормално да ја видат, зошто некој би ја сликал?
    Или децата во школо?

    Вујко и влезе во реално шоу. Пак за пари.
    Работната позиција на Кејт и дозволува да објави фотошопирана слика. Ни е прва, ни последна.
    На сликата изгледаат убаво и среќни.
    Мислиш дека секој ден носат нови алишта, а старите ги фрлаат?
    Од кај знаеме кога е сликата и од кој.
    Голема работа, фотошоп било :D
    80% од луѓето постираат слики со филтри, на инста се сите прелепотици и слаби, а во живо :tmi:
    Кејт барем во живо е убава.


    Не знам зошто вака не се интересирате за шпанската кралска фамилија. Таму има многу повеќе прљав веш.
    Или фамилиите од блискиот исток :emo: