Абе зима е во ред и онака не носиш фустанчиња, сукњи ама сега лето е зафркнато.. Штом почнуваат да се познаваат ќе треба да вриеш по фармерки и долги панталони додека да стигнат за депилирање.. Користев депилатор порано ама поради ова прекинав, некогаш ќе ти испадне некој важен настан и бричот не бега Сум пробала и со пилинг претходно досега ништо не ми успеало
Има чаре од црни точки, филипс лумеа кој може д си го дозволи, макар и од поевтините, а од бричењето нема бегање. Ако си побела сончај се за да не се познаваат толку. Инаку најдобар брич ми се покажал Schick Intuition, ниту еднаш ми нема пуштено крв, и одличен е. Спојлер
Предлог бричеви (може и за мажи) кои се повеќе во кутија? Купував од Стокомак, но последно кога бев ги немаше. Секако ги фрлам после една употреба, па барам поефтини.
Овие ми се најдобри, 1 парче чини околу 40 денари. Не знам дали има некое пакување со повеќе. Ги купувам во ДМ, по едно спакувано во кесичка.
Што и да правите немојте да ги земате овие Venus Sensitive.. Ги платив отприлика 400 ако добро се сеќавам но полоши бричеви не сум земала, дури оние Bic единечните се подобри од овие.. Не се статични (демек тоа треба да спречи сечење, за чувствителна кожа) буквално се колев секој пат кога ги употребував, и згора на се уште боцкав Имаат ли овие Gillette некој подобар вид или не вредат за цената која ја држат? Wilkinson се далеку подобри и дупло поефтини
Јас ваков земав последниот пат. Скоро цел месец го користев. И розевиот е добар. Ама не можев да ја најдам сликата.
Можеби прашањето не е за тука,но темата е поактивна. Во последно време не знам што се случува на моите нозе после бричење,чешаат се исипуваат со црвени точки,и пена сменив,само со сапун и бричеви,и пилинг правам,џабе.Летово не ми беше така но тогаш користев Лумеа,сега веќе 3/4 месеци не сум се поминала со ласерот ,не верувам дека е до тоа.Не знам што да правам веќе.Help
Јас овие ги користам и сум задоволна. Исплатливи ми сѐ, а и еднаш неделно се бричам. Од друга страна ги имам пробано на venus плавите и тие ми се погодиле убаво.
Здраво девојки. Не знаев каде да пишам па оваа тема ми беше прилагодлива. Пред еден месец се исеков на нога додека се бричев со брич ии ми зарасна но не поминува а веќе иде лето а за еден месец одам на одмор нема да заздрави до тогаш да не знаете што би ми помогнало да ми помине некој крем срам мие да се облечам во кратки пантоломи.
Jас кога ги бричам нозете влакната почнуваат да ми растат после еден ден од бриченето како да се справам со ова многу е неприjатно дали и вие го имате истиот проблем
Само депилирање, од што се депилирам неколку години речиси и да немам влакна, не дека претхно бев влакнеста, ама од бричење се згуснуваат и брзо растат.
После колку време растат од депилациjа? jас имам слушнато дека од бриченето влакната растат после 3 дена а од депилациjа после 3 недели не знам колку е точно
Бричење на секое туширање треба... Или на секое второ. Депилација е колку толку подобра опција, на крај Лумеа зедов, раат да сум
Зависи и до влакната, јас речиси немам влакна, и пред тоа имав меки влакна, светли и ретки, никогаш не ми биле густи и со цврст корен. Мене ми траат и по месец ипол два, ако е зима, си се депилирам редовно со депилатор, само поретко зимно време, летно време после 3 недели ако сум на сонце ги приметувам, инаку не ги ни приметувам, од колена нагоре немам влакна. Со восок најдобро е, ама имам нежна кожа и ми пукаат капилари, само на препони со висок ама одам на козметичар. Инаку јас и кога се бричев ми беа нозете мазни, без иритации, ама ставав пена за бричење.