Броење калории

Дискусија во 'Диети' започната од Ariel, 22 март 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    22.452
    Еден од начините за слабеење е преку броење калории. Малку е досадно, бидејќи треба да проверуваш секој продукт колку калории има, но со планирање од претходниот ден што ќе јадеш, може да се постигнат одлични резултати. Има еден сајт на кој ги има сите типови храна, а освен бројот на калории за секоја состојка има и состав - од колку шеќери, масти и белковини се состои. За мене ова беше многу корисно, бидејќи за некои од продуктите увидов дека имам сосема погрешни сознанија.

    Кога ќе ги внесеш сите продукти, ти излегува оценка во однос на хранливоста, па и тоа многу мотивира да јадеш здраво, а не само ниско калорично.
    Исто така сајтот многу ми помогна да се освестам колку јадам работи кои не ги н бројам, а всушност половина од калориите ми доаѓаат од таму - на пример една шака грицки, некое колаче и слично.
    Сега не запишувам се што јадам, но често го посетувам за да видам колку калории има некој продукт, и каков состав има, чисто информативно.

    Освен за слабеење, може да се искористи и за здебелување, или едноставно за избирање на поквалитетна храна.

    Линкот е: http://caloriecount.about.com/
     
    На Marija1517, simonastyles97, simpaticnaa и 10 други им се допаѓа ова.
  2. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    20
    хах штознам за мене многу напорно ми делува оваа работа со борење калории.Мислам дека би траело една недела и после кој и да е би се откажам хаха многу време бара.Најдобро да се пази што се јаде без разлика дали си на диета или не и нормално физичка активност и секогаш ќе има резултати
     
  3. EmCeee

    EmCeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Hmmmmmm ova ic ne e za mene ne mozam da se bavam so tie raboti kaj drzam dieta i samo vo kujna se vrtam cekam da jadam i da meram premeram i da si pram za jadenje pa da se preselam vo kujna :D i ic ne gi sakam dietite kaj sto ima ograniceno grama kolku da jadam pa nekolku gricki i takvi gluposti.Zatoa si drzam dieta kaj sto mozam da jadam neograiceno od toa sto mi e pisano za denot i denes mi e 11 den i zasega super i oslabena sum 4 kg a da bese takva dieta ni 2 dena ne ke izdrzev.pozzdravce
     
  4. Peace.Love.Happiness

    Peace.Love.Happiness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    27
    Јас бројам калории веќе 2 години и стварно е малце досадно, ама за успех треба да бидеш упорен и одговорен.... вежбам 5 до 6 пати неделно по еден саат и не внесувам повеќе од 1500 калории на ден...А после некое време на памет ќе ги научиш калориите на она што јадеш
     
    На soncicko и Maja06 им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    22.452
    Браво за упорноста.
    Јас не сум толку упорна. Лани бев неколку месеци, и имаше одлични резултати, супер изгледав, и ослабена и свежа бидејќи се трудев да јадам и здрави продукти, не само нискокалорични. И како што викаш ти, научив на памет што колку калории има, ама после баталив, и сега сум заборавила се', треба да почнам од ново.
     
  6. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    90
    Ммм Ариел одлично нешто, фала ти што сподели со нас. Почнувам уште вечерва :D
     
  7. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    619
    i de objasnete ni kako se brojat toa kaloriite da ocnem i nie,mene ne mi e jasno toa so broenjeto vrska si nemam de kazete kako...
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    22.452
    Во првиот мој пост има еден линк, таму се е објаснето, и има доста корисни работи, според мене.
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    22.452
    За разлика од лани кога редовно го користев сајотот за броење калории објавен во мојот прв пост на оваа тема, оваа година е многу подобрен. Има подобри анализи на хранливата вредност на храната што се внесува. Дава информација колку е внесен секој од најважните витамини, минерали и слично, шеќери, масти, белковини... и вкупно, и поодделно за секој оброк, или секој дел од оброкот.

    Значи не само што те тера да внимаваш на калориите, туку и да внимаваш што внесуваш.

    Деновиве пак се навлеков на сајтот, и се надевам дека ќе ме држи :)
     
  10. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    386

    Браво за упорноста,ќе се обидам и јас .
     
  11. Bise

    Bise Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    зошто досадно, баш не е досадно и напорно како што кажувате. Јас одамна веќе бројам калории и водам дневник на исхран, т.е. запишувам што јадам. Шо знам, можеби мене ми е така заради тоа шо јас сакам се да ми биде организирано и под контрола, па убаво се чуствувам додека внесувам во дневник. Па само да ми го видите како ми е среден, со боички, нагласени се главните работи...:)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.654
    Јас со броење калории за 4 дена ослабев 3 кг...Дури и не ми се веруваше :)
     
  13. strange-woman

    strange-woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    6
    А колку калории внесуваше на ден?
     
    На danata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.654
    Најмногу до 1400 калории.
    Ако не знаеш што колку калории има, погледни на позадината на секое јадење и пишува на 100 грама колку калории има.
    Јас ослабев со муслите на Виталиа и со јогурт, со тоа што насабајле јадев само мусли, за ручек ги јадев со јогурт измешани (или со млеко со ниска малсеност) а навечер јадев јаболко или ако ми се многу јадеше пак со муслите се задоволував...
    Кафе си пиев редовно бидејќи не можам без кафе,цигарчињата ги намалив, благо никако, банани во никој случај зш имаат многу калории. Тоа е тоа...Гуд лак
     
  15. Rodneto

    Rodneto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, јас сум нова на форумов :) Ја најдов темата додека пребарував на интернет и не можев да одолеам а да не се зачленам :D Веќе некое време го практикувам броењето на калории и супер ми оди, има резултати. Но, понекогаш ме нервира целото пресметување, собирање, одземање...Па и запишувањето во дневник понекогаш заборавам да внесам се што сум јадела, не за друго, туку поради премногу обврски немам време да запишам...Па да ве прашам, дали некоја од вас знае некој полесен начин на броење? Пример некоја веб страница каде автоматски може да ти пресмета калории? Чекам одговори, однапред фала :)
     
  16. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    29
    и јас ја користам странава , задоволна сум
     
  17. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    196
    Бројам калории и водам дневник на исхрана, калориите ги гледам баш од таа страна. Не сум се мерела, не можам да најдам вага, ама некако поздраво и полесно се чувствувам.
    А инаку како што кажа погоре една девојка и вежбањето е доста битно, јас не вежбам, ама мислам дека ако почнам многу побрзо и полесно ќе ослабам.
     
  18. Bise

    Bise Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
  19. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    386
    Ariel фалаааа ти најмногууу за линков :* ....се надевам дека ќе успеам :$
     
  20. Sonce-soncence

    Sonce-soncence Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Значи бев дебелка, имав некаде околу 65-66 кг а сега имам 46. Се придржував баш до ова броење на калории и гледав дневно да не бидам над 1200 калории. Значи еве веке 9 месеци си ја имам килажата од 46кг и супер ми е :D