Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Броење калории

Дискусија во 'Диети' започната од Ariel, 22 март 2010.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    ПА не сум гатач ако не знам колку грама има,ако не ми дадеш слика од кај да знам.
    Ти кажав како треба да се водиш,мери ја храната сурова пред да ја готвиш наједноставен начин за успех и прецизност во исхраната :)
     
  2. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Ајде едно прашање до StefChef....ме интересира колку калории дневно му се потребни на мојот организам. Еве накратко ќе ти го опишам мојот ден. Станувам негде околу 7 се спремам и одам на работа. Целиот ден го поминувам речиси во седење таква ми е работата. Се враќам негде околу 4 ипол 5 часот. Ручам. И нормално одмарам малку. Е сега бидејќи почнав со некој си комбиниран режим возам и по половина час до 40 мин на орбитрек. Практикувам да е барем 5 пати неделно. Моја проценка и како што читав е дека од 1200 до 1500 калории. Може грешам незнам затоа си прашувам.
     
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Твојата тежина х 20-25 калории.
     
  4. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Се обидувам да најдам табели со калории односно која храна колку калории содржи и најдов ама на сите варираат калориите негде на пример белата зелка негде е 25 негде 30 калории на 100 грама :) не е голема разлика ама сепак...имате ли некојастрана што најпрецизно ги дава калориите :) Ви благодарам однапред
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    http://nutritiondata.self.com/
     
  6. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15


    Фала :)
     
  7. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Пак прашање за StefChef...по твојот калкулатор мене ми требаа6 1600 калории. Кога би се водела според тоа калориски дефицит значи ја би требала 1100 и 1200 калории да внесувам дневно..Ајде би те замолила како ти би ги распоредил оброците во денот односно сакам да ми дадеш еден пример за комплет дневно мени за ден кога нема физичка активност и ден со физичка активност. Еден пример кога би се обратила кај тебе за помош...фала однапред
     
  8. MishellBN

    MishellBN Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    19
    ]Трчањето е контра продуктивно за слабеење.
    Се повеќе и повеќе се гледа полезното дејство на вежбањето интензивно,затоа што го забрзува [/b][/b]
    ]
    ме интересира како трчањето е контра продуктивно за слабеењето, и како вежбање интензивно без кардио е успешно?
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Трчањето го прави телото да биде по ефикасно за складирање масти.
    Е како тоа кога прави голем калориски дефицит нели,едно трчање од 30 минути согорува на мојата килажа 500 калории.
    Прво да кажам дека трчањето е здраво и полезно за срцето,ако го правиш за тие ефекти има многу истражувања што го потврдуваат тоа.
    Но тоа што прави трчањето е исто и контрапродуктивно кога топиме масти.
    Повеќе студии го објаснуваат тој ефект или што се случува во моментот кога ќе престанеш да вежбаш.
    Има нешто што се вика EPOC (excesive post oxygen consumption) и тоа кај интервалното вежбање трае 36-48 часа и само затоа што стоиш телото согорува повеќе калории.
    Плус се случуваат и други хормонални подигнувања како пример зголемување на хормонот за раст,кој е главен индикатор за топење маснотии.
    Тоа не го прави кардиото освен што како алатка го користам кај почетници,не кај напредни вежбачи.
    Поентата ми е да кажам дека телото се адаптира со кардио тренингот и станува контрапродуктивно особено ако вежбаш интензивно(дигање тежини) и трчаш.
    Контра продуктивно е затоа што стресот е преголем и се намалуваат перфомансите.
    Решението секогаш треба да биде паметно,ако сакаш да трчаш немам ништо против,но секогаш на прво место е калорискиот дефицит,а на второ место е типот на вежбањето и трето е спиењето и стресот.
    За да прочиташ што сакам да кажам тука.
    http://www.simplyshredded.com/cardio-fo ... ardio.html
    Ако сакаш да видиш резултати од само правење високо интензивно кардио,еве ти за 1 година прогрес.
    Последните 6 месеци правев Iнсанити и П90х2,заедно со ротација на јаглехидрати.
    [​IMG]
     
  10. MishellBN

    MishellBN Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    19
    Веке некои 5 месеци трчам по 5 км 5 пати неделно.... навистина сум задоволна од резултатите иако не го користам за слабеење затегањето е неверојатно... инаку веѓбање у теретана не ми се допаѓа не е за мене вака со трчањето се релаксирам а за калорискиот дефицит ми се допаѓа тоа што внесот со потрошеното е далеку помало.
     
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Јас не реков дека не е добро за слабеење.
    Ќе дојде период каде што ќе мора да му дадеш повеќе стрес на телото за да согори повеќе калории.
    Тоа се вика прогресивно оптеретување,телото ако целовреме му даваш 30 минути трчање тоа нема да топи веќе масти,зашто е научено на стресот и се адаптирало.
    Но по оптимално и по ефикасно е високо интервален тренинг.
    Како што пишав погоре,тоа е голем стрес и креира подобра инсулин сензитивност.
    Подобра инсулин сензитивност,повеќе храна може да се внесе и да не се здебелиш од јаглехидратите.
    Исто и стимулира протеинска синтеза и хормон за раст.
    Малите работи прават голема разлика во тренингот.
    А голема грешка си за вежбањето во теретана.
    2-те заедно се добра комбиниција.
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Не знам дали прашањево е соодветно за темава ,ама не знам кај да го поставам.
    Дали ајварот е калоричен и колку калории има во 100 г ?
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Од 80-150 калории зависи колку масло се става.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Веќе 8 дена како немам аптетит, и дневно внесувам само по 400 или 500 калории. Ич не ми се јаде бе :worried: :lol:
     
  15. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    ^
    Така бев и јас пред една недела неколку денови по ред внесував не повеќе од 600 калории и пред 2 дена избувнав и сега јадам се што стигнам.
    Не е убаво така. Ти си мислиш дека тоа е успех за тебе но, кога тогаш ќе претече чашата и ќе почнеш да јадеш неконтролирано. Немој така бидејќи спротивно само можеш да накачиш некое кило а не да намалиш. Затоа што кога телото внесува помалку од 1200 калории дневно неговиот метаболизам се забавува. Па така кога ќе почнеш да јадеш нормално а можеби и над нормалното ( доколку те фати таа криза) твоето тело нема да може да ги согорува тие дополнителни калории па така доваѓа до накачување на тежината.
    Пази што правиш а не дај боже ако продолжиш со ваквиот режим дефинитивно те следува анорексија.
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Нема ништо да направиш добро со гладување.
    На телото му требаат основни калории за преживување од 20-25 на секој кг.
    Ако ти не му дадеш доволно повеќе дена,ти го правиш телото добро за складирање масти,а ако внесуваш повеќе калории и си доволно активна да имаш калориски дефицит,тогаш можеш да бидеш доволно нахранета да вршиш најнормални активности во денот.
    Плус вежбањето го забрзува метаболизмот со тоа што го подигнува срцевиот пулс после 48 часа,преку нешто што се вика EPOC и е зголемена протеинската синтеза.
    Тоа се 50-150 калории од ништо што во рок од 48 часа телото мора да ги надокнади некаде,а тоа се мастите.
    Затоа наместо да гладуваш и да го правиш телото добро за складирање масти,земи биди активна и биди умерена со калорискиот дефицит.
    И имај оброци за мамење или ден за мамење.
     
  17. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Не гладувам, ама од многу нервози немам апетит, и така ми се навикна организмот. Една блиска другарка беше така 1 година цела и сега јаде ама неможе да се поправи од што многу ослабе. :|
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Чекај,малце,јас не те читав претходно многу,ти беше на диета или тукутака немаш апетит? Ослабе,или? Што јадеше/што не?
    Се зависи од пропорциите,неможе на секого 2000 кцал да му се доволни нели? Има на некој,ќе му бидат премногу,на друг премалце.
    Ама ако имаш видни промени,дали физички,ментални,или емоционални,обрати се на лекар,за твое добро,не орашувај по форуми. :)
    Зборувам од искуство,ако те интересира нешто повеќе,пиши ми.
     
  19. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Има периоди кога сум премногу нервозна, за се, и тгаш губам аптетит и слабеам по 5-6 кила, ама потоа повторно си ги враќам кога ќе почнам да јадам. Но овој пат за среќа добив голема мотивација што ослабев неочекувано, бидејки имав 6 кила вишок, и почнав и да вежбам, и да внимавам на искраната максимално.
     
  20. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    smokite i sojata kaloricni li se mnogu
    kolku kalorii se?? dali znaete