Сум пробала секакви диети- неуспешно. Сфатив дека ако сакам да сум физички активна не можам да живеам со протеини и малку ј.х. Не можам без леб . Сакам да прашам КОЛКУ Е ВОЗМОЖНО АКО ВЕЖБАМ АЕРОБИК СЕКОЈ ДЕН И ЈАДАМ КАЛОРИЧНА ХРАНА БЕЗ ДА НАДМИНАМ 1200 КАЛОРИИ? ( значи броење калории, без здрава исхрана)
Јас го правев ова околу две недели пред некое време, дури си имам и тетратка кој продукт колку калории има и комбинации за појадок/ручек/вечера. Си пресметав на фемина колку калории треба да примам за да слабеам од 1-2 кг неделно и за две недели изгубив 2 кг, а јадев буквално се, само помалку количински. Сепак треба нерви и време за ова, ама паралелно со физичка активност помага.
150-200 калории ама зависи и како е печен т.е. колку масло и сол содржи. Инаку јас штотуку изедов 408,9 калории Којзнае од кога не сум броела калории. Порано секоја порција ми беше од едноврсна храна и тоа 100 грамска, мерена на вага и си запишував колку сум внела. До 1500 максимум одев, а ако не ги исполнев беше премија. Ако на храната не можам точно да и ја пресметам калориската вледност тогаш, не ја јадев Еее луди млади години Сега почна да ме нервира кога за ручек следува вкусна лазања и некоја пуфла со чечкалици под маса ќе ми се избаци со коментарот "Ауу јас ова не јадам, многу е калорично". Колку е калорично ? Одма ќе се здебелиме ? Ајдеее брзо прецизно да се пресметаат калориите во корите, месото, кечапот, кашкавалот...брзо брзо! ПАНИКИ! Да ти се одмили и јадење и се... Шала на страна, броењево на калории не е лошо да си го практикува некој за себе ама не е ни пресудно зошто 100 калории од јаболки и 100 калории од свинско не се исто. Башка ако броите калории не ги напнувајте луѓето околу себе поготово за време на јадење со тоа, зошто на некој стварно не му е до математики. Броење у себе :geek:
http://www.myfitnesspal.com Многу е добра страницава. Се прави акаунт, се внесува моментална тежина и колку сакаш да постигнеш и самото ти пресметува колку калории треба да внесеш. После тоа секој ден си внесуваш што си јадел и самото ти пресметува. Супер е !
Не е конкретно за јадење, ама мислам дека немаме таква тема, ме интересира колку калории се трошат со еден час одење зошто сакам да знам колку калории трошам додека пешачам.
Околу 115 калории за еден час одење..е сега тука знаеш како има варијации, зависи од темпо на одење, поминати метри-километри итн. Одење - 3 km/h: 176 Одење - 5 km/h: 246 Одење - 6 km/h: 281
^ Секоја физичка активност зависи и од тежината на човекот, нормално, тие со повеќе кг трошат повеќе отколку послабите. Инаку да, точно - зависи и од темпото, па и од патеката - рамна, угорнина, итн.
Има некоја табела да си пресметав отприлика, јас се што најдов беше со lbs и не можам да се снајдам, ми треба некоја со килограми. Едит: најдов еден, и ми излезе за 260 минути според тежината дека имам потрошено 1170.3120000000001 калории, па ако е така супер.
Ти треба табела за пресметување на потрошувачка на калории според килограми и активност ако добро сфатив? Инаку јас си ги пресметувам моите lbs на google (на пр. 56kg in lbs (ентер )- резултат 56=123,459).
Табела немам ама за пресметување на lbs само оди на google, пиши си ги твоите килограми xxkg in lbs и google oдма ќе ти покаже во калкулаторчето негово. 1lbs = 0.453592kg = 453.592 gr
броењето калории според мене е како да си ги бројам залчињата - напорна работа. Едноставно не го правам тоа.