Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Броење калории

Дискусија во 'Диети' започната од Ariel, 22 март 2010.

  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    како стојат со калории соковите за растврање??Што всушнос содржат??
    :?: :?: за овие прашувам
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.JPG
      Capture.JPG
      Големина на фајлот:
      96,4 KB
      Прегледи:
      385
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Глукозен сируп (глукоза) тоа е моносахарид кој нашето тело го препознава како основен енергенс.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Отсекогаш сум ,,броела" калории и никогаш не ми било досадно. Како еден вид занимација, особено на час по математика :D Е сега, една глупа работа е што немам доверба во интернет податоците за калории, 6 различни страни, 6 различни податоци! А кухинска вага немам, ниту пак некој меџик часовник.... this life is not fair!!! :) Ама тоа е што е....
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    800 денари ти е една дигитална вага и долга инвестиција.
    Со тек на време ќе ти стане како добро утро и ќе можеш од око да знаеш колку грама има тоа.
    Се е до навика и до колку време го правиш.
    Се надевам дека ти помогнав и дека ќе влезеш подлабоко.
    Поздрав и успех.
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Фала на советот, сега и реков на мајка ми и ќе ја добијам за роденден! :) Поздрав!
     
  6. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Знае некој колку калории има во една црвена печена пиперка? За јадење имам пиперки полнети со ориз, дури и реков на мајка ми да не става сол и месо, и сега читам на интернет дека 100 грамa ориз има 360 калории :o Можно ли е за една пиперка да внесам 1000 калории? А лимитот ми е до 900 кцал! Катастрофа сум во ова броењето ;(
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Во тој случај ќе си измериш посебно пиперката и посебно оризот.
    Оризот варен има некаде на 200-250 грама тие калории.
    Пиперката нема некој големи калории и не би се грижел толку многу.
     
  8. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    ^Фала ти :) Тогаш ќе си дозволам и едно парче црн леб(70 кцал).
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    9.152
    Пол:
    Женски
    Tака е пиперката е богата со витамин ц и плус тоа не е калорична.
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Никогаш не сум разбирала зашто некој откако јаде или општо калориите ги брои, не бива ќе земе дигитронот и ќе ги одземе..Ако е за слабеење фати се за вежбање, а не за броење.
     
  11. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Грешиш ;) Најефикасден начин за слабеење е броењето на калории. Само што некои тоа го сметаа за напорна работа, но живееме во време каде што технологијата е на високо ниво па сега скоро секој човек има телефон со андроид систем а поретко иос. А во нивните виртуелни продавници имаш избор на милион гачети, апликации што го олеснуваат броењето на калориите. А секако што јадеш, тоа како што ти кажа дека неможе да се одземе, напротив со физичка активност тие калории се согоруваат т.е. одземаат.
     
  12. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Е баш и не си во право можеш да вежбаш колку сакаш но ако немаш контрола на тоа колку јадеш и колку калории внесуваш никогаш нема да можеш да ослабеш. ;)
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Можеш да трчаш и маратон ако сакаш,па пак да си дебел.
    Трчањето е контра продуктивно за слабеење.
    Се повеќе и повеќе се гледа полезното дејство на вежбањето интензивно,затоа што го забрзува метаболизмот после 36-48 часа.
    Поентата ми е калории внесени калории потрошени.
    Проста математика кој сака нека применува било каква исхрана или било каков режим тоа е тоа,нема излез од тоа :)
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    9.152
    Пол:
    Женски
    Aко сакате да ослабеете без последици по здравје јадете повеќе зеленчук и овошје,ете на пример пченката е многу здрава и има малку калории,пиперките исто :) .Tреба максимално да се искористи летото.
     
    На Angel4eeee и Katerinceee им се допаѓа ова.
  15. s.T.e.F.i

    s.T.e.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    2.852
    Пол:
    Женски
    Jас еве веќе некое време си ги бројам и како навика ми стана и стварно помага дека јас слабеам во моментов и многу ми е поефективно со ова. :)
     
  16. Maja06

    Maja06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Веќе 15 дена сум на свој режим со броење на калории!! Дневно внесувам 1200-1300 калории!!! Имам дневно по 5 оброци!! Значи денот ми започнува со непечен бадем па за доручек мусли со млеко и 1 лажица мед, па потоа јадам овошје и некоја гранола!! Ручам без леб со супа обавезно и со многу салата. За вечера или салата или ништо или некое варено јајце!! И секоја вечер (скоро секоја) со м.м. пешачиме по 7 км. И 1 неделно си земав ден слободен и се погоди да бидеме на роденден и си јадев се што сакам се разбира умерено. До сега имам изгубено 5 кг. се чувствувам одлично имам и сила и енергија!! Имам уште многу за губење уште 25 кг. ама ќе си продолжам вака супер ми е има резултати и се додека е убаво времето барем уште 1,5 месец ќе си пешачам а после здравје Боже ќе одам на фитнес малку на справи!! И навистина сум пресреќна :)
     
  17. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    да не знае некој колку калории содржи чинија макарони со пилешко и павлака? :$
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Однос на сирови макарони спрема варени е 2 или 3 спрема 1 зависи колку вода им ставаш.
    Односот на пилешко сирово спрема готвене е губиток од 30%.
     
  19. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    Prevod?
     
  20. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    ^^ Од многу работи зависи:
    1. Зависи дали се интегрални тестенините или не и колкава е грамажата, сепак од чинија до чинија има разлика.
    2. Зависи дали пилешкото е пржено или динствувано и секако количината.
    3. Зависи дали павлаката е полномасна или со по мал процент на масти и секако количината (1,2 или колку големи лажици имаш ставено)

    Не е многу лесен начинот на броење калории(но затоа е најдобар). Сепак треба повеќе прецизност и внимателност. Затоа за најдобри резултати инвестирајте во електрична кујнска вага.