Не сфанав тамо што треба да впишам кај step 2 Cautious (15%) Text Book (20%) Aggressive (25%) што значат овие ми испадна 1643 калории ама не е тоа за слабеење изгледа...
1-то значи дека ќе ги намалиш калориите од дневните потреби за 15 % и ќе губиш од 0.3-0.5 кг неделно. 2-то значи дека ќе губиш од 0.5-.7 кг неделно 3-то значи дека ќе губиш до 1 кг неделно
Здраво Сакам да прашам, колку калории има во 200гр динстани шампињони? И за крушата со големи разлики ги пишува калориите по нет страниците, па така и за неа ми треба информација, колку калории има?
Епа не можеш конкретно да знаеш колку има некоја храна затоа што има голема разлика но треба да најдеш средна вредност. За шампињоните се зависи што ставаш и колку масло ставаш. Шампињоните немаат многу калории 16 калории на 100 грама.
Луѓе дали знае некој 100гр пуканки направени без зејтин и сол колку калории имаат точно? на нет ми дава секаде различно
Зависи што сакаш да постигнеш,ако сакаш да постигнеш убаво тело и да си флексибилен,тоа е единствен начин
Мене баш денес ми пукна главата и внесов се надевам нешто помалку од 2000 калории и тоа вечерта експлодирав и изедов цело чоколадо.. да сега убијте ме тоа и сакам ууууууууф
Де бре импулсивна си смири се. Складирање на мастите е подолг процес и не се дешава веднаш. Во твојот случај си додала 600 калории плус. Дел од тие ќе се складираат како гликоген,другото се зависи што си јадела и дали си била активна. Така да не паничи,полека Рим не се изградил од еден ден. Затоа се пишува се и сешто што јадеш . Направи пауза од режимот. Земи 2 недели јади што сакаш. После пак врати се
Па сите тие 600 калории плус беа така кажани лоши т.е. чоколадо и интегрални колачиња со овесни снегулки ( но не се баш такви бидејки имаат многу шеќер и глутен во нив) седга од сабајле на гладно пешачев 11 километри некаде а после јадов 2 банани и 250 мл баланс јогурт... До после уште нешто ќе вежбам
Калории се калории. Нема тука дискутирање. Но сепак претеруваш 11 км пешачење. Намали на 7 км,затоа целовреме си гладна. Намали и на кардио на 3 пати неделно и пони да вежбаш. http://www.fitnessbaddies.com/why-lifting-weights-lets-you-eat-more-carbs-and-all-about-metabolism/
11 km пешачање не се многу. На мене релацијата дома-пракса-факутет-пракса-дома ми е 10 km... Плус уште нешто да решам да направам, и еве ти ги 11
Да ама тоа е со голема пауза. Сигурно јадеш помеѓу тој пат и се чувстуваш сита. Кога правиш 11 км констатно сигурно ќе бидеш премногу гладна. НЕ е се до кардио тренингот,тоа што ставаш во уста е многу поважно. Кардио тренингот те прави гладен.
Не, не пешачам јас секојдневно без престан 11 км туку ете ова утро бидејќи бев изреволтирана од синоќа кога изедов цело чоколадо а инаку да дека бев гладна после пешачењето и изедов 2 банани и 200 мл баланс јогурт... Не вежбав во последниов период но почнувам да бидам активна .. морам..
Ќе се обидам од понеделник да почнам со броење на калории но тоа воглавно да ми биде организирано во доручек,ручек и вечера . Ако некој има мени со калории да не речам дневник слободно нека го запише би ми било од корист. Во оваа тема сите пишуваат само колку кал внесле но никој не пишува што всушност јаделе и колку кал имало истото. StefChef очекувам твоја помош тука .
Јас водам "дневник" со калории т.е колку и што во текот на денот имам јадено и во просек ми е околу 1500 калории.