Мене баш ме опушти...ама го немаше оној фактор едвај да чекам што ќе се случи во наредната епизода,зашто нели не ја изгледав во еден ден. Ентериерот доловен,костимите преубави...на Сајмончо многу убаво му стојат црни панталони и бела кошула,така раскопчана... Одлично тело има човеков. За ладење и плакнење мозок супер е,нешто повеќе...
Многу ми се допадна серијата, за опуштање е супер, имаше многу кринџ сцени ама нема врска, омилена дефинитивно ми е Елоис, одвај чекам нова сезона Btw предложете некоја слична хахах
Downton Abbey никако да ја почнам ама мн ми ја фалеа. А Outlander и хемијата меѓу Џејми и Клер... Нема споредба со ништо на овој свет ❤️
Вреди ли да се изгледа? Не ме привлекува некако, ама читам позитивни критики. Како која друга серија е слична отприлика?
Јас ја доживеав малку и како пародија има смешни моменти, на пример кралицата е црнка што деф не е реално за ран 19 век ама Шонда нели.. и општо комични ситуации и фацијални експресии доста... Мислам дека е тип на серија што или ќе ти се допадне или нема, почни ја и ќе видиш
5 пати ја пуштив,и на гурање не ја догледав ни првата епизода. Не знам зошто ми е безвеза,дури одбивна. Читав супер критики и препораки,ама не,може ѕвздите ми се така настроени периодов. Емили во Париз ја избинџав буквално,а е од тој калибар,предвидлива и лесна. Ке пробам за некое време пак да ја пуштам.
Лелеее и мене колку ми бодеја во очите, да можев да и ги искубам Мене ми се допадна серија, баш е онака лајт серииче за опуштање и комична. Нема многу што за мислење Видовме дека кралицата беше црнкиња, што како за серијата снимана за конкретниот период од историја е едноставно невозможно и доаѓа ми нешто како промоција на black lives matter покретот. Всушност на борбата на расниот поредок, што не е лошо самото по себе. Ама многу заприметувам во новите серии, пропаганди разноразни, да ли се црнци, да ли на геј основата итн, толку ми е некако очигледно кога задкулисно сакаат успат и промоција на нешто да се направи. Не е нужно лошо, туку ми е некако очигледно и наметнато. Или сум јас едноставо мрчало Инаку," среќно " се заврши, некако заокружено, не е дека треба втора сезона, ама ако има ќе ја гледам, зошто да не.
@Sky-butterfly ехее има да се изнагледаме "си живееја среќно до крајот на животот" уште неколку пати, додека не се усреќат засекогаш сите Бриџертон браќа и сестри, плус уште некои од клучниве ликови од страна. Си имаат процедура тралалајкиве, немој да мислите дека сезоната е заокружена - имаат уште моми и ергени за давање. Шишките на Дафне ми вратија трауми од минатото - добри неколку години сама сечев шишки и кога ми беше ден за шишање кога ги утнував (најчесто ми беа утнати, да не се лажеме, врска немам од шишање) бев иста ваква. Може и затоа не ми беше одбивна актеркава, сочувствував со неа по линија на шишки - не е лесно да носиш ваква креација на чело.
Вистина била кралицата Шарлот црнкиња, но другите актери се ради тој момент што спомна. Толку не биле вклучени тогаш црнците во општеството.
На моменти ич не ми задржуваше внимание па мотав, ама генерално пастелните бои и сценографијата ми беа одлична ливада за пасење на мозок, а сцените со Сајмон не само што не ги премотував, туку и наназад ги враќав.
Downtown Abbey некако воопшто не ми е за споредба со серијава, таа е многу посериозна, оваа е онака, за лабавење. А со аутлендер па не се ни за во иста реченица, ауууу, никако. Само мене ли остана Сајмон да не ми е баш нешто шармантен? Нема изрази на лицето човекот, се истиот му е, тој еден. Спојлер А за тоа што не може да има деца малку беше дубиозно. И рече дека не може да има деца. Беше ли толку битно која е причината? Едноставно нема деца во неговиот живот и таа го прифати тоа.
Спојлер: Деца Да, му даде ветување на смртната постела на татко му, дека нема да ја продолжи лозата заради тоа што бил лош човек и лош татко. Ама ќе имаат де. Не го прифати туку така она, го напињаше, ќе се разделуваа, бла бла. Серијава е пубертетлиска напнатост. Ништо посебно. Само Сајмон е убав, другото... мех.
Спојлер Знам дека ќе имаат, ама некако не беше фер од нејзина страна толку што се налути. Океј, не дека не можеше физички да има дете, ама ако толку цврсто беше уверен дека нема да има деца, па, исто како физички да не може. Тоа е исто ко некој што не сака да има деца и му вршиш таков притисок. Некако така ми дојде. А да не зборам колку беше дивајчки кога го стегна и не му даваше да мрдне.
Спојлер: Спојлер Чак што више и го силуваше така речи првиот пат кога очекуваше да остане бремена. Се согласувам, истиот став го имаме. Го присили на брак, го знаеше од старт неговиот став, компромис мислев ќе биде.
Само тебе И јас не сакам совршено убави мажи, како без израз ми се, повеќе ми се допаѓа некој како Ryan Gosling пример и првиот впечаток за Сајмон ми беше таков, ама како поминуваа епизодите ми стануваше се попривлечен. Ептен привлечен
А за серијата, мене многу ми се допадна. Мака мачев со првата епизода, неколкупати ја пуштив ама никако не ми фаќаше око и не знам како, накрај успеав некако да ја догледам. Втората така така и натака веќе ми стана многу поинтересна. Серијата е од забавен карактер да, не е некоја длабока и тешка, ама имаше и некои многу убави дијалози. Хемија меѓу глумците дефинитивно имаше според мене. Дафне исто така ми се допадна во улогата. Не е прелепотица како Сајмон, ама е нежна и мила. За опуштање серијата е супер. Ја препорачувам.