Знае ли некој колку калории има во еден отворен тост со помфрит кечап мајонез и по едно парче салама и кашкавал?
И ако некој знае колку калории има во 1 парче интегрален (црн) леб од овие насечени тенки парчиња што се?
Јас денес се распрашав и читав за калории во еден тост со помфрит, исто и за парче пица. И двете имаат околу 700 до 800 калории А во едно парче црн интегрален леб има 116 калории. Па еве ви предлог, јас денес внесов само 700 калории, и не бев гладна. Едно варено јајце има 70 калории а еден домат има само 17 калории. Па со тие состојки си направив два мали сендвичи со интегрален леб. и плус изедов едно DILIRIUM чоколадо. Калориите се 680 вкупно. А кога си дојдов од училиште вежбав 2пати кардио. Едните беа Cardio HipHop Abs total body burn 40 минути, а другите Cardio Axe Brazil Butt Lift 30 минути, 70минути кардио и плус онака некои вежби за задникот. Си мислам колку калории останаа во мене
Значи се вежба паметно,не премногу. Ако вежбаш премногу тоа е контрапродуктивно,телото секогаш ќе сака да одржува хомеостаза и ќе почне таа енергија што ја нема да ја топи од мускулите. 700 калории се премалку,ако вежбаш вака секој ден минимум ти се потребни 1800-2200 калории. Запомни дека вежбањето треба да ти биде задоволство а не обврска,затоа што ако ти е обврска ќе ти стане досадно и ќе отиде во опсесија со изгледот.
Задоволство ми е вежбањето и воопшто не ми е тешко. Се осеќам енергично, а и да сакам да внесувам повеќе калории неможам, не ми се јаде многу овој период за чудо, бидејки гооолем јадач сум. 70 минути премногу се?
Ти кажав 20-30% од калориските потреби се намалуваат. Стресот за почеток ти е преголем,не знам какво искуство имаш,но 50 и повеќе проценти од дневните потреби ќе те направи во црвена тревога.
Ниско калорични грицки не постојат.Грицките можеш да ги замениш со пуканки,ореви,бадеми,лешници ама да не претеруваш со нив.Во 30гр. бадеми има 170 калории,во 30гр ореви имаш 200 калории,во 30гр. пуканки има 115 калории.Но сите овие се поздрави од било какви други грицки.
Прашањето ти е врв дефинитивно Сите лижавчиња имаат различен број на калории зависи од состојките внатре. Побарај и на кутијата на продавачката на неа пишува + информација ... на гугл напишете видот на храна и додадете calories и ви излегуваат сите информации за истата средени табеларно
Најдов дека во 4 лижавчиња има 200 калории, што значи во едно ќе има 50. А некаде, пак, пишува дека имат само неколку калории околу 20-30.
Јас и онака си секогаш гледам колку калории има,и си имам ограничен број на внесување на калории дневно.Прбувам да се држам до бројката