Немаме тема за моментално една од најпопуларните серии. https://www.imdb.com/title/tt8740790/ Станува збор за тоа кој подобро и побрзо ќе си ги омажи ќерките во Англија во 1813. Добро, малку саркастично ставено. Има излезено една сезона, серијата е од Нетфликс, Шонда е вклучена, што значи веднаш дека има фама околу серијата. Дали сте ја гледале? Какво е вашето мислење, за кастингот, за дејството, има и некои незгодни сцени...?
Многу ме потсетува на Госип Грл, ама во 18 век (кој и да беше). Три епизоди изгледав, не сум воодушевена. А и Дафни некако не ми го држи вниманието како главна "хероина". Малку утната е глумицата. Ќе дадам шанса на уште три епизоди, ако не оди - не оди. Ја претпоставувам приказната. Црниов дечко ќе се заљуби во неа, она не. Ќе се бори прво сам со себе за верувањето кон татко му. Ќе има малце драма. Држ не дај. Можеби и ќе замине, она ќе се омажи за друг, ама на крај ќе завршат заедно... може и грешам. Ама така ми мириса.
Јас ја почнав вечерва и изгледав 4 епизоди. И многу ми се допадна, баш Госип грл во 18 век. Ептен за мерак ми, лајт серија.
Епа грешиш Мене супер ми беше, баш онака лабавка и интересна. Малку ме изненади при крајот со сцените +18, ама рака на срце не беа лоши Ми фалеше Дафни да е малку по сензуална девојка, по мистериозна. Малце млитаво ми делуваше на периоди. Сѐ на сѐ, според мене вреди да се изгледа.
Воопшто не ми се допадна, ниту па експлицитните сцени ми беа воодушевувачки, со оглед на тоа дека се крена голема фама околу тој дел. Изгледав неколку епизоди но не ја продолжив. Иритирачки беше и делот со нараторот. Сум гледала и други ,,лесни" серии, за тепање време, но оваа ептен некако воошто немаше длабочина, ниту малку. И јас би се согласила дека главната актерка, воошто не одговара за улогата.
Јаа така малку повеќе заљубена сум во Сајмон Која бонбона. Ја изгледав инаку. Како ме опушти. Топ серија. Ќе има втора сезона нели?
Серија за мозокот да го пуштиш на пасење. Љубов на прв поглед - Сајмон. Очите не ми се тргаа од него. И да, ќе има втора сезона.
Ја изгледав за два дена, не е лоша, интересна е така да го пуштиш мозокот на пасење. Малку ми одеше тешко почетокот, две три епизоди, после е супер. Ми се допаѓа и изборот на глумци. Чиста 10ка за костимите, многу ми се допаднаја
Еееее, ја видовте темава конечно. Јас сум со поделени мислења. Војводата ми е крајно антипатичен уште од For the people, мислев тука ќе ми е поокеј, ама не.ми нема никаква харизма, а не си ни одговараа со Дафне, некако ми беа вештачки. Па и на крај што испадна која е авторката на колумната исто безвезе. Вусшност, мислам дека и не ми се допадна баш серијава, кога ќе ги сумирам работите. Спојлер Особено сцената кога го приклешти ми беше ужасна. Ама ете, ја протуркав уз јадење серијава.
Океј кога се дозна која е авторката бев мех. Скроз заборајв на то од шо се рљзочарав. Сакав подолго време да е тајна барем. Ама да бидам реална се шо памтам е колку Сајмон е секси. Површна сум. Ништо друго не е важно.
Имаше фалинки серијата, на крај ич не се изненадив од авторката, цело време во нејзе се сомневав, ама серијата е одлично освежување. Лајт серија за опуштање и плакнење на очи. На мене и Дафне шишката ми стана симпатична. Има некоја нежна убавина. Наспроти него, Ѕвер
Мене Ентони (братот на Дафне) ми беше некако посекси од Сајмон иако им е кукла (дури пресовршена убавина) А серијава за лабавење е скроз
За тепање време е одлична. Не ти замара мозок, супер сценографија, музиката беше одлична. Дејството е интересно и задржува внимание баш за да ја изгледаш целата серија во еден ден. Актерите одлични сите. Ја пуштиш серијата и пуштиш мозок на пасење.
Мене ми беше одлична, со душа ја чекав уште кога дознав дека се снимала. Сценографијата беше фантастична, музиката исто. Се гледа дека ептен внимавале на деталите иако има доста измени од книгите. Има осум книги така да, спремајте се за 8 сезони минимум пошто Шонда не верувам да испушти од рака ваква златна кокошка. Втората сезона кажаа дека ќе ја пуштат на пролет, па очекувам сезонава да се вртат околу Антони. И тој ми е интересен лик, но мислам дека никој не може да му парира во шармот на Сајмон. Прекрасен пар ми беа Дафне и Сајмон, совршени за улогите и двајцата. Дафне ја замислував баш ваква кога ја читав книгата, нежна, слатка, наивна. Спојлер А за незгодните сцени, па што знам и двајцата испаднаа исто такво. Ја лажеше Сајмон дека не може да има деца (тоа беше исто толку одвратно) и никој не ѝ објасни како всушност се прават деца. Тотално неупатена влезе во сексот, а он тоа си го искористи, му одеше во прилог за личните несигурности кои и самиот си ги имаше. Инаку ја опишуваат баш како Госип Грл со ликови во стилот на Џејн Остин. И мислам дека ова им ги урниса очекувањата на луѓево кога ги читале книгите. Па немале ништо од Џејн Остиновски стил, не знам што. Луѓе, ова си е класичен чик-лит, само спакуван како историска романса од таа доба. И како таква, мене ми беше супер. Серијата уште повеќе. Со душа ја чекам следната сезона.
Многу лоша серија. Сценографијата нема да ја коментирам, но глумата беше на многу ниско ниво. Хемија меѓу актерите никаква, дијалозите прости, генерички, лоши... Нараторот, иако знам што им беше целта, имав чувство како да ми преџвакува она што го гледам. Најголемите филмски режисери имаат кажано дека наратор користат само оние што не можат доволно да доловат со слики и дијалог, па јас се чувствував како да гледам Director's cut верзија со објаснување за што сакале да кажат во даден момент. Многу лошо. Баш имаше една сцена, каде што ни покажуваат како се случува две личности да ја зезнат другава личност со писмо дека мажот и ја остава... Сцената каде таа го отвора писмото е доволно да се сфати дека позади него стојат некои интриги, но, не, тие одма после даваат следна сцена каде што другиве личности се тие кои го пишуваат писмото и го испраќаат, згора на тоа ставиле уште наратор да ни објасни што всушност овие пишуваат. Се на се, многу лошо напишана серија, лоши сцени, лоши актери без хемија, преџвакување за гледачот... Од мене предлог за секој што сака овакви серии да ја гледа Downtown Abbey, која ги постави стандардите на овој жанр. Е добро, таму нема секс сцени, ама и овде тие сцени беа ужас, поготово ако се споредат со Outlander.