Спојлер: Дел од ПРАВИЛА НА ФОРУМОТ Не се примаат барања за бришење на теми или мислења. Сме добивале вакви пораки: „Избришете ја темата ***. Дознав сè што ме интересираше и веќе не ми треба“. Или: „Избришете ми ги сите мислења. Другарките научија дека сум на форумов“. Ваквото однесување не само што ја уништува смислата на постоењето на еден форум, туку е и нефер кон сите оние што се потрудиле да ви помогнат. Не споделувајте премногу интимни работи ако не можете сами да си ја зачувате приватноста! Модераторите имаат право да преземаат соодветни мерки за да санкционираат нечие однесување што пречи на дискусиите во темите или на друг начин влијае негативно на форумот, дури и притоа да не е прекршено ниту едно од горенаведените правила.