Јас немам нерви да го правам тоа, ама не ми пречат луѓето што го прават... Освен една другарка. Таа не броеше калории пред да јаде, туку откако ќе се најадеше. Немаше ни 50 кг, а јадеше како гром, за пола минута е готова. Јас ни до пола на моето, а таа веќе го изела нејзиното. И почнеше: А колку калории има ова? Многу се? Лелееее, па многу е ова... Сега имам грижа на совеста. И јас прво почнав да не го дојадувам моето,(да го фрлам) па да јадам се побрзо и побрзо. И сега пред некое време сфатив дека навистна јадам пребрзо, почнав да му оддавам внимание на секое залче, жвакам полека, и искрено, самата си приметувам дека јадам малку помалце, ама и многу повеќе ме држи сита. Забегав од темата ама ајт... Заклучок: Немам ништо против броење на калории се додека не ме засега мене.
Колку калории има едно парче пржен стек? Не многу големо.. А бтв и макарони? Онака информатвино, не јадев
^ Ако макароните се само варени, тогаш 141, доколку ги печеш, пржиш или нешто слично, до 380 калории.
се можете да си најдете тука http://www.fatsecret.com/ можете да си ја симнете апп на телефон мн е попрактично!!!
100 грамско чоколадо има околу 500-550 калории. Подели го тоа со бројот на коцки во чоколадото и че добиеш најточен резултат.
Девојки ова ми е 3 скоро 4 ден откако бројам калории.(внесувам макс.700-800калории и заклучив дека најголем дел од нив се од лебот...по 4 парчина црн леб и една туна-во 2 оброци еве денес со мало пешачење) Искрено да ви кажам сите коментари од почеток ги прочитав со внимание и умов шашма ми стана (( цел живот се мачам како ЈАДНА ДУША се и сешто имам пробано и реков ај уште ова со броењево. Ама гледам има контра размислувања и не знам на кого да му верувам! хелп ме
Нели е премалку 700 калории дневно,со 4 парчиња леб и една туна поделена на 2 оброци. Земи јади почесто,но помали оброци,пиј многу вода и обавезно салати.
даа заборавив пијам мн зелен чај и мн вода...ама сега се мислам дали да продолжам со броењето или да имам обилен појадок(висококалоричен) и ручек, без вечера или??? Навистина повеќе не знам што да права со себе си, како во паника сум!
Почнав да бројам пред неколку денови калории на fitness pal,добра е апликацијата само дали некој знае колку точно е 1 cup?Одприлика колку една чаша за кафе околу 100 грама или?Некаде прочитав дека за вода 1 cup е 250 мл ама не верувам дека е толку многу...
Прво замени ги простите ј.х. со сложени(овесни снегулки,јачмен,скробни-како грав,леќа,грашок,ориз). И премалку ти се дневните калории(ако точно си ги прерачунала)-вака само ќе го намалиш метаболизмот. Не оди испод 300-500 калории од дневната потрошувачка на калории(побарај си на интернет ,се пресметува според моментална тешина, висина,возраст и дневна активност). Ако одиш на редуцирана диета ти препорачувам секој 3 или 4 ден да имаш cheat day, циклирање со калориите, да го збуниш метаболизмот за да не се намалиhttp://www.answerfitness.com/316/zig-zag-dieting-fitness-nerd/.