Бриџертон (Bridgerton) [2020]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 7 февруари 2021.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    15.079
    Пол:
    Женски
    Се согласувам!!!
     
    На Victorian и Кена Рис им се допаѓа ова.
  2. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    5.196
    @Miss_S и јас! Катастрофална сезона, наредна не ни гледам. Едвај ги изгледав епизодиве.
     
    На awkey и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    10.306
    Се разочарав и јас од третава сезона. Првата ми беше најнај, и потоа надоле. Ама со третава стварно претераа со драми непотребни, и спојкиве меѓу паровите. :D Дури на моменти и смешно е. А баш ја чекав со нетрпение. Книгите ми беа предобри...
     
    На awkey, Кена Рис и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    15.079
    Пол:
    Женски
    Ни јас не ја гледам, поготово по спојлерон… тотално се искача од концепт и се уништуваат предобри книги.
     
    На Кена Рис му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.981
    Допаѓања:
    184.302
    Пол:
    Женски
    Трета сезона ми беше интересна првата половина. Втората беше како без врска и не фокусирана на главниот пар. Не мислам дека има врска дека Пен била ниска, а Колин висок. Нивното е од пријатели до љубовници. И толку многу можеше да се експлорира.

    Шо не ми се допадна е фактот шо втората половина од сезоната нема сила шо ќе ме убеди дека Колин ја сака Пенелопи. Толку одвратни работи кажа. Ќе се венчал со неа зошто биле интимни. И праша дали то било начин за да та го улови. Кога од кочијата до креветот - се беше негова иницијатива. Уште првата половина секси вегано беше един маж јас во та ера шо би го бркала и криво ми е дека покрај толкаво зелено знаме, Колин се деси. Оти никој како него отворено не си кажа: 1) шо нуди и 2) шо бара. Воедно да фин и целосно да пристапува со почит.
    Јас бев убедена дека нема да се венча иако беше ептен слатко, интровертно и малку неуродивергентно се околу неа. Не можев да ја замислам да има своја сезона и сакав нели да се заљуби и венча сега. Али оти знаев дека секое дете има своја книга/сезона мислев дека нема да биди сега. Нејсе, видов спојлери нормално. Од една страна жал ми е за Џон ако го умираат. Ептен се околу него шо имам да кажам е истото како и за Лорд Данбури. Ама која сум јас да кажвам кои се правилата за sapphic awakening? Go off Queen. Едино, со до сега воспоставениот лик и приказна, не ми е конзистентно. Ама ако е добро изведено јас нема да се жалам.
    Неговата приказна, за разлика од Франческа, ми прај смисла и не само то - ја чекав уште рано во сезона 1. Секогаш бил zesty king. На момент мислев дека пак нема да се обиди, како во претходните сезони. Конзистентно е со карактерот и воспоставената приказна. Можеби ми беше един интересен и омилен момент во втората половина од сезоната.
     
    На Victorian и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    9.042
    Пол:
    Женски
    Уште во прва сезона ми беше најсимпатичен. Па уште и книгата кога ја прочитав - Cinderella story, комплетно фаворит. Ок, на плажа ја читав за плус доживување.
    Во главно за вака "историски" дејства и приказни не е лошо да се држат до тоа како што е напишано. Има простор и нови серии за вклучување на сите заедници, на сите раси.

    Не дека Дафне и Сајмон немаа хемија, па и Ентони и Кејт, мене дури и повеќе ми се допаднаа тие, ама што би се рекло многу нафрлено делува посебно ради фактот што тешко возможно би било во Англија да се дозволи црна кралица или лорд или која и да е таму титула.

    Едит: само што читав дека и наредните сезони ќе се комбинирани, за повеќе браќа/сестри во едно.
     
    Последна измена: 18 јуни 2024
    На Victorian, Кена Рис и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    9.469
    Пол:
    Женски
    Двете сезони ги изгледав на едно седнување, според коментариве ич нема да трошам време за третата сезона. Не ми се свиѓа расизмот во серијава, пошто ваквите пренагласувања се пренапорни.
     
    На Fenix05, Selena01 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.663
    Допаѓања:
    61.883
    Пол:
    Женски
    Третава сезона ми беше ептен мех генерално, и многу кринџ. Првата дефинитивно ми е најомилена, не знам дали ќе има таква што ќе ја надмини. Не дека беше прелоша, ама би и дала оценка 4.5/10.
    Прво, ми немаше таква хемија меѓу Колин и Пенелопи за да ме воодушеви и да направи да осетам самата пеперутки. Што беше случај со претходните сезони, особено првата. Сега беше ко, Пенелопи го бакна Колин и тој оп магично сфати дека ја сака, па не можи да престани да мисли на неа. :D А претходно беше скроз clueless и секоја друга жена му фаќаше око пред неа. Тој што ја бендисуваше Пенелопи во првиот дел ми беше маалце подобар меч за неа од Колин, ама пак не толку бидејќи не верувам жена да е среќна ако мажот и постојано е некаде на пат и таа дома седи сама освен ако не го сака него туку парите и да си прави други работи, скроз нЕзАвИсНа.
    Франческа беше кјут, и си заслужи среќен крај, само таквите љубовни приказни не го тераат човек да гледа, па мислам дека е ок што вака ја споија. :D
    Друго, Елоиз е ужасна другарка. Цела сезона се дружеше со Кресида иако оваа и правеше препки на Пенелопи, како што и истури пијалок и и го скина фустанот. Смртно и се лутеше на Пенелопи дека била Уислдаун. Ја притискаше и условуваше да му кажи на Колин. Откако Елоиз почна да има дилеми околу Пенелопи почна и Кресида да ја игнорира со нејзините проблеми. Па и со Колин се караше. Многу нестабилна и незрела ми беше во сезонава, ме разочара.
    И секако не сум голем фан на фактот што Нетфликс секаде мора да прикажи секаква инклузивност, иако скрзо е нереално за тоа време, ама ајде фикција.
    Вајолет претпоставувам ќе заврши со братот на Денбури, кјут ми се. Само малку чудно бидејќи самата Денбури во младоста имаше афера со таткото на Вајолет (во сезоната за Кралицата Шарлота). :tmi:
    Ми се допадна многу само последната сцена, беше многу heartwarming и сепак крај краева Пенелопи си го доби она што го посакуваше - семејство со Колин и да не мора да се крие кога пишува.
    Следната сезона нема да излези пред 2026 ко што гледав, и таа ќе е за Елоиз? Тие што ги читаат книгите не се баш фанови на тоа спојување ама ќе видиме како ќе се покажи.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    9.042
    Пол:
    Женски
    Мислам имаше изјава дека околу две години се потребни за една сезона.

    Малку без ред си читам и моментално ја почнувам таа за Елоиз. Е сега во врска со 4та сезона. И јас мислам ќе е за Елоиз.На крај на трета сезона нели се споменува балот под маски за следна година, што би значело дека нема да е за брзо.
    Мое мислење е дека паралелно ќе биде сезоната за Елоиз и нејзините допишувања со Филип. Плус животот на Франческа и Џон како пар. Во книгата поминува време од заедничкиот живот пред смртта на Џон, па пак неколку години додека Франческа заврши со Мајкл/Микаела во случајов. Што би ја доведило да е во 5та или 6та сезона таа.
    За Бенедикт, следна година балот, па од балот уште 2 години додека се сретне со Софи повторно, што некако не ми е кандидат дека би бил за следна сезона да е за него. Плус некаде читав дека тоа што Елоиз покажува на крај од сезоната од кочијата 4 прсти, значи дека нејзината приказна е за сезона 4.
     
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.663
    Допаѓања:
    61.883
    Пол:
    Женски
  11. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    262
    Серијата за кралицата Шарлот ми беше доста интересна, можеби и поинтересна од Бриџертон. Приказната ми беше подлабока и повеќе ми го задржа вниманието. Исто така, направиле и добар избор на глумци, кои доста наликуваат на глумците кои ги глумат постарите верзии на ликовите.
     
    На Gosh и Fenix05 им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.422
    Пол:
    Женски
    Vredi da se glea serijava?
    Iam prva ep pusteno, ama mn parodicna mi licese. Sakam bas istoriska
     
  13. awkey

    awkey Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Не е историска, далеку од тоа, но е убава серија и интересна, држи внимание. Драма/романса, доколку се во твој жанр можеш да ја изгледаш.
     
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    9.042
    Пол:
    Женски
    Сепак Бенедикт е главен лик во 4та сезона


    Грешно предвидов :D
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    Кога е новата сезона?
     
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.663
    Допаѓања:
    61.883
    Пол:
    Женски
    29ти јануари почнува, но само 4 епизоди ќе излезат. Другите 4 на 26ти февруари.
     
    На bookslover и AlmaOculta им се допаѓа ова.
  17. Modernistka

    Modernistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2018
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Јас ги изгледав четирите епизоди кои излегоа и премногу ми го заддржаа вниманието во споредба со третата сезона.
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.176
    Допаѓања:
    145.146
    Синоќа почнав ама заспав :) денеска ќе догледам
     
  19. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    Јас се заљубив во Бенедикт:inlove:

    На моменти е ептен клише приказната. Пепелашка скроз. Но, ептен подобра од 3тата што беше. Интересна е приказната бидејќи се различни класи, но на моменти ептен тупеа со некои делови. Ептен ми се допаѓа како го претставуваат Бенедикт оваа сезона. И крајот беше ептен добар.
     
    На Victorian, LiliBoz, awkey и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.663
    Допаѓања:
    61.883
    Пол:
    Женски
    Оваа сезона се покажува поинтересна од претходната. Дефинитивно има хемија меѓу Бенедикт и Софи. Но уште не сфатив зошто таа не му кажа дека беше таа со маската? Ко... what are you hiding girl? Го сакаше, сама потоа сакаше да го најди, и кога налета на него не му кажува. :D Но реално да зборуваме, маж како Бенедикт во реален живот би ми бил црвено знаме. Бидејќи е промискуитентен најпрво, потоа не сфаќа скоро ништо сериозно. Во последната (четвртата досега) епизода кога го тресна она "You deserve more, do you wanna be my mistress?" Втф човеку. :D Франческа ми беше интересна ко се обидуваше да дознае што е оргазам, но само кажува колку се in the dark жените за сѐ поврзано со сексот. За Вајолет ми беше мило што конечно got laid, се гледаше колку многу сакаше. :D Претпоставка за другите четири епизоди: ќе бидат скарани Софи и Бенедикт, тој ќе трча по неа таа ќе го избегнува, ќе се мафтаат така некое време, па ќе ја дознае дека таа била маскираната по нејзиното старо семејство, ќе има некој speech колку си значат еден на друг и во последната епизода свадба и дете по можност. Ова така по клише ко што се случува секогаш, книгите не ги имам читано. :D
     
    На Victorian, LiliBoz, awkey и 3 други им се допаѓа ова.