Здраво на сите! Сакам да ја создадам темава со цел да разменуваме совети, искуства и начини за подобро отстранување на влакната од телото со бричење. Да дискутираме за тоа колку време се бричите и кои делови од телото ги бричите. Да споделиме некои мислења и совети.. Доколку не ви се допаѓа темава, избришете ја... И, не заборавајте да гласате на анкетата најгоре со наслов “Дали се Бричите“
Само под пазувите, интимната зона ја депилирам бидејќи со бричење влакната стануваа се поцврсти и ми се појавуваа црвенила и чешање..
И кај мене се случува истото со интимата, црвени меурчиња и чешање. Но, јас го бричам само горниот дел. А дали подолгите влакна од интимата може да се скратат со ножици?
И јас исто така, до сега никогаш не сум била на депилација. Сакав да се прашам, бидејќи јас се бричам скоро година и пол, а ти имаш поголемо искуство од мене, дали влакната се темни и поцврсти и дали се погусти од порано?
Искрено , мене ми се исти. Не приметувам разлика некоја. Можеби дека толку време го правам тоа ,па затоа
Бричот ми е верно другарче хаха пазуви,нози,интимниот дел еднаш и веќе никогаш...ми се направија ранички,пече,чеша..ама морав за одморот па набрзинка,но следниот пат закажувам за депилација
Се бричам на секое бањање/туширање а на секое 3то или 4то се депилирам.Бричот ги зајакнува влакната и затоа ги вадам од корен на секое 3-4то бањање.
Sakam da prasam za kolku vreme ke mi izrasnat vlaknata na nozete ako se izdepiliram so depilator bidejki ke odam na odmor za edna nedela nesakam tamu da imam vlakna
Јас искрено се немам издепилирано со депилатор. Но, имам другарка која се депилира со депилатор и кај неа влакната не се појавија околу 2 недели. Тоа и беше прво депилирање и околку 2-3 недели нозете и беа мазни и без влакна. Но, кај секој може е различно. Сепак нека ти помогне некој со лично искуство
Сакам да ве прашам каков жилет користите? Јас користам машки жилети од Бик, но за подоцна ќе си одберам некој фин женски жилет, па сакав да ве прашам какво искуство имате вие со вашите жилети кои сте ги купиле и/или ги употребувате?
Мене на Балеа со 5 жилети ептен ми се погоди. Инаку долго време користев машки со 3 жилети, тие од Кам. Одлични ми беа. Јас не гледам разлика во машки и женски.
Не е убаво да се бричите... влакната стануваат погусти и поцврсти а и кожата не изгледа баш убаво... јас долги години се бричев ама сега со ленти од Елеа се депилирам. Бричење само под пазуви.
Никогаш во живот немам ставено жилет на мене зашто цела има да се испозаколам. Цела се депилирам со епилајзер. Порано користев Veet крема само за пазуви, ама сега и таму се депилирам, зашто кремата доаѓа исто како да ги отстрануваш влакната со брич - потоа растат потемни, подебели и поцврсти, додека со депилаторот ем подолго време си рает, ем кога растат се многу поретки, помеки и потенки.
^Едвај чекавме совети од тебе Битерсвит. Да не ни кажеше ти, досега ќе бевме во заблуда. Дај остај кој што сака да си прави. Може болна ни е депилацијата, може ни се исфрла толку многу кожата што е неподносливо неколку дена без разлика на што и да ставиме? Може и покрај депилација пак за една недела имаме влакна, може не сакаме да се шетаме со влакна оној период измеѓу депилациите. Можеби нас не ни се зајакнуваат влакната од бричење, можеби немаме повеќе. Има еден куп можеби. Многу е убаво вака кога се паметува... Глеј си за себе. Темава е за бричење. Девојката си праша од кои бричеви сме задоволни, а не дали е добро или не.
Јас па еве веке година-две како се бричам и само 2-3 пати ако се имам исечено. А, инаку знам од една моја другарка користеше крема и да, исто е како со брич.. Покрај тоа, кога ќе ја нанесеш кремата многу лошо мириса (барем оваа нејзинава од Veet), а и некако грозно ми е..