Не знаев каде да го поставам прашањето, зошто ми е заклучена темата Модни критики за храбри феминки? Јас само што ставив мои комбинации таму, никој не прокоментира за нив, а гледам дека доста долго функционирала темата и баш ми се допаѓа, а колку што видов и претходно имало лажни слики па не сте ја заклучувале. Мислам дека не е фер заради лажни слики на некои други да не можеме да си постираме комбинации.
Кога ке се отклучи темата ке ти коментираат, заклучена е поради лажните слики, а се заклучувала и порано мислам.
Не ми е јасно зошто ми е избиришано мислењето од темата правопис, поточно одговорот што и го дадов на Елена дека инфаркт е правилно, кога има и многу други мислења на таа тема со такви одговори? Или требаше да и пишам од каде доаѓа зборот ?
Не треба да се пишуваат несодржајни мислења, кратки одговори „да“ , „не“, „ и јас исто“ „ се согласувам“ итн.
Гордана тоа мислење беше содржајно затоа што соджеше одговор на поставено прашање. Не треба и тие правила да се сфаќаат толку праволиниски. Ќе едитирам, исто како во темата Вашата шминка преку слики - зошто да пречи и дa се бришат мислења ако некоја феминка нашминкала своја другарка па сака да покаже? Не мора толку стегнато...
Истото ми беше и на мене муабетот. Дотичната тема содржи еден куп одговори како мојот. И би сакала да знам со што ете ти Гордана би одговорила на прашањето дали инфаркт е правилно?
Па како да знаеме дали другарка и се согласила дали може да се стават нејзини слики или не? Или пак дали се стварно од некоја другарка. Така само ќе се намножат лажните слики, а и се крши приватноста.
Се слагам... може да нема согласност, иако се работи само за очи, а феминката ја изработила шминката што значи дека е нејзина шминка... работа на толкување на насловот е де. Само, кога веќе станува збор за согласнот прво треба да се избришат сите слики постирани во темите како Симптоми of being a сељак, Фејбук проституција и слично, зашто не верувам дека тие личности се согласуваат да бидат поставувани овде.
Ме интересира зошто темата ми е префрлена во канта, барем да сум известен од мод/админ поради која причина. Ви благодарам многу
А, бе, чисто и жими се, најинформативно ќе ве прашам, зошто нешто се избунив, односно ме збунивте. Мислам, навистина не сакам да се мешам во работата на модераторите, и не ми е дојдено за тоа едно мислење, ама сакам да знам. Како дојде мислењето во кое и одговарам на Алондра дека денес не работат продавниците и кога жената најубаво си праша дали има отворени продавници, се офтопик и се избришани во тема која се вика Општи прашања? На Крисмас деј? Рили? Стварно не ми е до мислењето, него ми нема смисла, логика... Или па јас не ја гледам. Поопшто прашање од тоа - АМИН!
Добро дали може некако да ги избришам сопствените мислења од мојот профил .. бидејќи го оставам најавен па нејќам некој да ми гледа каде и како сум коментирала ?
ТЕМА: Правила на форумот Не се примаат барања за бришење на теми или мислења. Сме добивале вакви пораки: „Избришете ја темата ***. Дознав сè што ме интересираше и веќе не ми треба“. Или: „Избришете ми ги сите мислења. Другарките научија дека сум на форумов“. Ваквото однесување не само што ја уништува смислата на постоењето на еден форум, туку е и нефер кон сите оние што се потрудиле да ви помогнат. Не споделувајте премногу интимни работи ако не можете сами да си ја зачувате приватноста!
Не барам да се избрише тема или некое мое мислење .. туку сакам да нема на мојот профил каде сум коментирала на кој теми ... :/
Имам предлог да се спојат темиве. баш ги гледав пред некој ден, и во двете има помешани мислења! А и сајтови за симнување филмови се торенти, обично. Друго е гледање филмови онајн. film-i-tv/sajtovi-za-simnuvanje-na-filmovi-t80/ и film-i-tv/programa-za-simnuvanje-filmovi-t569/40.html Mи бодат очи секогаш стојат на почеток, и кога сакам да прашам а имало такви случаеви, незнам во која да прашам Тие нека се спојат, нека се отвории нова тема ''Гледање филмови онлајн'' таму нека се префрлат мислењата што се соодветни за таа тема и така се ќе си дое се на свое место Сепак тоа е само предлог од моја страна
Навистина би можело после секое избришано мислење, модераторот да не` извести со ЛП, зошто се избришало, а не вака филмови да си правиме и да се нервираме. Сепак сме одвоиле време за да напишиме нешто. Конкретно, барав нешто на интернет за да му помогнам на друг, мислењето не беше оффтопик, а на крај сосем случајно видов дека е избришано. А, ова не е прв пат. Уште пожално е што во истата тема, имаше постови кои беа офф и беа донекаде навредливи/провоцирачки, а не беа ни избришани, ни сменати. Вака човек добива демотивација за воопшто да пишува.