Имаш апликација FitnessPal- www.myfitnesspal.com и ја има исто така за мобилен андроид или ајфон. Во неа си внесуваш цели, податоци ти се дава колку калории треба да внесуваш дневно и после само ги внесуваш податоците за она што имаш јадено само потребно е да знаеш Англиски јазик бидејќи производите се на Англиски јазик.. Мислам дека е добра апликацијава иако јас лично не ја користев оваа туку Noom тоа е андроид апликација и ми помогна доста и доста едноставна за користење е
Користам исто како девојката myfitnesspal. Според мене најдобриот сервис,освен тоа што можеш да додадеш пријатели и да си делите искуства,ти дава посебен план за исхрана,можеш исто да го направиш и соодносот на макро нутриентите и ако некогаш имаш потреба од пријател додај ме. http://www.myfitnesspal.com//stefcho24
дали на пример ако внесуваш дневно 1200 калории а нели тие му се потребни на организмот за да функционира нормално и ако на пример ете потрошиш 600 калории тогаш си во калориски дефицит? мислам знаете што сакам да кажам... еве на пример јас се трудам да внесува мах 1500 калории на ден е сега треба да ги потрошам тие 300 или сите 1500 што сум ги внесла во денот?
Значи за нормално фукнционирање на организмот му се отпребни отприлика горе-долу 1200 кцал значи самите органи внатре во организмот ке потрошат 1200 калории дневно еве пример работата на срцето. А доколку внесуваш 1500 калории гледај да потрошиш после 300-400 калории за да дојде до слабеење
Морам да ви пишам за овој начин на губење килограми.Јас лично броејки калории колку дневно внесувам ослабнав 17 кг во рок од 7-8 месеци, морам да напоменам дека јадев се дури и мајонез .Само треба да се одреди колку дневно калории треба да се внесат , на пример на едно девојче нормално да фунционира и да слбаее и треба 1200-1500.
Тоа што си го правела се вика флексибилна исхрана,каде што генерално гледаме 80% од исхраната да биде здрава и другите 20% да има малку отстапка. Се дур трошиш повеќе отколку што внесуваш,телото мора таа енергија да ја надокнади од некаде. Ако ти се истрошени гликогенските резерви почнува да согорува масти. Генерално не треба да калорискиот дефицит да е поголем од 20-25%,зашто се предизвикува голем шок на метаболизмот и се забавува. Така да добра диета(план за исхрана ) е таа што дава доволно макро и микро нутриенти во денот. Не е диета нешто како Жан Митрев или УН диета,зашто е рестриктивна и не е издржлива. Не може ти пред тебе да имаш месо (риба) и да не јадеш само затоа што имаш скробен ден...
Да за броење калории ако си сериозен и сакаш да си јадеш храна што изгледа не достапна. Не можеш да избегаш од законите на термодинамиката,сакам да имам флексибилност во мојата исхрана и сакам да си јадам и понекогаш да внесувам забранети работи. Тоа со некоја диета не го можеш. Затоа флексибилната исхрана е добра,а не режими и диети...
Секогаш кога правиш било што после 2-3 месеци правиш одмор. Едно 2 недели јадеш што сакаш. Запомни дека е повеќе психички и ментално отколку што е вежбањето и исхраната.
Јас си ги бројам калориите веќе еден месец. Јадам што сакам, поголемиот дел е здрава храна и го намалив внесувањето шеќер. Јадам само кога сум гладна и тоа во одредена количина, без прејадување. Мене вака ми е по убаво и броењето не ми претставува никаков товар, не ме мрзи. А добрата страна на броењето калории според мене е тоа што знам точно што внесувам и колку внесувам и се држам под контрола јас ова го сметам за најдобар начин за постигнување резултат
И јас сум една од многуте што ќе каже ДА за броење калории и го сметам за најефикасен начин на слабеење. Ете и јас почнав со броење на калории од 15ти мај со помош на апликацијата Noom на мојот телефон во веќе накај 20ти јуни јас почнав да забушавам.. знаете имав желба за чоколадо, јадев многу многу благо и престанав со броењето отприлика во мозокот сметав по колку внесувам но знам дека беше отприлика 1800 калории некогаш малку повеќе тоа се должи на тоа што психата ми се поремети и како што кажа СтефШеф треба да се прави пауза од 2 недели за да се одмориме психички тоа го кажувам од искуство само што јас сум многу полоша еве цел јули го поминав излежувајки се и јадев повеќе од што треба секој ден надминував 1200 калории колку и да се трудев. Незнам што ми е ете едноставно неможам да бидам онаа пред 2 месеци кога дневно некогаш внесував и по 900 калории само. Секој ден си викам ајде од утре, ајде од утре. И да јас ослабев со овој режим 4-5 кг но пак накачив (ајде се молам да сум 55, а треба да сум 51-52кг) Само останѕва на мене некако да се туркам, да се мотивирам и да почнам од ново.. Се молам само на тоа........
900 калории не се доволно да внесеш сите потреби дневно. Под BMR не се иде и под 25% од дневните потреби. Едноставно се прегладуваш,го слабееш имунитетот и метаболизмот.