Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Броење калории

Дискусија во 'Диети' започната од Ariel, 22 март 2010.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Знаев знаев дека Бејк Ролсот е калориска бомба (ај бомба може не ама петарда) .

    Уште кога видов дека нема калориска таблица на него, ми текна и зошто не ја ставаат. Сите за летуваме колку е Бејкролсот добар за диета, а едно ќесенце од 70г е околу 400 калории. Е ако ве најадува тоа ок, ама јас треба две да изедам за да се заситам

    Значи БЕЈК РОЛС од утре НЕ.
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Јас денес чисто од забава си направив акаунт на www.myfitnesspal.com. Знаев дека јадам малку кога сум сама, дека се понашам ко зајак ама ме интересираше баш колку е тоа малку... И луѓе... јадењето за цел ден имаше енергетска вредност од само 910 калории (преку сила, си додавав по малце), а нели минимумот е 1200... И ме испокара малку тоа чудото... и така...
    Ама што да правам кога не чувствувам глад, не можам со сила да јадам... Сега дури почнувам некоја глад да чувствувам... ама и така ќе си легнам кај и да е, не ми се исплати во ова време да јадам...
     
  3. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Јас веќе еден месец се обидувам да сум на "диета" така што правам комбинација од Ун Диетата и плус бројам калории.
    Дневно обично внесувам 1000-1200 калории максимум.
    И многу ми помага кога ги бројам калориите, иначе не сте свесни што се јадете и колку калории има.
    Најмногу проблем ми е благото. Обично кога имам кризи за благо си правам домашно какао , без млеко со засладувач или малку шекер.

    Иначе јас ја користам странава http://fitday.com/ и многу сум задоволна.
    Се уште се немам мерено бидејќи немам вага моментално , ама се надевам следната недела. :)
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Кала, пробај да внесуваш од 1200-1400 на пример, затоа што самото тело за правилно да функционира троши 1200 калории, тој минимум мора да му го дадеш... плус со секое движење трошиш калории. Ако сакаш да слабееш најпрепорачливо е дневно да ти остануваат 1200 чисти калории, а тоа значи калориите што си ги внела минус калориите што си ги потрошила (во одење, трчање, вежбање), да ти бидат 1200. Во спротивно ќе си го забавиш метаболизмот, и ништо не правиш...
     
    На KalaV му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Проблемот е што во последно воопшто не се движам , значи воопшто и затоа помалце калории внесувам , а и не сум гладна бидејќи доволно јадам само јадам некалорична и здрава храна.
    Ама во иднина планирам да почнам да вежбам , така да тогаш ќе прекинам да се држам строго до границата и ќе си јадам нормално , но спoред Ун диетата ;)
    Сепак фала на советот. :)
     
  6. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    бројам да денес ми е 4 ден, држам диета и не јадам повеќе од 800 калории дневно
    иначе имам акаунт на калорикаунт.цом :) (ме разбравте ај ;) )
    од денес уствари ја почнав ун диета и сега за сега имам внесено 247 калории, неверувам дека до вечер ќе внесам повеќе од 100 но ќе видиме

    ии да зошто на сите производи пишува kcal, а на ова бројачиве на страните cal тоа исто е??
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Леле бе луѓе, а јас се загрижив за моите 900.. ами што ќе направиш со 350 калории? Не си играј со здравјето...
    Исто е, всушност тоа што ние го викаме калории се килокалории, од таму иде тоа k на производите...
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    досега ништо не ми е па натаму ќе видиме :tmi: :D
     
  9. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    и пак јас овојпат да прашам нешто онака :)
    Калориите можат ли да се претворат во килограми??
    И ако можат колку калории е 1кг??
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Не може!!! Калории - енергија, килограми - маса... Две различни мерки.. Тоа ти е како да бараш колку килограми се еден километар на час...
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    ^еден организам трупа маса - боди фат, за да обезбеди енергија,топлина za во кризни периоди, со тоа што има разлика во тоа што и колку внесуваш... масти, протеини, јаглехидрати ... оти, телото не се состои само од сало..
    (кcal) kilo-калоријата е мерка за хранлива вредност на она што го внесуваш во телото.
    ....човечкото салце содржи 87% липиди така што 1 кг. сало има приближно 870 грама чиста маС :D = 7800 kcal
    Значи, просто пресметано би значело дека ти треба да внесуваш - 500 кcal на дневна база oд вкупно колку му се потребни на твоето тело за нормално фукционирање во продолжение на 14-15 дена за да снема 1 кг чварки. :D Веројатно во тоа време ќе см’кнеш и повеќе од килце, оти барабар со чварките и течности губиш.. и не знам, нек се јави некој експерт, јас поима немам.
    Обично се вели дека кога сакаш да ослабеш треба да внесуваш околу 300 кcal помалку од да речеме 1200 kcal дневно. Е сега, докторите би не искарале - тоа не добро! јок така. :D :P
    А и у право се :) оти има разлика во тоа да дневно внесуваш 1 бургер, кој што знам колку содржи калории да речеме од 500-800 ... а нема ништо хранливо у него и да внесеш зеленчук, овошје итн. итн а да надминеш дури и тие 800 калории.
    Шо знам ја. :angel:

    нешто по нетот
    http://www.unitjuggler.com/convert-ener ... kgSKE.html :^) :D

    1 kcal = 0.00014285714285714 kg
    1 kg = 7000 kcal
     
  12. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    ете имало логика во моето прашање :D
    фала за одговорот, сега сваќам колку е всушност тешко да се ослабее :worried:
    НО НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Ако неможе калориите да се претворат во маса, тогаш што од јадењето се претвара во маса ? :?: И ако калориите не се претвараат во маса, тогаш зошто кога сакаме да симнеме килограми, возиме пример точак или правиме некоја друга активност и гледаме притоа колку калории сме потрошиле ?!

    Мое мислење е дека калориите се дирекно поврзани со качувањето маса. Точната дефиниција за калориите е дека за да се загрее 1ml вода за 1 степен Целзиусов е потребна една калорија. Затоа кога вршиме некоја активност телото се загрева и ние се потиме, затоа што трошиме калории, и кога трпкаме, дишеме, јадеме. Од каде се добиваат калориите ? Се добиваат од храната ! Од каде се накачува маса ? Од храната, најчесто од мрсната храна и од скробните растенија и производите произведени од нив. Храната е составена од 3 компоненти: јаглехидрати, масти и протеини. Еден грам јаглехидрати содржи 4,... калории , еден грам масти содржи 9,... калории и еден градм протеини содржи 4,... калории. Се претходно кажано кога ќе сумираме доаѓаме до заклучок дека калориите се претвараат во енергија која ја трошиме, меѓутоа, се што нема да потрошиме се складира во телото како залихи, т.е масти. Во случај кога сакаме да слабееме, ние го намалуваме дневниот внес на калории, пример внесуваме 1200 калории дневно, а на нашето тело ми е потребно пример 1700 калории дневно за обавување на сите телесни функции, па така овие 500 калории што не ги внесуваме се земаат од залихите во телото и така ја намалуваме масата. Конкретен одговор на прашањето колку калории се 1кг немам, но ако сакаш да намалиш 1кг, тогаш ќе го намалиш за 500 дневниот внес на калории под границата која би ти ја одржувала масата во стагнирачка форма и така ќе почне постепено да се намалува твојата килажа. :)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    грлс, веќе ми е срам да прашувам :tmi: , знам ви здосадив :worried: , но почетник сум :P
    Колку калории има овој ѓеврек на сликата - долгнавестиот, не оној што е во кружна(елипсовидна) форма??
    Прочитав погоре за варен ѓеврек ама дека не јадев досега ѓеврек незнам дали овој е таков-варен или поинаков е :?: :?: мислам дека варениот беше тврд а овој е мек :?:
    планирам да го јадам 1/2 или 1/3 но тоа отпосле ќе си пресметам.. :wasntme:
    Значи колку калории има долгнавестиот ѓеврек на сликата??
    [​IMG]
     
  15. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    Сојата онаа што е парчиња колку има калории
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Доматното пире во тегла колку калории има? :?:
     
  17. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Некои видови на овошје и зеленчук нели по правило треба да имаат малку калории?Сепак колку калории има компирот и печурките?Ако изедеш цела чинија помфрит без леп дали тоа дебелее или можеш слободно да си јадеш оти нели е зеленчук?И бејк ролс колку може да се јадат дур си на диета,оние округлести грицки?
     
  18. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    ФЕМИНКИ ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ, мнооогу сакам да јдам благо ммм неможам да одолеам особено сладоледи СНИКЕРС :lol: ве молам кажете ми како да го заменам калорицното благо за некалорочно но барем да има убав вкус :^)
     
  19. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Имаш на виталија во поголемиве маркети има голем избор на производи на виталиа конкретно витановата ама имаш и многу други има во веро баш ги гледав пред некој ден. :)
     
  20. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Значи има голема разлика од јадење на компир пржен и варен.Пржениот не е здрав безразлика дали е зеленчук или не бидејќи го пржиш во зејтин а зејтинот и не е многу здрав.Исто е и со печурките здрави се ама не пржени во тон зејтин можеш на скра да ди испечеш без грам зејтин.А бејк ролс избегнувај бидејќи си на диета и ова ти само непотребно внесување на калории а при тоа нема ни некој хранливи вредности.И да незначи дека ако е зеленчук дека е здраво ако притоа е подготвено на нездрав начин. Поздрав :D
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.