Форумџика на годината

Британското кралско семејство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ph.orhideja, 28 април 2011.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Старо е мислењето, ама баш пребарував дали некој/а го има гледано. Не ми е довршен.

    Некако на почеток ко да не знаела со кого се гледа. Не ми се допаѓа женава. Премногу лажно се претставува, премногу нафрлени податоци околу дискриминацијата. Можеби имало некои дилеми во семејството околу нејзе, но не верувам дека до толку била дискриминирана.
     
    На SummerGirl, awkey и DS10 им се допаѓа ова.
  2. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    3.488
    Пол:
    Женски
    Хахахахха дури имам заборавено што сум гледала искрено
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.848
    Пол:
    Женски
    Јас го немам гледано, мали извадоци од интервјуто со Опра што гледав и од вака што ги следам и што читам по нешто за нив, и неа и него тотално ги разбирам.
    Зборуваат за односот и третманот на второстепени, вклучително и кон нивните деца, кон неа со благ расизам, ако може да се употреби благ до збор расизам (расизам си е расизам од типот и сега каква кожа ќе им имаат децата?:^)) кон него како кон резерва и кон децата како непожелни.
    Има и драма и маркетинг и профит во сето ова, ама основата е таа, монархиското и воглавно патријахално уредување и следење на правила кои се неприфатливи во 21 век, особено од страна на обични смртници.
     
    На Cosmic Girl, eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Да да, сигурно не знаела кој е Хари, сакала кралска венчавка иако на Хари не мораа да му направат, ги барала посебните тиари што само кралиците ги носеле, барала црвен килим иако само за свадбата на престолонаследникот следувало. Се знаела, знаела и дека влегува во монархија со стоги правила кои мажат со векови, ама она ќе ги менувала не и се допаѓале. Инаку и не верувам дека биле дискриминаторски настроени према нејзе, баш ги пратија и во Австралија и Африка на турнеја за да ги прифатат сите од Комонвелтот. Башка што и правела булинг на Шарлот дека е буцкаста и зошто носела хулахопки а и цел стаф си даде отказ од кај нејзе зошто била лоша, се венчале тајно и еден куп правила свесно ги прекрши и пак ништо не и рекоа.
    Е што мислеше дека со драматично излегување ќе направи бог знае каков маркетинг и ја ископира Дијана во целост ама ова е 21 век, и тешко можеш да прелажеш народ кога се е достапно на нет. Тоа интервју, документарецот и книгите им беа единствен прилив на средства, зошто реално немаат што да понудат и да работат освен да кукаат од кралството. Пак мислам дека Хари е добра душа ама од што имал тешко детство и многу падови лесно е изманипулиран а она е препаметна. Како беа блиски и со брат му и со Кејт и како успеа да ги скара секоја чест. И во врска со тоа дека бил третиран као резерва, ОМГ, тоа е така и со Чарлс и брат му и сестра му па ене живеат супер.
     
    На fashion-addict, SummerGirl, flower30 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    @Iva:) просто не ми се верува како Хари паднал на оваа. Се гледа дека е испозаљубен до уши.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.