Нозете оваа година почнав да ги депилирам чудо е што имам многу малку влакна ама ептен ги извадив ради полуматурската и тоа го правам еднаш месечно,ама никако со брич,одам со восок ми ги вадат или кога ме мрзи да одам имам едно електрично депилаторче и готова сум за 2-3 минути,а се бричам под пазувите секако со брич,а за интимата со брич само малку горе,и од страните за да не се гледа преку купачи дека е непријатно(само летно време за на одмор) иначе цели не ги вадам сметам дека е рано за тоа и што се однесува за рацете до сега ги немам вадено влакната дека немам
Не се бричам, искличиво со депилатор ги отстранувам влакната на рацете нозете и под пазувите. Интима со ленти и малку со депилатор
Со оглед на тоа дека кожата ми е доста нежна и бела, склона на црвенила, згора на се од депилација и вените ми искачаа на површина, го одбрав бричот како попогодно решение. Навистина си бара редовност, ама минутки се во прашање, додека депилација одзема повеќе време од денот кој ќе го избереш. Плус жените кои се депилираат поминуваат неколку денови со подникнати влакна за да дојдат до потребната должина, а јас не сум подготвена да седам влакнеста во никој случај.
Обичен крем или млеко за тело, тоа што имам при рака. Бричот мене не ми предизвикува никакви иритации, дали дека сум ја навикнала кожата, не знам. Ако имаше чешање на почетоците, сега веќе одамна ништо. А сите можни методи на депилирање ги испробав и секогаш бев со мозолчиња и поткожни влакна, после кога приметив дека ми излегуваат капилари и дека ми отекуваат вените, се исплашив и баталив.
Било кој од линијата на Балеа. Мене овошните не ми се допаѓаат, го купувам класичниот со масло или екстракт од авокадо. Супер е.
Често се депилирам на овој начин бидејќи не можам да чекам да дојдат до таа должина за да можам само со депилатор. Евентуално пред да одам на одмор се воздржувам за да не морам таму да трошам време на тоа. Го користам овој гел кој се прави како пена и сум многу задоволна. Само треба да се внимава да се користи помала количина инаку процесот ќе трае подолго додела да се измие целата таа пена.
Не практикувам бричење никако, се згустуваат влакната, многу брзо растат и предизвикува чешање на кожата.
Еден линк поврзан со митот дека после бричење се згуснуваат. http://hybread.mk/dali-vlaknata-navistina-se-potemni-i-pocvrsti-posle-brichenjeto-1/
Дали има некое бикче,најчесто за бричење на интимата(некое баш добро,да не растат толку брзо(иако можеби со бричење не е возможно). Сум пробала со крема,но е корисно. Депилација не би сакала,барем не за скоро.