Коментарот во Македонски јавни фаци беше сосема беспотребно избришан и доволно јасно е дека не се однесуваше кон ромите туку циганка беше кажано во контекст на карактерна особина а вие продолжете да ги браните и заштитувате криминалците.
Спојлер: Општи правила.Број 12. 2. Општи правила за дискусија Користете кирилица. Придржувајте се кон правилата за пишување на мислење! Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта. Не толерираме агресивно однесување, препукување, омраза, провоцирање и ВИКАЊЕ. Можеби вие сметате дека вашиот стил на дискусија е возбудлив, но ако останатите сметаат дека е несоодветен – мислењата ќе ви бидат избришани. Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно. Бидете учтиви и помагајте им на новите членови да се снајдат, наместо да ги напаѓате. Секој започнува од некаде! Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави го ова мислење“ (малото розово копче со извичник, веднаш до копчето „Цитирај“). Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците. Истото важи и за неправилно отворените и дуплите теми. Едноставно пријавете и нашите модератори ќе проценат дали и какви мерки треба да се преземат. Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл. Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“! Не испраќајте смајлиња без текст. Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „Редактирај“. Ако во рамките на вашето мислење сакате да вметнете туѓ текст, посочете го и изворот. Ако цитирате мислење на друг корисник, пожелно е да го цитирате само делот кој го коментирате, а не целиот текст на мислењето. Забранети се четот, флудот и спамот. Чет – личен разговор меѓу два корисника, размена на реплики од типот „Како си денес?“, „Ајде да одиме на кафе“ и сл. За таа цел постојат „Лични пораки“ и посебен модул Чет. Флуд – потопување на форумот со бесмислени мислења или мислења што се повторуваат. Спам – оф-топици, рекламирање и сл. Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи. Забрането е публикувањето на порнографски слики и видеа. Забранети се мислења кои содржат лични податоци за други учесници во форумот, како и публикување на лична кореспонденција. Форумот не е место за спроведување на ваши истражувања или анкети. [/SPOILER Никој никого не штити
Ако има навреди на национална и верска база -да, па и билокаква навреда е против правилата. Може да ни помине и непрочитано, затоа - пријавете ако забележите
Јас. Ако беше онтопик немаше да ти ги избришам Муабетете за секс во тројка а не за тоа дали членот можел да издржи или не..и сите муабети што следеа после тоа
Премногу имам се издадено. Ме препознаа и сега ќе имам сериозни проблеми. Идентитетот што ми е разоткриен не ме плаши, ама се искомплицираа многу нешта, па затоа прашувам за бришење дали би можело да се изврши..
Три мислења се.. И не знам дали ќе ми ги бришат поради таа причина.. Ама сериозно имам проблем бидејќи имам споменато имиња и презимиња на луѓе кои поради моиве постови имаат проблеми и сега и јас имам..
@Fallen.Angel пиши на администратор. На @Femina . Можат да ти избришат мислења ако е сериозна работата, од мое искуство кажувам дека може.
@Fallen.Angel Пиши кај некој од модераторите, сигурна сум дека би ти излегле во пресрет. И јас го имав истиот проблем и ми беа избришани 2-3 мислења. Иако имаше уште неколку што ги пријавив, мислам дека невозможно е повеќе од 3 мислења да ти бидат избришани. Сепак, најдобро да објасниш сама што и како кај модераторите.
@Mihajlo @Femina Да ми објасни некој зошто сум банирана во последната тема во која дискутирав кога поставив прашање на кое наместо одговор добив бан?
Не мора да е она, кажано беше дека може да се коментираат инфлуенсери и слично (као она не е ама ајде), но тука се работи за луѓе кои не се јавни личности и на кои им е изнесена интима не по своја волја. И кога прашувам зошто, добивам бан.