^ А што сакавте вие ? Да се натрупаат темите па да нема место. Ако напраат да се брише, знаете ли што ќе стане на форумов ? Ништо нема со ништо да биде поврзано, ќе им викате на другите дека не поврзуваат со ништо, а тоа го избришале претходното мислење. Профил за бришење незнам, може да почнат да бришат, има некои што воопшто не се користат, за џабе се направени. А ако размислиш подобо, сите направиле профил со причина, некои може сега не го користат па ќе го користат понатаму. За името, мислам дека е одлично направено, ако земеме сега сите да го смениме името, турли тава ќе биде на форумов. Никој нема да знае кој кој е. А вие што сакате да си го смените името, зашто не сте мислеле на почеток, па да немора да се жалите. Како и да ви направат, секогаш уште ќе се бара, навикнете се малку. Ако вие го барате ова, други бараат друго и ништо нема да биде исто. Како што знам јас, мислења се бришат до 30 минути по објавувањето, а се редактираат до 60 минути. Малку сум офф мислам ..
Како шо ти си имаш право на мислење шо е арно а шо не,така и ние имаме право да си кажеме. И тоа со добар тон, а не " А што сакавте вие ? " На твојот тон не ми се ни збори и објаснува понатака дека секако јас ке сум грешка а ти ке си во право. И да,секој има право да се жали,за се друго на форумот може да се жалиме и да си се искажеме а за во врска со правилата треба да си ја затнеме,да се смешкаме и да се правиме дека се ни е ок,како шо некој друг ке каже. Милев дека ова сепак е ФОРУМ.
значи chocolate не се возбудувај прво неможеш да знаеш некој каков проблем си има па побарал да брише мислење и незнаеш какви манијаци има што се занимаваат со туѓи животи а форумов е место за забава не е којзнае што па турлитава ке се направел ако некој си избрише свое мислење и плус тоа модераторите си бришат по своја воља што сакаат а тоа не ви смета ете толку не одговарам веке ме напнавте и минатиот пат за ова истово само предлог е внемора да вракате на се
Леле колку сте.. Анонимни сте тука, освен ако не пишувате многу информации за вас лично, па да ве познае некој. И дајте аман веќе, отупевте со правилата. Правила се правила и треба да се почитуваат. Мислите малку што ќе напишете нареден пат, да не ви биде после форумот крив ако имате проблеми со тоа.
Да де,ние сме тие лудите. Ја реков,не ми се ни објаснува понатака на некој шо не знае да збори со нормален тон кога има разминување на мислења. Така и ти сеа не искара дека сме.. ти си знаеш шо точно значи тоа ".." Кажи нешто против моето мислење а не против мене,па да ни велиш "Леле колку сте.. " ние само си се пожаливме а вие одма се опнавте и не правите .. Ок јасна е пораката,за форумот лош збор да нема ! Инаку си бележан како луд од некои персони
Ниту сум те навредила, ниту сум ти рекла луда, тоа е твој заклучок. Напнувате многу, правилата се поставени одамна, а сега само затоа што не ви се допаѓаат вам да се менуваат, тоа нема да се случи. И пишав погоре. Овде сте АНОНИМНИ, освен ако не кажуваш многу информации за тебе. Пример јас овде и името си го кажав и многу информации за мене, ризикував дека ќе ме познаат, а ме познаа некои, па не сум се побунила против правилата. На крај краева како што се гледа ти имаш околу 50 мислења, мислеш ти дека ќе те познаат според твоите мислења? elizabethsuon може да биде секоја 3та девојка во градот.
епа тебе ако не ти смета да те научат на некој му смета и плус ние не напнуваме туку вие цитирате и се карате демек да не било по наше туку по ваше. јас само оставив предлог на др тема и овде пак напишав зошто ме избрашаа без причина што има тука сега вие да се мешате за така да се обраќате? ништо, не е ваша работа и не се секирајте толку дали некоја девојка ке си го избрише профилот пак ќе кажам дека не знаете какви проблеми може да и направи и не се расправам, сега така ќе го сфатиш па не е баш така секогаш.
Цртанфилм пиши порака до модераторот кој е задолжен за категоријата каде што ти е избришано мислењето. Ниту едно мислење не се брише без причина, тоа секому треба да биде јасно, а верувам модераторот има соодветно образложение.
Во однос на правилата, ако добро ме служи памтењето при зачленувањето на форумот има и прашање “Дали се согласувате со правилата“? , па чита некој правила или само се клика “да“... Во правилникот на секој форум многу убаво пишува што може , а што не, треба човек денес да слушнал за форуми , па да не знае основни правила како “не е дозволена промена на името“, “нема бришење на профил“ и сл.
Не е поентата дали некој ке те познае или не,и не се бунам шо има правила,не викам ја да нема правила, и не знам колку од нас искрено ќе си признаат дека тоа Ги прифаќам овие правила,било за маил било за некоја програма,не ги читат од-до. Значи вие одите во сосема друга насока и од една жалба за правилата дека ви се да не кажам строги како пирани сите ми се нафрливте. И шо е најлошо од ваша страна не сте обективни. Крај со коментари за оваа тема од мене.
^Обрати се по ЛП до модераторот на категоријата каде што сметаш дека ти е избришано мислење и ќе добиеш одговор.
Не знам што е ама еве денеска пак напишав мислење во Општи прашања, за логирање на Вип страната, и ми ги нема ни ова ни првото. Првото беше пред некоја недела, баш сега го барав и го немаше. Да биле префрлени би пишувало во која тема се моментално ако не се лажам, но ги нема никаде. Ако се, треба некако да ми биде дадено до знаење. Што е работава?
Лена избришано ти е прашањето. И јас имам пишувано во Општи прашања и со брзина на светлината ги снема. А, некои прашања за кои има тема, стојат таму. Фер ли е?
Во темата, спомнато е во воведот од истата, доколку за прашањата поставени во темата, има за истите соодветна тема на друго место, тие прашања ќе бидат избришани.Зошто ако е приметено дека за некои прашања имало тема, истите не биле пријавени? Доколку се забележи дека за некое прашање има тема, истото нека се пријави и ќе се среди.
Признавам дека е моја вина за едното прашање. Барав тема во погрешна категорија, а горе во пребарувај не ми текна да побарам. Патем да прашам, некој ги пријавува моите прашања поставени во темата Општи прашања па затоа се бришат?
И некој ќе ми каже каде ми отиде прашањето и зошто? Едит: И кажете ми дали има соодветна тема за прашањето, зашто веќе не знам каде да го поставам ..
^^ Истово и јас сакам да го знам. Зошто вечерва ми се избриша мислењето во општи прашања? Ако има веќе тема за прашањето кое сум го поставила ( а не видов никаде да има ), зошто не е префрлено таму? И еднаш ми се случи и одговор да ми избришете. Пак да прашам, зошто??