Икс-мен заглави во фитнес темата. Таму барај го. Апел за Мистери да се врати. Му препукна и нему од толку жени на еден куп. Јипман се плетка наоколу, ама послабо. Најтвокер исто. Витомир дозна за парфемите и исчезна. И останатите не пишуваат многу постови. Да не бидам оффтопик , која е поентата да си го блокираш профилот, ако секој може да ти го разгледува?
Еве јас сакам да добијам одговор на прашањава кои ме мачат : * Доколку сама посакам да си го избришам профилот, што треба да направам ? Каде да се обратам ? * Дали мислењата после бришењето на профилот ќе останат видливи за другите корисници ? * Дали постои некаква можност ( веќе избришаниот профил ) да биде вратен ? Исто така по желба на корисникот. Бришење и блокирање исто ли е ? Баш ме интересира.
*Не можеш да го избришеш профилот, ниту пак да го деактивираш. Само престани да го користиш. *Бидејќи не може да се избрише профилот, нормално дека мислењата ќе останат видливи за другите членови и гости на форумот. *Бидејќи не се брише профилот, може повторно да се користи, со соодветното корисничко име и лозинка. Бришење и блокирање не е исто. Може да има конкретни профили кои се избришани од администраторите поради одредени причини, ама почесто се блокираат, односно банираат одредени членови кои ги нарушиле правилата на форумот. Тие се банираат трајно или на одредено време, зависно од причината.
Ти благодарам на одговорите. Само уште нешто. Еве ќе земам за пример една членка. На нејзиниот профил пишува - User is inactiverofile details changed Што значи тоа ? Дека самата посакала профилот да и биде блокиран или ја банирале ?
Мислам дека само си ги сменила податоците во профилот, па затоа пишува така. Поточно, мислам дека се работи за промена или бришење на e-mail адресата, ама не сум баш сигурна, нека ме поправи некој што знае. Значи, самата на некој начин си го деактивирала профилот.
Профилот не може да се избрише,но мислам дека може да се одјавиш,бидејки кога ке кликнаж на мојот профил најдоле пишува одјави се.